Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Почеток (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Почеток“
Плакатот на македонски јазик
РежисерКристофер Нолан
ПродуцентКристофер Нолан
Ема Томас
СценаристКристофер Нолан
Главни улогиЛеонардо ди Каприо
Кен Ватанабе
Џозеф Гордон-Левит
Марион Котилард
Елен Пејџ
Силијан Марфи
Том Харди
Том Беринџер
Мајкл Кејн
МузикаХанс Зимер
КинематографијаВали Фистер
МонтажаЛи Смит
СтудиоLegendary Pictures
Syncopy Films
ДистрибутерWarner Bros. Pictures
Премиера16 јули 2010 г. (САД)
Времетраење142 минути[1]
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет160 милиони долари[2]
Бруто заработка823.576.195 милиони долари[3]

Почеток (англиски: Inception) — научнофантастичен филм од 2010 година, во режија на Кристофер Нолан. Во главните улоги се појавуваат Леонардо ди Каприо, Кен Ватанабе, Џозеф Гордон-Левит, Марион Котилард, Елен Пејџ, Том Харди, Том Беринџер и Мајкл Кејн. Леонардо ди Каприо го игра шпионот специјализиран за деловна шпијунажа, односно каредење информации од потсвеста на неговата жртва, во моментот додека жртвата спие, односно сонува.[4]

Уште во 2001 година, Нолан напишал сценарио на 80 страници за крадење преку соништа, и идејата им ја презентирал на Варнер Брос.. Приказната е сфатена како хорор филм.[5] Сфаќајќи дека му треба уште искуство за овие теми, Нолан го оставил ова сценарио цели девет години. Конечно, филмот Почеток е започнат со снимање во Токио на 19 јуни 2009 година, а завршен во Канада кон крајот на ноември истата година. Филмот е сниман на локации во шест држави и четири континенти.

Филмот имаше осум номинации за Оскар, а освои четири награди: за најдобар звук, за најдобри звучни ефекти, за најдобри визуелни ефекти и за најдобра кинематографија.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Дом Каб (Леонардо ди Каприо) и неговиот партнер Артур (Џозеф Гордон-Левит) работат илегално деловна шпионажа со тоа што влегуваат во потсвеста на жртвата преку контролиран сон. Користат техника „сон во сон“, преку која успешно ја добиваат бараната информација. И двајцата користат `тотем`, а тоа е мал предмет, чие „однесување“ му е познато само на оној што го има. Преку тотемот може да откријат дали можеби тие се наоѓаат во туѓ сон или се во реалноста. Тотемот на Каб е конус кој не престанува да се врти ако се наоѓа во состојба на сон. На почеток од филмот го дознаваме главниот проблем на Коб: неговата мртва сопруга, Мал (Марион Котилард), која извршила самоубиство, се појавува во неговите соништа и му ги саботира напорите, предизвикувајќи го да остане со неа во состојба на сон за стално. Другиот негов проблем е што не смее да се врати во САД, бидејќи е обвинет за убиство на неговата сопруга.

Каб е ангажиран од господинот Саито (Кен Ватанабе) за малку поинаков случај: овој пат да вметне идеја во потсвеста на синот наследник на големата компанија што е конкуренција на Саито. Саито му ветува дека доколку успее во задачата, ќе помогне да се избрише обвинувањето против Каб во САД, со што Каб ќе може конечно да ги види децата. Каб го составува тимот за оваа задача: Ејмс, фалсификатор на идентитети, Јусуф, хемичар кој работи со моќни седативи потребни да се воспостават соништата и Аријадна, млада студентка архитект, која е задолжена за градење на лавиринтите од соништата. Саито се приклучува кон тимот со цел да се увери дека задачата ќе биде завршена.

Задачата започнува во авионскиот лет од Сиднеј до Лос Анџелес, а тимот се наоѓа во иста кабина со Роберт Фишер, кој го придружува телото на својот умрен татко. Каб става седатив во пијалакот на Роберт, а тимот го внесува Роберт во создадените соништа на три нивоа. На секое ниво е потребно еден од тимот да остане и да ги чува заспаните, додека останатите продолжуваат во придружба на Роберт сè до неговото најдлабоко ниво на потсвест. Начинот на будење од нивоата на соништата е удар, било да е паѓање на колата од мост, паѓање со лифт, зграда која се урива. На тој начин се враќаат назад низ нивоата сè до реалноста.

Проблем настанува кога Саито е смртно повреден во последното ниво на соништата, а умирање во сон за него би значело дека ќе остане заробен во заборав, во најдлабокото ниво на својата потсвест, при што ја губи врската со реалноста. Се појавува и мртвата сопруга на Каб, која ги саботира со тоа што го убива Фишер. Каб и Аријадна влегуваат во уште подлабока состојба за да ги најдат Саито и Фишер. Аријадна го наоѓа Фишер и го враќа назад низ нивоата на соништата, а Каб продолжува во потрага по Саито.

