Сеговија (покраина)
Сеговија Segovia | |||
---|---|---|---|
покраина | |||
Покраинската управа во Сеговија | |||
Сеговија на картата на Шпанија | |||
Земја | Шпанија | ||
Автономни заедници | Кастиља и Леон | ||
Главен град | Сеговија | ||
Површина | |||
• Вкупна | 6.920,65 км2 (267,208 ми2) | ||
Население (2022)[1] | |||
• Вкупно | 153.803 | ||
• Густина | 0,22/км2 (0,58/ми2) | ||
Службен јазик | шпански | ||
Мреж. место | dipsegovia.es |
Сеговија (шпански: Segovia) — покраина во јужниот дел на автономната заедница Кастиља и Леон, средно-северна Шпанија. Се граничи со покраните Бургос на север, Сорија на североисток, Гвадалахара на исток, Мадрид на југ, Авила на запад и југозапад и Ваљадолид на северозапад. Главен град е Сеговија.
Преглед
[уреди | уреди извор]Во 2022 г. населението броело 153.803 жители[1], од кои една третина живеат во главниот град. Од вкупно 209 општини во покраината,[2] повеќе од половина се села со помалку од 200 жители.
Се смта дека името Сеговија е од келтиберско потекло, но исто така се смета дека произлегува од освојувањето на Кастиља од Визиготите, скандинавско / германско племе кое живеело на ова подрачје од IV до VI век.[3] Историското наследство на покраината е богато и разновидно. Во главниот град се наоѓа 800-метарскиот римски аквадукт, кој е од посебно значење. Целиот град е прогласен за светско наследство во 1985 г.[4] Селата Сепулведа, Ајљон, Педраса, Кока и Ла Гранха де Сан Илдефонсо привлекуваат голем број туристи.[4] Во Ла Гранха има државен споменик на културата — Кралскиот дворец. Во Ајљон е куќата на истакнатиот поет Антонио Мачадо.[4] Туризмот е една од главните стопански гранки. Од големо значење е и земјоделството. Најважни житарки во минатото биле пченицата, јачменот, ’ржта и оризот.[5] Во XVII век житното производство опаднало во многу места.[6] Развиено е и сточарството.[7]
Развој на населението
[уреди | уреди извор]The historical population is given in the following chart:
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Cifras oficiales de población de los municipios españoles en aplicación de la Ley de Bases del Régimen Local (Art. 17). Instituto Nacional de Estadística, 1 јануари 2022 г.
- ↑ Список на општини на покраинскиот портал Архивирано на 5 март 2016. (шпански)
- ↑ Altschul, Nadia R. (2012). Geographies of Philological Knowledge: Postcoloniality and the Transatlantic National Epic. University of Chicago Press. стр. 105. ISBN 978-0-226-01619-1.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Province of Segovia“. Euroresidentes. Посетено на 30 септември 2015.
- ↑ Commission, United States Centennial (1876). Official Catalogue: Complete in One Volume. I. Main Building. II. Department of Art. III. Department of Machinery. IV. Departments of Agriculture and Horticulture. Centennial catalogue Company. стр. 4.
- ↑ Thompson, I. A. A.; Casalilla, Bartolomi Yun (1994). The Castilian Crisis of the Seventeenth Century: New Perspectives on the Economic and Social History of Seventeenth-Century Spain. Cambridge University Press. стр. 81. ISBN 978-0-521-41624-5.
- ↑ Horne, Thomas Hartwell (1830). The Complete Grazier, Or, Farmer's and Cattle-breeder's and Dealer's Assistant: ... Together with an Introductory View of the Different Breeds of Neat Cattle, Sheep, Horses, and Swine : the Present State of the Wool Trade, and the Improvement of British Wool : Also, an Appendix, on Prize Cattle, Farm Accounts, and Other Subjects Connected with Agriculture. Baldwin and Cradock. стр. 218.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сеговија (покраина) на Ризницата ?
- Службен портал на Сеговија (шпански)
|
|