Ромелу Лукаку
Ромелу Лукаку[2] | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 13 мај 1993[2] | ||
Роден во | Антверпен, Белгија | ||
Држава | Белгија | ||
Висина | м[3] | 1,90||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Рома | ||
Број | 90 | ||
Младинска кариера | |||
Рупел Бум | |||
Лирс | |||
Андерлехт | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009-2011 | Андерлехт | 73 | (33) |
2011-2014 | Челси | 10 | (0) |
2012-2013 | → Вест Бромвич Албион | 35 | (17) |
2013-2017 | Евертон | 141 | (68) |
2017-2019 | Манчестер Јунајтед | 66 | (28) |
2019-2021 | Интер | 72 | (47) |
2021- | Челси | 26 | (8) |
2022-2023 | → Интер | 25 | (10) |
2023- | → Рома | 26 | (8) |
Репрезентација ‡ | |||
2008 | Белгија 15 | 4 | (1) |
2011 | Белгија 18 | 1 | (0) |
2009 | Белгија 21 | 5 | (3) |
2010- | Белгија | 77 | (43) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Ромелу Менама Лукаку (роден на 13 мај 1993, во Антверпен) — белгиски фудбалер, напаѓач на Рома и на белгиската репрезентација.
Технички одлики
[уреди | уреди извор]И покрај големата тежина е многу темпераментен и брз, дури и со топката во нозете. Неговата лева нога, честопати се споредува со неговиот поранешен тимски колега од Челси, Дидје Дрогба, но исто така и заради неговите физички особини и неговиот начин на игра.
Во 2012 година тој бил вклучен во списокот на најдобрите играчи родени по 1991 составена од Дон Балон.[4]
Животопис
[уреди | уреди извор]Лукаку е роден во Антверпен, град во северниот дел на Белгија. Тој доаѓа од семејство на фудбалери, всушност татко му Роже Лукаку бил репрезентативец на Заир, но се преселил во Белгија во текот на својата кариера, а исто така и неговиот помлад брат, Жордан е фудбалер.[5]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Рани години
[уреди | уреди извор]Лукаку му се приклучил на локалниот клуб Рупел Бум на возраст од пет години. По четири сезони во Рупел Бум, Лукаку бил откриен од страна на скаутите на Лирс, клуб од Белгиската Про лига со добро организирана младинска школа. Тој играл за Лирс од 2004 до 2006 година, постигнувајќи 121 гол во 68 натпревари.[6] По испаѓањето на Лирс од Про лигата, Андерлехт купил не помалку од 13 младински играчи од Лирс во 2006 година, од кои еден од нив бил и Лукаку. Тој играл повеќе од три години, во младинските категории на Андерлехт, постигнувајќи 131 гол во 93 натпревари.
Андерлехт
[уреди | уреди извор]Кога Лукаку наполнил 16 години, на 13 мај 2009 година, тој потпишал професионален договор со Андерлехт за околу 2,5 милиони во трајност до 2012 година.[7] Единаесет дена подоцна, тој го направил своето деби во Белгиската прва лига влегувајќи како замена на местото на Виктор Бернардез во натпреварот од плеј-офот против Стандард Лиеж одигран на 24 мај 2009, кој Андерлехт го загубил со 1-0.[8]
Лукаку станал редовен член на првиот тим на Андерлехт во текот на сезоната 2009-10, постигнувајќи го својот прв гол на сениорско ниво против Зулте Варегем во 89-тата минута по влегувањето во игра како замена за Кану на 28 август 2009 година. Со овој погодок станал најмладиот стрелец во историјата на Белгиската Про лига.[9] Претходно пак на 17 август го направил дебито во Лигата на шампионите играјќи во плеј-оф рундата против Лион, во поразот на неговиот тим со 5-1. На 17 септември, Лукаку дебитирал во Лига Европа остварувајќи асистенција за вториот гол на Џонатан Легеар во 88-мата минута само две минути подоцна откако се појавил во игра, за конечната победа од 2-0 на гостувањето против Динамо Загреб. На 17 декември 2009, постигнал 2 гола во натпреварот од Лига Европа против Ајакс.[10] На 29 јануари 2010 за првпат постигнал два гола на еден натпревар во првенството на Белгија за време на гостувањето кај Жерминал во победата на Андерлехт со 5-0. На 25 февруари следната година го отворил резултатот во натпреварот Андерлехт-Атлетик Билбао (4-0) [11] кој му овозможува на белгискиот клуб пласман во осминафиналето на Лига Европа. Сезоната ја завршил со 15 постигнати гола и освоена титула во белгиското првенство и 4 гола во Лига Европа. Кон крајот на мај, неговиот договор со Андерлехт бил продолжен до 2015.
