Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Огнило

Од Википедија — слободната енциклопедија
Огнило

Огнило[1][2], секало[3][4] или чакмак[5][6]челичен алат за палење оган.

Употреба

[уреди | уреди извор]

Во минатото, огнилотo се користело за палење оган со удирање на кремен при што се создаваат искри. Искрата создадена од ударот на огнилото во кременот се насочува, односно се фрла на трат. Тратот е вид паразитска габа која расте на стеблата на дрвјата и која наменски се суши за потпал на оган со огнило. Огнилото што го правеле ковачите во минатото било прилагодено на раката. Огнилото се носело во приборот за палење кој содржел огнило, кремен и трат.