Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Рашка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рашка во времето на Стефан Немања и Стефан Првовенчани, околу 1150-1220.

Рашка, историска српска земја и област во југозападна Србија кој името го добила според истоимената река. Рашка била значајна српска жупа во периодот на средниот век, а великиот жупан Стефан Немања успеал да ја направи Рашка најмоќна меѓу српските жупи, така преземајќи го приматот од Зета. Престолнина на Рашка бил градот Рас, недалеку од денешен Нови Пазар. Од Рашка ќе се развие средновековното кралство Србија на чело со династијата Немањиќ.

Рашка првпат се споменува во 1189 година како Расција. Оттогаш во западниот свет Србите биле именувани како Расцијани, Раицени или Раци. Последниов термин преминал во навредливо унгарско име за Србите. Заради бројноста на Србите во Војводина и Славонија, понекогаш за нив (особено за Војводина) се користел терминот Мала Рашка.