Каб го наоѓа Саито, кој е остарен, живеел декади во заборав (додека во реално време поминале само неколку часа), и двајцата заедно се сеќаваат на задачата и се будат. На крајот од филмот ги гледаме ликовите од тимот кои се будат во авионот, на летот до Лос Анџелес. Каб минува крај царината без никаков проблем, и оди дома да се сретне со децата. На масата го употребува својот тотем, конусот кој се врти, за да провери дали е ова реалност, но децата го довикуваат од дворот, и тој заминува да ги гушне без да го дочека резултатот од вртењето на конусот.

Филмот доживеа главно позитивни критики. Повеќето филмски критичари го пофалија филмот поради иновативната приказна, но и за изборот на улогите, како и за незаборавните сцени.[6]

За крајот

[уреди | уреди извор]

За крајот на филмот постојат шпекулации - дали Каб се наоѓа во реалност или во нечиј сон. Самиот Нолан изјавил: „Ми го поставија ова прашање толку многупати, што до сега не сум бил толку прашуван за ниеден друг филм што сум го направил... Она што е смешно е луѓето навистина очекуваат од мене да им одговорам.“"[7] Сценариото за филмот завршува со зборовите „Зад него на масата конусот сè уште се врти.“[8] Како и да е, Кристофер Нолан смета дека најважниот момент од последната сцена е тоа што Каб не гледа во конусот, туку во своите деца.[9]

Во септември 2010 година, во интервју Мајкл Кејн, кој во филмот игра улога татко на жената на Каб, крајот на филмот го објаснил вака: „Штом сум јас таму, реалност е, затоа што јас никогаш не сум во состојба на сон. Јас сум човекот кој ги измисли соништата.“[10]

„Inception: Music from the Motion Picture“
Film score од Hans Zimmer
Издаденјули 13 2010 (2010-07-13)
ЖанрSoundtrack
Траење49:13
Издавачка куќаReprise
Hans Zimmer — Хронологија
Henry IV
(2010)
Inception
(2010)
Megamind
(2010)

На Ханс Зимер ова му е трета соработка со Нолан за филм. При компонирање на музиката, Зимер користел звук на гитара што потсетува на Енио Мориконе, а сакал деловите да ги отсвири Џони Мар, бившиот гитарист од рок групата од `80-тите Смитс. Се консултирал со Нолан ко јсе согласил со идејата, па така Мар поминал четири дена по 12 часа во студио свирејќи ги нотите кои ги компонирал Зимер.[11]

Интересно е дека во трејлерите за филмот е употребена посебно подготвена музика д Зак Хемси, која не се појавува во официјалната музика за филмот.[12]

  1. „Inception“. BBFC. June 29, 2010. Посетено на August 8, 2010.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име budget.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име mojo.
  4. Eisenberg, Mike (May 5, 2010). „Updated 'Inception' Synopsis Reveals More“. Screen Rant. Посетено на July 18, 2010. One last job could give him his life back but only if he can accomplish the impossible—inception.
  5. Marikar, Sheila (July 16, 2010). „Inside 'Inception': Could Christopher Nolan's Dream World Exist in Real Life? Dream Experts Say 'Inception's' Conception of the Subconscious Isn't Far From Science“. ABC News. The Walt Disney Company. Посетено на September 4, 2010.
  6. Zeitchik, Steven (July 19, 2010). "'Inception' rides out critical backlash". Los Angeles Times. http://www.latimes.com/entertainment/news/la-et-inception-backlash-20100719,0,3544832.story.
  7. Jensen, Jeff (30 November 2010). „Christopher Nolan on his 'last' Batman movie, an 'Inception' videogame, and that spinning top“. Entertainment Weekly. Посетено на 6 January 2011. Text " Inside Movies " ignored (help); Text " EW.com" ignored (help)
  8. Christopher Nolan, Inception - The Shooting Script, Insight Editions, стр. 218, ISBN 978-1-60887-015-8
  9. Jensen, Jeff (30 November 2010). „Christopher Nolan on his 'last' Batman movie, an 'Inception' videogame, and that spinning top“. Entertainment Weekly. Посетено на 10 January 2011. Text " Inside Movies " ignored (help); Text " EW.com" ignored (help)
  10. „Michael Caine Says 'Inception' Ending Was No Dream“. ScreenRant.
  11. Martens, Todd (July 20, 2010). „Hans Zimmer and Johnny Marr talk about the sad romance of Inception. Los Angeles Times. Посетено на July 20, 2010.
  12. Jeff Ames (2010-12-30). „Top Film Scores of 2010“. Collider.com. Архивирано од изворникот на 2011-01-03. Посетено на 2011-01-18.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: