Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Мајна

Координати: 49°59′40″N 8°17′36″E / 49.99444° СГШ; 8.29333° ИГД / 49.99444; 8.29333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мајна
Местоположба
Физички особености
УстиеРајна
49°59′40″N 8°17′36″E / 49.99444° СГШ; 8.29333° ИГД / 49.99444; 8.29333
Особености на сливот
Картата ја покажува позицијата на Мајна во Германија

Мајнарека во Германија, 524 километри долга (вклучувајќи ја Бела Мајна, 574 километри) и таа е една од позначајните притоки на Рајна. Мајна тече низ германските покраини Баварија, Баден-Виртемберг (формирајќи ја границата со Баварија на одредено растојание) и Хесен. Нејзиниот слив се натпреварува со Дунав за вода; како резултат на тоа, многу од нејзините граници се идентични со оние од Европскиот слив. Мајна започнува во близина на Кулмбах со спојување на двата водотека, Црвена Мајна (Roter Main) и Бела Мајна (Weißer Main). Црвена Мајна започнува Франкиш Алб, 50 километри долга, и тече низ Кројсен и Бајројт. Бела Мајна тече низ Фихтелските Планини; таа е долга 41 километар. Во горниот и средниот тек тече низ долините на германските висорамнини. Во долниот дел поминува низ низините на Долна Мајна (сливот Ханау-Зелигенштат и северната Горна Рајна рамнина), каде што истекува во Рајна. Главни притоки на Мајна се Регниц, Френкише Зале, Таубер и Нида.

Името потекнува од латинските Moenus или Menus и не е поврзано со името на градот Мајнц (латински Moguntiacum).

Навигација

[уреди | уреди извор]

Мајна е пловна за бродови од устието со Рајна близу Мајнц до Бамберг (396 километри). Од 1992 година, Мајна е поврзана со Дунав преку Каналот Рајна-Мајна-Дунав и високи регулиран со реката Алтмил. Реката е канализирана со 34 брани (300 × 12 m) да им овозможат на ЦЕМТ класата 5 (110 × 11.45 m) бродови да пловат по целата должина на реката. 16 брани во соседниот Канал Рајна-Мајна-Дунав и самиот Дунав се со исти димензии.

Притоки од изворите до устието се:

Леви

Десни

Пристаништа и општини

[уреди | уреди извор]

Околу Франкфурт се неколку големи внатрешни пристаништа. Бидејќи реката е доста тесна во горните делови, движењето на големи бродови и одредени конвои бара голема вештина.

Најголемите градови по должината на Мајна се Франкфурт на Мајна и Вирцбург. Мајна, исто така, поминува низ следниве градови Бургкунштат, Лихтенфелс, Бад Штафелштајн, Елтман, Хасфурт, Швајнфурт, Фолках, Кицинген, Марктбрајт, Оксенфурт, Карлштат, Геминден, Лор, Марктхајденфелд, Вертхајм, Милтенберг, Обернбург, Ерленбах/Мајна, Ашафенбург, Зелигенштат, Хајнбург, Ханау, Офенбах, Хатерсхајм, Флерсхајм и Риселсхајм.

Реката има стекнато огромна важност како витален дел од европскиот „Коридор 7“, внатрешен пловен пат поврзувајќи го Северното Море со Црното Море[1].

  1. „NoorderSoft Waterways Database“. Посетено на 2007-10-24.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]