Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Неметал

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Повеќеатомски неметал)
Неметалите во периодниот систем:

Заедно со металите и металоидите, неметалите се едни од трите категории на хемиски елементи кои се одликуваат со нивните јонизациони и сврзувачки својсства. Овие својства се како резултат на тоа што неметалите имаат висока електронегативност, односно тие привлекуваат валентни електрони од други атоми побрзо отколку што ги оддаваат.

Неметали се халогените елeменти, благородните гасови и следните елементи подредени по нивниот атомски број (неметали како хемиски серии):

Повеќето неметали се наоѓаат во горниот десен дел од периодниот систем. Исклучок е водородот, кој обично се сместува во горниот лев агол, заедно со алкалните метали, но се однесува како неметал при повеќе услови. За разлика од металите, кои спроведуваат електричество, неметалот може да биде изолатор или полупроводник. Неметалите можат да образуваат јонски врски со металите по пат на примање на електрони, или, пак, ковалентни врски со други неметали. Оксидите на неметалите се кисели.

Има само осумнаесет познати неметали, споредено со преку оумдесет метали, но неметалите се најголемиот составен дел на Земјата, особено во надворешните обвивки. Организмите се состојат речиси целосно од неметали. Многу неметали (водород, азот, кислород, флуор, хлор, бром и јод) се двоатомски, а повеќето други се повеќеатомски.