Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Левата рака на господ

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Левата рака на господ“ (англиски: The left hand og God) — американски филм од 1955 година, во режија на Едвард Дмитрик (Edward Dmytryk) по сценариото на Алфред Хејс (Alfred Hayes), засновано врз истоимениот роман на Вилијам Едмунд Берет (William Edmund Barrett). Главните улоги ги толкуваат: Хемфри Богарт (Humphrey Bogart), Џин Тирни (Gene Tierney), Ли Ј. Коб (Lee J. Cobb), Агнес Мурхед (Agnes Moorehead), Е. Г. Маршал (E. G. Marshall) и Карл Бентон Рид (Carl Benton Reid).[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна, авионот со кој управува Џим Кармоди (го игра Богарт) се урива над Кина, а потоа тој ѝ се придружува на војската на суровиот генерал Јанг. Меѓутоа, откако ќе види како еден од војниците на генералот ладнокрвно убива свештеник, Кармоди одлучува да побегне по што го презема идентитетот на убиениот свештеник. Тој пристига во болницата во која се беше упатил свештеникот, а со која раководат американски мисионери. Таму, тој се вљубува во медицинската сестра Ан Скот (ја игра Тирни). По некое време, болницата е во опасност од војската на генералот Јанг, а Кармоди се обидува да ја спаси...