Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Никола Микиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Микиќ

Никола Микиќ (Краљево, 13 септември 1985) е поранешен српски фудбалер. Играл како одбранбен играч.

Фудбалот почнал да го игра во фудбалската школа Бубамара во Краљево, од каде како 15-годишник се приклучил на белградскиот тим на Обилиќ.[1] Тој го направил своето деби во сениорскиот фудбал во тимот на полицијата, а потоа играл за друг тим од пониска лига, ФК Посавац од Бољевац.[2] Потоа неколку години настапувал за Раднички од Ниш во вториот ранг на натпреварувањето. Своето деби во фудбалот во Суперлигата го имал во дресот на Напредок од Крушевац, каде одиграл 47 суперлигашки натпревари сезона и пол. На крајот на 2009 година преминал во Црвена звезда.[3] Тој останал во Звезда до крајот на неговиот договор во 2013 година. Во времето кога Роберт Просинечки бил на чело на стручниот штаб бил еден од најстандардните првотимци, а до доаѓањето на Ненад Милијаш во летото 2012 година ја носел капитенската лента.[4] Тој освоил два Купа на Србија со Црвена Звезда - во 2010 и 2012 година. Во јули 2013 година преминал во турскиот второлигаш Маниса.[5] Следните две сезони ги поминал во турскиот клуб, пред да се врати во српскиот фудбал во летото 2015 година и да потпише за ОФК Београд.[6] Поминал една полусезона во тимот на ОФК Белград, пред да се пресели во грчкиот клуб АЕЛ Калони во вториот дел од сезоната. Подоцна играл за ОФИ од Крит, а потоа повторно за турска Маниса пред повторно да се врати во Србија во јули 2018 година и да потпише за Вождовац.[7] Две сезони играл за Вождовац во српската Суперлига, а во јули 2020 г. се преселил во прволигашот Графичар.[8] Микиќ по половина сезона во тимот на Графичар ставил крај на својата играчка кариера.[9]

Црвена звезда

[уреди | уреди извор]
  • Куп на Србија (2): 2009/10, 2011/12 .
  1. „Бивши капитен Звезде: "Хтео сам да оставим фудбал и завршим каријеру, али Вождовац ме вратио у живот!". sport.blic.rs. 29 април 2019. Посетено на 2 мај 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „Никола Микић“. srbijafudbal.com. Архивирано од изворникот на 2019-01-22. Посетено на 2 мај 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „Микић у Звезди“. b92.net. 29 декември 2009. Посетено на 2 мај 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Никола Микић“. crvenazvezdafk.com. Посетено на 2 мај 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Микић у Маниси“. novosti.rs. 23 јули 2012. Посетено на 2 мај 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. „Још један Звездаш на Карабурми“. mozzartsport.com. 14 јули 2015. Посетено на 2 мај 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. „Бивши капитен Звезде Никола Микић у Вождовцу“. mozzartsport.com. 2 јули 2018. Посетено на 2 мај 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  8. „Никола Микић прво појачање!!“. fkgraficar.com. 21 јули 2020. Посетено на 6 август 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  9. „Некадашњи капитен Звезде завршио играчку каријеру“. maxbetsport.rs. 11 јануари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-02-07. Посетено на 12 јануари 2021.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]