Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Народен дневник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Народен дневник
人民日报
Насловна страница на 1 октомври 1949 г.
(дента на прогласувањето на НР Кина)
Типдневен весник
СопственикКомунистичка партија на Кина
ИздавачЦентрален комитет на Комунистичката партија на Кина
Главен уредникЏанг Јеннунг
Основан15 јуни 1948
Јазикразни
СедиштеБр. 2 Џинтај Сјилу, Чаојанг, Пекинг
Страницаpeople.com.cn
english.peopledaily.com.cn

Народен дневник (кинески: 人民日报; пинјин: Rénmín Rìbào; мак. тр. Женмин жибао) — кинески дневен весник, орган на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК) што се издава ширум светот, со тираж од 3-4 милиони примероци. Покрај главното издание на кинески јазик, весникот има изданија на англиски, јапонски, француски, шпански, руски, арапски и корејски. Содржините на други јазици се поограничени со кинески теми, а побогати со меѓународни содржини и случувања во земјата кајшто се говори дадениот јазик. Како „Правда“ во времето на СССР, весникот е гласило за ставовите и политиката на партијата.

Историја

[уреди | уреди извор]

Весникот е основан на 15 јуни 1946 г. во Пингшан, Хебеј, а следната година е преместен во Пекинг. Од неговото основање до денес, венсникот е под непосредна контрола на владејачкиот врв. Во првите две децении, главни уредници биле Денг Туо и Ву Ленгсји, но со весникот всушност раководел Ху Чаому, личен секретар на Мао Цетунг.

За време на Културната револуција, „Народен дневник“ бил еден од ретките извори на информации за намерите и политиката на партијата и државното раководство. Во овој период, воведниот дел важел за официјално приопштување на одлуките и плановите на владата и затоа се читал ширум целата земја. Рубриката има таква улога и денес.

Постои значајна содржинска разлика помеѓу воведниот дел, освртите и мислењата во весникот. Иако сите мора да добијат согласност од владата. Додека вовидначарот има за задача да соопшти договорени и официјализирани ставови и планови, и тоа го прави поретко, колумнистите даваат свои гледишта и мислења за тековни проблематики кои не мора да го одразуваат мислењето на партијата или владата, но не се ни критично настроени кон неа.

Бројот на написи за некој политичар важи за јасен показател за неговиот успех во кариерата.

Покрај ова, редакцијата на „Народен дневник“ го издава и Global Times,[1] и на својот портал го држи значајниот форум „Зајанување на нацијата“.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Тања Браниган во Пекинг (20 април 2009). „Пуштено ново гласило во Кина“. The Guardian. Посетено на 10 мај 2012. (англиски)
  2. „Форум „Зајакнување на нацијата". People's Daily. 27 јуни 2008. Посетено на 10 мај 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]