Миоцен
Миоцен — геолошки период што го покрива периодот од пред 23 до пред 5,3 милиони години. Како и со останатите геолошки периоди, наслагите од карпи кои го дефинираат почетокот и крајот се добро идентификувани, но точните датуми не се сигурни. Називот на миоценот му го дал Сер Чарлс Лајл, а името доаѓа од старогрчките зборови ‘меион‘ (помалку) и ‘цено‘ (нов), што значи ‘не толку нов‘, бидејќи има 18% (помалку од плиоценот) денешни морски безрбетници. Миоценот следува по олигоценската, а ѝ претходи на плиоценската епоха. Миоценот е првата епоха од неогенскиот период.
Границите на миоценот не се јасно видливи во глобалните случувања, туку се испреплетени со низа регионални граници меѓу потоплиот олигоцен и постудениот плиоцен.
Миоценски под-поделби
[уреди | уреди извор]Миоценските фаунални стадиуми од најмладиот кон најстариот се:
- месиниум (7.246-5.332 Ма)
- тортониум (11.608 - 7.246 Ма)
- серавалиум (13,65 - 11,608 Ма)
- лангиум (15,97 - 13,65 Ма)
- бурдигалиум (20,43 - 15,97 Ма)
- аквитаниум (23,03 - 20,43 Ма)
Под-поделбите во миоценот се дефинираат благодарение на присутноста на различни видови калцерозни нанофосили (калцитни плателети кои лачат кафеави едноклеточни алги) и дупконосци (едноклеточни протисти со дијагностички полжави).
Клима
[уреди | уреди извор]Климата останала умерено топла, иако се појавува бавно глобално заладување кое конечно довело до плеистоценската глацијација.
Иако долгорочниот тренд на заладување продолжил, постојат докази за потопол период кога глобалната клима била слична на онаа во времето на олигоценот. Миоценското затоплување почнало пред 21 милион години и продолжил сè до пред 14 милиони години, кога глобалните температури забележале нагло опаѓање. Пред 8 милиони години температурата уште еднаш нагло паднала, а покривката од мраз на Антарктикот се приближила на нејзината денешна големина и дебелина. Гренланд почнал да ги добива своите големи ледници пред 7 или 8 милиони години, иако таму климата во текот на подолг период останала доволно топла за да ги одржи шумите сè до плиоценот.
|