Лакомец
Лакомец[1] | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Ѕверови |
Семејство: | Куни |
Род: | Gulo Палас, 1780 |
Вид: | G. gulo |
Научен назив | |
Gulo gulo (Лине, 1758) | |
Распостранетоста на лакомецот |
Лакомецот (науч. Gulo gulo) е осамен, лаком месојадец, кој лови ноќе.
Особености
[уреди | уреди извор]Живее во северните шуми низ светот. Лакомецот е долг 65-90 см, висок 36-45 см, тежи 9-30 кг; бушавата опашка му е долга 13-26 см. Неговото тело е силно и набиено, како тело на мечка, а прекриено е со долго, густо крзно. Лакомците се мошне агресивни и храбри борци. Благодарејќи на силните раце и нозе и широките стапала можат брзо да трчаат по снег. Освен тоа, можат да се качуваат по дрвја и извонредно пливаат. Можне се издржливи, и одеднаш можат да претрчаат 10-15 км, а дневно претрчуваат и по 50 км. Нивната исхрана е разновидна, се хранат со елени, зајаци, глодачи и птици, но и со јајца и бобинки, како и со мрша. Лакомците не спијат зимски сон, туку се активни преку целата година. Брлози прават меѓу корења, под карпи или ги копаат во снежни наноси. Женките котат млади дури еднаш во две години, а потоа 8-10 недели ги хранат со своето млеко и остро ги бранат.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Возенкрафт, В. К. (16 ноември 2005). Вилсон, Д. Е., и Ридер, Д. М. (уред.). Mammal Species of the World (Трето издание. изд.). Johns Hopkins University Press. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеiucn
.