Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Мишел Фуко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фуко во Бразил, 1974 г.

Мишел Фуко (француски: Michel Foucault; 15 октомври 192626 јуни 1984) — француски филозоф со катедра на Францускиот колеџ, на која и ја дал титулата „Историја на мисловните системи“. Неговите текстови се од огромно значење за хуманистичките и општествените науки. Делото на Фуко често се среќава во дисциплини како филозофија, историја, културни студии, социологија, образование, литература, менаџмент студии, урбан дизајн, како и многу други.

Фуко е добро познат по неговата критика на општествените иституции, особено на системите поврзани на различни начини за области како психијатрија, медицина и затвор. Неговите општи теории за моќ и односот меѓу моќта и знаењето во однос на историјата на западната мисла се дискутираат и применуваат нашироко.

Делото на Фуко често се опишува како постмодернист или пост-структуралист. За време на ’60-те, сепак, тој е почесто поврзуван со структуралистичкото движење. Иако тој на почетокот е среќен со овој опис, тој подоцна ја истакнува неговата оддалеченост од структуралистичкиот пристап, тврдејќи дека за разлика од структуралистите, тој го нема прифатено формалистички пристап. Тој исто така не е заинтересиран ни со постмодерната, тврдејќи дека многу поинтересна за дискусија е дефиницијата на „модерноста“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]