Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Планини Вуданг

Координати: 32°24′03″N 111°00′14″E / 32.400833° СГШ; 111.003889° ИГД / 32.400833; 111.003889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Комплекс од стари градби на планините Вуданг
светско наследство на УНЕСКО
МестоХубеј, Кина
КритериумКултурно: i, ii, vi
Навод705
Запис1994 (XVIII заседание)
Координати32°24′03″N 111°00′14″E / 32.400833° СГШ; 111.003889° ИГД / 32.400833; 111.003889

Планини Вуданг (кинески: 武当山) — мал планински венец во северозападниот дел на Хубеј, Кина, јужно од Шијан. Во нив се наоѓа познатиот комплекс на таоистички храмови и манастири поврзани со богот Сјуенву. Планините Вуданг се познати по практиката на тај чи и таоизмот како таоистички пандан на манастирот Шаолин,[1] кој е поврзан со кинескиот чан будизам. Планините Вуданг се една од „Четирите свети планини на таоизмот“ во Кина, важна дестинација за таоистички аџилак. Во 1994 година, манастирите како Градината Вуданг[1] биле ставени на списокот на светското наследство на УНЕСКО поради нивното верско значење и архитектонско достигнување.[2]

Земјопис

[уреди | уреди извор]

На кинеските карти, името „Вудангшан“ (кинески: 武当山) се применува и на целата планинска верига (која се протега од исток кон запад по должината на јужниот крај на реката Хан, при што преминува повеќе окрузи на Шијан), како и на мала група на врвови која се наоѓа во рамките на подоколијата Вудангшан од Данѓангкоу, Шијан. Тоа е специфична област позната како таоистичко средиште.[3]

Модерните карти покажуваат дека надморската височина на највисокиот врв во Вуданг Шан изнесува 1612 метри;[3][4] сепак, целата верига на Вудангшан има нешто повисоки врвови на други места.[3]

Некои сметаат дека планините Вуданг се „гранка“ од планинската верига Даба[4]Atlas of World Heritage: China. Long River Press. 1 January 2005. pp. 99–100. ISBN 978-1-59265-060-6. Retrieved 9 August 2012.</ref> кој е главен планински систем во западен Хубеј, Шанкси, Чунгќинг и Сечуан.

Историја

[уреди | уреди извор]

Со векови, планините Вуданг биле познати како важен центар на таоизмот, особено познати по своите таоистички верзии на боречки вештини или тајчи.[5]

Првото место за обожување - храмот Пет змејови - било изградено по наредба на царот Тајѕунг од Танг.[2] Дополнителни структури биле додадени за време на династиите Сунг и Јуен, додека најголемиот комплекс на планината бил изграден за време на династијата Минг (14-17 век), бидејќи царот Јунгле тврдел дека ужива заштита од богот Бејди или Сјуен Ву.[2] За време на династијата Минг, на тоа место се наоѓале 9 дворци, 9 манастири, 36 женски манастири и 72 храмови.[2] Храмовите редовно требало да се обновуваат и не преживеале сите; најстарите постојни структури се Златната сала и Античкиот бронзен храм, направени во 1307 година.[2] Други забележителни градби се палатата Нанјанг (изградена во 1285–1310 и проширена во 1312), Забранетиот град со камени ѕидови на врвот од дворецот Тајхе (изграден во 1419 година) и храмот Виолетов облак (изграден во периодот од 1119 до 1126 година, обновен во 1413 година и проширен од 1803 до 1820 година).[2][6] Денес, 53 стари градби сѐ уште опстојуваат.[2]

На 19 јануари 2003 година, 600-годишниот дворец Јиџенгунг на планините Вуданг изгорел откако случајно бил запален од вработен во училиштето за боречки вештини.[7] Во салата избувна пожар, поради што трите простории што биле со површина од 200 квадратни метри станале пепел. Позлатена статуа од Џанг Санфенг, што обично се сместени во Јиџенгунг, била преселена во друга зграда непосредно пред избувнување на пожарот, и така било избегнато нејзино уништување.[5]Wang, Fang (May 11, 2004). "Pilgrimage to Wudang". Beijing Today. Retrieved 2008-04-19.</ref>

Боречки вештини

[уреди | уреди извор]

На првиот национален турнир во боречки вештини организиран од Централната академија за боречки вештини во 1928 година, учесниците биле поделени на вежбачи на шаолински и вуданшки стил. Стилови за кои се смета дека припаѓаат на втората група - наречена вудангќуен - се оние со силен елемент на таоистички вежби на нејдан. Типични примери на вудангќуен се чуан, сјингјиќуен и багуаџанг. Според легендата, тајчиќуен бил создаден од таоистичкиот испосник Џанг Санфенг, кој живеел во планините Вуданг.[8]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „武當集團“ [Wudang Group]. www.wudanglife.com (кинески). Архивирано од изворникот на 7 January 2015.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Centre, UNESCO World Heritage. „Ancient Building Complex in the Wudang Mountains“. whc.unesco.org.
  3. 3,0 3,1 3,2 Road Atlas of Hubei (湖北省公路里程地图册; Hubei Sheng Gonglu Licheng Dituce), published by 中国地图出版社 SinoMaps Press, 2007, ISBN 978-7-5031-4380-9. Page 11 (Shiyan City), and the map of the Wudangshan world heritage area, within the back cover.
  4. 4,0 4,1 Atlas of World Heritage: China. Long River Press. 1 January 2005. стр. 99–100. ISBN 978-1-59265-060-6. Посетено на 9 August 2012.
  5. 5,0 5,1 Wang, Fang (May 11, 2004). „Pilgrimage to Wudang“. Beijing Today. Посетено на 2008-04-19.
  6. Huadong, Guo (2013). Atlas of Remote Sensing for World Heritage: China. Springer. стр. 126. ISBN 978-3-642-32823-7.
  7. „China's world heritage sites over-exploited“. China Daily. December 22, 2006. Посетено на 2008-04-19.
  8. Henning, Stanley (1994). „Ignorance, Legend and Taijiquan“. Journal of the Chen Style Taijiquan Research Association of Hawaii. 2 (3). Архивирано од изворникот на 2010-01-01. Посетено на 2021-10-12.

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Pierre-Henry de Bruyn, Le Wudang Shan: Histoire des récits fondateurs, Paris, Les Indes savantes, 2010, 444 pp.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]