На почетокот на следната сезона Лукаку постигнал два гола во во третата квалифкациска рунда од Лигата на шампионите против велшкиот претставник ФК Њу Сеинтс во победата со 3-0 на 3 август. На 10 септември, постигнал 2 гола против Сент Труиден за победа од 2-0. Една недела подоцна ја погодил и мрежата на ФК Кортријк (3-0).
Челси
[уреди | уреди извор]Во август 2011 година, Лукаку му се приклучил на англискиот клуб Челзи за пријавена сума од околу 12 милиони € (£ 10.000.000), која може да се издигне и до 20 милиони € (£ 17.000.000) со бонусите. На Лукаку му бил доделен дресот со број 18. и потпишал пет-годишен договор.[12] Тој го направил своето домашно деби во победата со 3-1 над Норич Сити, влегувајќи во 83-тата минута како замена за Фернандо Торес.[13]
Лукаку го направил својот прв старт за клубот во Лига купот против Фулам. Челзи го добил натпреварот на пенали. Лукаку го поминал поголемиот дел од сезоната играјќи за резервите. На 13 мај 2012 година, тој го започнал својот прв натпревар во Премиер лигата против Блекбурн Роверс, и се претворил во играч на натпреварот, асистирајќи му на Џон Тери за првиот гол.[14] Лукаку, сепак, истакнал дека дека е разочаран од бројот на натпревари во кој бил вклучен по завршувањето на неговата дебитантска сезона, откривајќи дека, по победата на неговиот тим во Лигата на шампионите на 19 мај, тој одбил да го држи трофејот бидејќи не се чувствувал како победник.[15]
Заемот кај Вест Бромвич Албион
[уреди | уреди извор]По шпекулациите дека Лукаку се поврзува со заем во Фулам,[16] на 10 август 2012 година, тој му се приклучил на Вест Бромвич Албион на едно-годишна позајмица.[17] Тој го постигнал својот прв првенствен гол осум дена подоцна, влегувајќи како замена во 77-мата минута во победата од 3-0 над Ливерпул.[18] Тој го направил своето целосно деби во победата против Рединг на Хауторнс постигнувајќи го единствениот гол во натпреварот.[19]
На 24 ноември, Лукаку влегол во 70-тата минута како замена за Шејн Лонг, постигнал гол од пенал и му асистирал на Марк-Антоан Фортјуне, за победа на Вест Бром над Сандерленд со 4-2 на гостувањето на Стедиум оф Лајт.[20] Победата се покажа како четврта последователна победа на тимот во Премиер лигата, што им се случува за првпат од 1980 година.[21] На 12 јануари 2013 година, Лукаку го имал својот прв мулти-гол натпревар во Премиер лигата, давајќи му водство на Вест Бром од 0-2 на гостувањето кај Рединг, пред домаќините да се вратат и направат пресврт за победа од 3-2 на Мадејски.[22]
Во лицето на контроверзните тврдења дека тој сакал да остане во Вест Бромвич Албион за уште една година од страна на англискиот весник Дејли Мејл,[23] Лукаку потврдил за медиумите дека тој сè уште сака да стане легенда на Стемфорд Бриџ.[24] На 11 февруари, Лукаку влегол од клупата и го постигна својот десетти гол во Премиер лигата за сезоната, стрелајќи прецизно во мрежата на Ливерпул по една фантастична контра која сам ја изнесол, во натпревар кој завршил 2-0.[25] Тој постигна својот втор пар голови во кампањата, постигнувајќи ги и двата гола за Вест Бром во нивната победа со 2-1 на домашен терен над Сандерленд на 23 февруари.[26] На 9 март во лигашки натпревар против Свонзи Сити, Лукаку го постигнал израмнувачкиот гол пред да му биде одбранет ударот од пенал; Вест Бром на крајот победил со автогол на Џонатан де Гусман.[26] На 19 мај, влегол во второто полувреме како замена, и постигнал хет-трик, помагајќи му на Вест Бром да изедначи од три гола негативи и избори бод во последниот натпревар од сезоната играјќи 5-5 на домашен терен против Манчестер Јунајтед.[27] Натпреварот бил 1 500-тиот на Сер Алекс Фергусон и последниот негов на клупата на Јунајтед, а воедно и нерешено со најголем број на постигнати голови во историјата на Премиер лигата.[28] И покрај тоа што бил позајмен од страна на клубот, Лукаку постигнал повеќе голови од секој друг фудбалер на Челзи во Премиер лигата таа сезона, и бил шести голгетер во лигата за сезона 2012-13 со 17 постигнати гола.
