Муфтија
Муфтија[1][2] (арапски: مفتى) — претставник на верската власт и правосуден толкувач на шеријатот, исламскиот закон, признат заради својата честитост, верското и правното знаење. Муфтијата може да изрече фатва кога треба да се реши некој непознат правен проблем.
Позната е фатвата изречена над индискиот писател Салман Ружди.
Во некои земји, во кои политичкиот систем е официјално заснова на исламот, како на пример во Иран, Саудиска Арабија, или каде правниот систем се заснова на шеријатот, како во Египет, муфтиите , а особено великиот муфтија, ги советува правните и судските органи. Меѓутоа, со оглед на децентрализацијата карактеристична за исламот, извршувањето на фатвата која ја издал муфтија не е задолжително за ниеден муслиман, освен за самиот муфтија и за оние кои доброволно се ставаат под негова заштита.
Кај шиитите, функцијата на муфтиите ја извршуваат ајатоласи.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- The ethics of Muftī by Imam Ibn Khaldûn(француски)
- . Encyclopædia Britannica (11. изд.). 1911.
- . Нова меѓународна енциклопедија. 1905.
|