Радиопримопредавател
Радиопримопредавател – електронски уред кој се состои од радиопредавател и радиоприемник. Вообичаено неговата излезна моќност е под 100 W, а се применува за комуникација преку радиобранови.
Користењето на одвоен радиопредавател и приемник на едно место се покажало непрактично веќе во почетокот на XX век, па се пристапило кон изработка на комбинирани уреди во вид на радиопримопредаватели.
Според конструкцијата може да се поделат на интегрирани и неинтегрирани. Интегрираните имаат одредени заеднички кола за приемникот и предавателот и се наоѓаат во една кутија. Неинтегрираните имаат посебни блокови за приемникот и предавателот, поврзани во заедничко куќиште, а се изработуваат така што откажувањето на едниот уред не влијае на работата на другиот.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|