Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Патка берија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Патка берија
Мажјак во лет
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Род: Патка
Вид: Патка берија
Научен назив
Anas crecca
Linnaeus, 1758
Светски ареал.
Свелозелено: само лете
Темнозелено: преку целата година
Сино: само зиме
Синоними

Anas crecca crecca Linnaeus, 1758
Anas crecca nimia Friedmann, 1948

Anas crecca

Патка берија[2] или крѓа (науч. Anas crecca) — честа и широкораспространета патка која се размножува во деловите со умерена клима на Европа и Азија и прелетува на југ во зима. Името го добила по синозелената нијанса берија.

Станува збор за високодруштвен вид на патка (кога е вон сезона за парење) која може да образува големи групи. Најчесто може да се најде во засолнетите влажни живеалишта и се храни со семиња и водни без‘рбетници. Порано (а понекогаш и денес) како подвид на овој вид патка се сметала и северноамериканската златокрила патка берија (A. carolinensis).

  1. BirdLife International (2012). Anas crecca. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 26 ноември 2013.
  2. Некритички список на птиците во Македонија, Методија Велевски, последни исправки: 22.12.2009