Личен сојуз
Личен сојуз означува комбинација во која две различни држави се управувани од истиот монарх, додека нивните граници, закони и интереси остануваат раздвоени.[1] Личниот сојуз не треба да се меша со федерацијата, која во меѓународното право настапува како единствена држава.
Личните сојузи може да настанат од различни причини, од принцеза која е омажена за крал на друга земја, па потоа го наследува престолот во својата земја, поради што нивното дете ги наследува обете круни, па сѐ до анектирање на едно кралство од друго, каде монархот се прогласува за крал на двете земји.
Бидејќи претседателите на републиките се бираат на избори од гласачите во своите земји, личниот сојуз е феномен кој се однесува само на монархиите. Со опаѓањето на бројот на монархиите во 20. век, личните сојузи стануваат сѐ поретки. Денес најзначаен пример на личен сојуз е Комонвелтот, кајшто британскиот монарх е истовремено и крал на повеќето членки на Комонвелтот, претставен во тие земји преку Генерален гувернер.[2][3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lalor, ed. Various authors. See Contents. Cyclopaedia of Political Science. New York: Maynard, Merrill, and Co., ed. John Joseph Lalor, 1899. [Online] available from http://www.econlib.org/LIBRARY/YPDBooks/Lalor/llCy821.html Архивирано на 6 февруари 2008 г.; accessed 21 June 2008
- ↑ P. E. Corbett (1940). „The Status of the British Commonwealth in International Law“. The University of Toronto Law Journal. 3 (2): 348–359. doi:10.2307/824318. Укажано повеќе од еден
|number=
и|issue=
(help)CS1-одржување: датум и година (link) - ↑ F. R. Scott (January 1944). „The End of Dominion Status“. The American Journal of International Law. 38 (1): 34–49. doi:10.2307/2192530.