Заемот кај Евертон
[уреди | уреди извор]Се чинеше дека Лукаку ја отфрлил можноста да оди на уште една позајмица,[29] и одиграл два првенствени натпревари за Челзи на почетокот на сезоната 2013-14. Тој, исто така влегол како замена во Суперкупот на Европа, но крајна сметка тој го промашил одлучувачкиот пенал во серијата за поразот на Челси од Бајерн Минхен.
Сепак, на последниот ден од летниот трансфер-прозорец 2013, тој му се приклучил на Евертон на заем до крајот на сезоната.[30] Напаѓачот го направи своето деби за карамелите, на гостувањето кај Вест Хем Јунајтед на 21 септември 2013 година, постигнувајќи го победоносниот гол во победата на Евертон со 3-2. За време на ударот со глава, тој имал судир со дефанзивецот на Вест Хем и бил однесен надвор од теренот за да му биде укажан третман. Токму физиотерапевтот требало да му каже дека тој го постигнал победничкиот погодок.[31] Тој постигнал два гола на неговото домашно деби девет дена подоцна во победата со 3-2 против Њукасл Јунајтед., но имал и асистенција за голот на Рос Баркли.[32] Потоа го отворил резултатот во поразот со 3-1 од Манчестер Сити во следниот натпревар.[33] Тој го продолжил својот импресивен почеток во клубот постигнувајќи го првиот гол во победата со 2-0 над Астон Вила, а потоа постигнал два гола во првото Мерсисајдско дерби во сезоната кога Евертон одиграл нерешено 3-3 против Ливерпул, а Лукаку наведува потоа дека тоа е најдоброто искуство кое тој го има во својата куса кариера.[34][35]
На 28 јануари 2014 година, тој бил изнесен надвор од теренот на носилки со повреда на лигаментите на глуждот откако Гарет Бери со лизгачки старт ненамерно го повредил напаѓачот, обидувајќи се да го блокира Стивен Џерард при постигнувањето на првиот гол.[36] На тој ден, Евертон загуби од Ливерпул со 4-0 на Енфилд.[37] На 1 март 2014 година, Лукаку го направил своето враќање од повредата против Вест Хем Јунајтед, постигнувајќи го единствениот гол на натпреварот во 81-вата минута по влегувањето како замена во второто полувреме.[38] На 6 април, тој постигна еден гол и асистира за друг кога Евертон го победил Арсенал со 3-0 на Гудисон Парк за да ја забележи шестата победа по ред во Премиер лигата.[39] Неговиот последен гол за клубот дошол на последниот ден од сезоната кога тој го постигнал вториот во победата со 2-0 над Хал Сити.[40] Лукаку ја затресол мрежата на противничките екипи 15 пати во 31 првенствен натпревар за да му помогне на Евертон да заврши на петто место со клупски рекорд во Премиер лигата од 72 освоени бода.[41]
Евертон
[уреди | уреди извор]На 30 јули 2014 година, од Евертон објавиле дека Лукаку потпишал петгодишен договор со клубот, за рекордна сума од 28.000.000 £. На презентацијата на Лукаку му бил доделен дресот со број 10.[42] Тој го постигнал својот прв гол во новата сезона на 13 септември 2014 година, против неговиот поранешен клуб Вест Бромвич Албион. Лукаку одлучил да не го прославува голот, и бил поздравена од страна на навивачите на Вест Бром во знак на неговата почит кон клубот.
