Работен јазик
Изглед
Работен јазик или процедурален е јазикот кому му е доделен единствен правен статус како примарен начин на комуникација во големите компании, организации, државни и други тела. Тоа е јазик на секојдневна коресподенција и разговор на одредена организација покрај останатите службени јазици.
Многу меѓународни организации имаат работни јазици за своите тела. По дефиниција, работниот јазик не треба да се поистоветува со поимот службен јазик.
- Обединетите Нации имаат шест работни јазици: арапски, кинески, англиски, француски, руски и шпански.
- Европската Унија има три работни јазици: англиски, германски и француски.
- НАТО има два работни јазици: англиски и француски.
- ФИФА има три работни јазици: француски, германски и англиски.
- Источен Тимор има два работни јазици: индонезиски и англиски.
|