Опстипација
Опстипација[1][2], позната и како запек[3][4] или затвор[5][6] — цревно заболување. Опстипацијата е едно од најчестите цревни заболувања во развиените земји, а најчесто се јавува кај лицата постари од 65 години, но исто така е присутно и кај децата.[7]
Причини и симптоми
[уреди | уреди извор]Опстипацијата е најраѓирена во развиените земји, што е поврзано со начинот на исхраната. Како најчести причини што доведуваат до запек се: недоволно внесување храна богата со растителни влакна, недоволно внесување течности, слаба физичка активност и одложување на потребата од празнење на цревата. Исто така, честопати запекот е поврзан и со употребата на некои лекови, како: диуретици, аспирин, препарати на железо и калциум итн. Пациентите со запек се жалат на тврд измет, нередовно, отежнато и нецелосно празнење на цревата, појава на стомачна болка, чувство на подуеност и ретко празнење на цревата (поретко од трипати неделно).[8]
Терапија
[уреди | уреди извор]Вообичаено, третманот на запекот вклучува вовоедување соодветен начин на исхрана, внесување доволно течности и поголема физичка активност. Употребата на средства за празнење (лаксативи) може да помогне кај акутниот запек, но ефектите се многу краткотрајни, а прекумерната употреба на лаксативите редовно предизвикува појава на таканаречени „мрзливи црева“, со што проблемот уште повеќе се усложнува, т.е. можно е да се појават посериозни болести на цревата.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „опстипација“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „опстипација“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „запек“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „запек“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „затвор“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „затвор“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Ловорка Николовска - Лола, „Сок - пријател на органите за варење“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 19.
- ↑ Ловорка Николовска - Лола, „Сок - пријател на органите за варење“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 19.
- ↑ Ловорка Николовска - Лола, „Сок - пријател на органите за варење“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 19.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Класификација | |
---|---|
Надворешни извори |
|