На 19 февруари 2015 година, Лукаку го постигнал својот прв хет-трик во дресот на Евертон во победата со 4-1 победа над Јанг Бојс во шеснаестина-финалето на Лига Европа; реализирал погодоци со глава, со удар со десната нога и еден со левата нога.[43] Тој додал уште два гола во победата со 3-1 победа во реваншот една недела подоцна,[44] а со вкупно осум гола, тој бил најдобар стрелец на турнирот за таа сезона, заедно со Алан од Салцбург.[45]
Манчестер Јунајтед
[уреди | уреди извор]На 10 јули 2017 година, Лукаку му се приклучил на Манчестер Јунајтед потпишувајќи петгодишен договор со можност истиот да биде продолжен за уште една година.[46] Иако надоместокот за трансферот официјално не бил откриен, првично било објавено дека изнесувал 75 милиони фунти, плус 15 милиони во бонуси.[47] Официјалното потпишување на договорот на Лукаку дошло само еден ден подоцна откако поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, го напуштил клубот за да се врати во Евертон, клуб за кој играл во младоста и во кој станал професионалец.[48]
Титули
[уреди | уреди извор]Андерлехт
[уреди | уреди извор]- Белгиско првенство : 2009-2010.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ https://twitter.com/RomeluLukaku9 twitter
- ↑ 2,0 2,1 „Romelu Menama Lukaku“. Soccerway. Global Sports Media. Посетено на 3 August 2011.
- ↑ „Player Profile: Romelu Lukaku“. Premier League. Архивирано од изворникот на 2016-05-29. Посетено на 31 July 2012.
- ↑ Tuttomercatoweb.com, уред. (13 ноември 2012). „101 prospetti per il futuro. Ecco la lista di Don Balon“. Посетено на 13 ноември 2012.
- ↑ Profilo su Calciozz.it
- ↑ „The Full Interview: Teenage Sensation Reveals All About His Life, Loves And His Footballing 'Gift From God'“. Goal.com. 17 January 2011. Посетено на 20 January 2011.
- ↑ „Lukaku : " Je sais que je serai récompensé de mes efforts "“ (француски). FootGoal.net. 2 September 2009. Посетено на 17 November 2010.
- ↑ „Standard is opnieuw kampioen van België“ (холандски). Sporza. 24 May 2009. Посетено на 26 May 2009.
- ↑ Lukaku, il bomber dei record sportmediaset.mediaset.it
- ↑ soccerway.com, уред. (17 декември 2009). „Ajax 1-3 Anderlecht“. Посетено на 2 јули 2014.
- ↑ it.eurosport.yahoo.com, уред. (25-02-2010). „Anderlecht-Athletic Bilbao 4-0“. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Chelsea betaalt 12 miljoen voor Lukaku (maar het kan oplopen tot 20 miljoen)“. Sportwereld. 12 August 2011. Архивирано од изворникот на 2012-08-18. Посетено на 2014-07-02.
- ↑ „Chelsea 3–1 Norwich“. BBC Sport. 27 August 2011. Посетено на 29 December 2011.
- ↑ Szczepanik, Nick (14 May 2012). „Chelsea cruise against Blackburn Rovers ahead of Champions League final in Munich“. The Independent. London.
- ↑ „Romelu Lukaku felt no joy at Chelsea's Champions League win“. BBC Sport. 31 May 2012. Посетено на 24 August 2012.
- ↑ „Fulham in talks to loan Lukaku from rivals Chelsea“. Goal.com. 17 July 2012. Посетено на 24 August 2012.
- ↑ „LUKAKU WEST BROM LOAN“. chelseafc.com. 2012-08-10. Посетено на 2012-08-10.
- ↑ McNulty, Phil (18 August 2012). „West Brom 3–0 Liverpool“. BBC Sport. BBC. Посетено на 3 September 2013.
- ↑ "West Brom 1–0 Reading" BBC Sport. 22 September 2012. Retrieved 14 January 2013.
- ↑ „Sunderland 2 West Brom 4: Albion rewrite the history books as they go up to third“. Daily Mail. 24 November 2012.
