Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Лукови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лукови
Allium oleraceum и Allium flavum
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiospermae
Нерангирано: Монокотиледони
Ред: Asparagales
Семејство: Alliaceae
Баш и Борк.
Родови

Во текстот.

Мечкин лук (Allium ursinum) на шумската почва.

Луковите (науч. Alliaceae) сочинуваат пофамилија од тревести многугодишни растенија. Тие се монокотиледонски и се дел од редот Asparagales. Ова потсемејство е нашироко признаено, но не и во светски рамки. Во минатото, одредени ботаничари ги сместувале Луковите во потсемејството на Лилјани (Liliaceae).

Потсемејството е тесноповрзано со две други фамилии во редот Шпаргловидни (Asparagales) — фамилијата на амарилисот (Amaryllidaceae) и фамилијата Agapanthaceae, со единствениот род Agapanthus.

Системот APG II од 2003 година ја признава ова потсемејство и го сместува во редот Asparagales од класата на монокотиледоните. APG II дава две можности за определување на ова потсемејство:

  • Aliaceae sensu lato („во поширока смисла“), при што се вклучуваат сите растенија распределени во фамилиите Agapanthaceae, Alliaceae и Amaryllidaceae од 1998 г. APG.
  • Alliaceae sensu stricto („во потесна смисла“), при што класификацијата останува непроменета од APG системот од 1998 г. и не ги вклучува растенијата од фамилиите Agapanthaceae и Amaryllidaceae.

Важно е да се напомене тоа што некои од растенијата кои во минатото биле вклучени во потсемејството на лукови растенија сега се сместени во фамилијата Themidaceae, како од APG, така и од APG II.

Најважниот род од ова потсемејство, лукот, вклучува неколку важни растенија кои се користат во исхраната, меѓу кои кромид (Allium cepa), лук (A. sativum), праз (A. porrum) и власец (A. schoenoprasum).

Класификација

[уреди | уреди извор]

Во минатото во ова потсемејство се класифицирани неколку родови, како Androstephium, Bessera, Bloomeria, Brodiaea, Dandya, Dichelostemma, Milla, Petronymphe, Triteleia и Triteleiopsis, но сега сè повеќе се налага мислењето дека тие образуваат одделно семејство — Themidaceae.

Литература

[уреди | уреди извор]

(англиски) Michael F. Fay and Mark W. Chase. 1996. Resurrection of Themidaceae for the Brodiaea alliance, and Recircumscription of Alliaceae, Amaryllidaceae and Agapanthoideae. Taxon 45: 441-451 (abstract)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]