- ↑ „West Brom went third in the Premier League after recording four successive top-flight wins for the first time since 1980 with victory at Sunderland“. BBC Sport. 24 November 2012. Посетено на 5 February 2013.
- ↑ „Reading 3–2 West Bromwich Albion“. ESPNFC. 12 January 2013.[мртва врска]
- ↑ „I don't care what Chelsea are doing at the moment: Lukaku wants to stay at West Brom“. Daily Mail. 14 January 2013.
- ↑ „Romelu Lukaku believes he can become a legend at Chelsea“. Sky Sports. 5 February 2013.
- ↑ „Gareth McAuley and Romelu Lukaku scored late goals as West Brom pinched a remarkable victory at Liverpool to end a sequence of six games without a win“. BBC Sport. 11 February 2013.
- ↑ 26,0 26,1 „Romelu Lukaku continued his good form as West Brom beat Swansea to move up to seventh in the Premier League“. BBC Sport. 9 March 2013.
- ↑ „West Brom 5 Manchester United 5: Fergie's career ends with ten-goal thriller“. Daily Mail. 19 May 2013. Посетено на 19 May 2013.
- ↑ „Manchester United share 10 goals with West Brom in Alex Ferguson's finale“. The Guardian. 19 May 2013. Посетено на 19 May 2013.
- ↑ „Lukaku set to STAY at Chelsea as Mourinho assures young striker he will get his chance“. Daily Mail. 7 June 2013. Посетено на 4 August 2013.
- ↑ „Transfer deadline day: Everton sign James McCarthy and Romelu Lukaku, Lukaku scored on his debut after replacing Steven Naismith at half time“. Sky Sports. BSkyB. 3 September 2013. Посетено на 3 September 2013.
- ↑ http://www.bbc.co.uk/sport/0/football/24089772
- ↑ "Everton 3–2 Newcastle" BBC Sport. 30 September 2013. Retrieved 7 October 2013.
- ↑ "Manchester City 3–1 Everton" BBC Sport. 5 October 2013. Retrieved 7 October 2013.
- ↑ „Aston Villa 0–2 Everton“. BBC Sport. Посетено на December 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Romelu Lukaku claims Everton's draw with Liverpool is the 'best derby' he has played in“. Sky Sports. Посетено на December 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Romelu Lukaku: Everton striker out for 'weeks rather than months'“. BBC Sport. Посетено на 29 January 2013.
- ↑ „Liverpool 4–0 Everton“. BBC Sport. Посетено на 29 January 2014.
- ↑ „Everton 1–0 West Ham“. BBC Sport. Посетено на March 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Everton 3-0 Arsenal“. BBC. 6 April 2014. Посетено на 13 April 2014.
- ↑ „Hull City 0–2 Everton“. BBC Sport. Посетено на 26 May 2014.
- ↑ „Magic Numbers: Roberto's Record-Breakers“. Everton F.C. Архивирано од изворникот на 2014-05-15. Посетено на 26 May 2014.
- ↑ „Lukaku Becomes Club Record“. Everton F.C. 30 July 2014. Посетено на 30 July 2014.
- ↑ „BSC Young Boys 1-4 Everton“. BBC Sport. 30 July 2014. Посетено на 30 July 2014.
- ↑ Baker, Ian (26 February 2015). „Everton 3-1 BSC Young Boys“. BBC Sport. Посетено на 27 February 2015.
- ↑ „Alan and Everton's Lukaku finish as top scorers“. UEFA. 27 May 2015. Посетено на 27 May 2015.
- ↑ „United sign Romelu Lukaku“. ManUtd.com. Manchester United. 10 July 2017.
- ↑ „Romelu Lukaku: Man Utd sign Everton striker for initial £75m“. BBC Sport. 10 July 2017. Посетено на 10 July 2017.
- ↑ „Rooney to join Everton“. ManUtd.com. Manchester United. 10 July 2017. Посетено на 10 July 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ромелу Лукаку на soccerway
- Ромелу Лукаку на Topforward
- Ромелу Лукаку на transfermakt
- Ромелу Лукаку на whoscored
- Ромелу Лукаку на espn
- Ромелу Лукаку на Goal.com
|