Сент Питер Порт
Сент Питер Порт Saint Peter Port Saint-Pierre-Port | |
---|---|
парохија | |
Поглед на Сент Питер Порт | |
Местоположба на Сент Питер Порт во рамките на Гернзи | |
Координати: 49°27′20″N 2°32′12″W / 49.4555° СГШ; 2.5368° ЗГД | |
Крунски посед | Гернзи, Каналски Острови |
Површина | |
• Вкупна | 6,5 км2 (25 ми2) |
Надм. вис. | 0 м |
Население (2014) | |
• Вкупно | 18.207 |
• Густина | 280/км2 (730/ми2) |
Час. појас | GMT |
• Лето (ЛСВ) | UTC+01 (UTC) |
Пошт. бр. | GY1-GY9 |
Мреж. место | stppcons.com |
Сент Питер Порт (англиски: Saint Peter Port, француски: Saint-Pierre-Port) — главен град и парохија на островот Гернзи и негово главно пристнаиште. Во 2001 г. населението броело 16.488 жители. На гернзискиот дијалект на нормандскиот и фраnцуски (некогаш службен јазик на Гернзи). Додавката „Порт“ го разликува од Сен Пјер ди Боа („Свети Петар Шумски“).
Градот е мал и претежно се состои од стрмни тесни улички со скалила. Познато е дека местото постоело како трговска населба уште пред римско време, но неговото претхристијанско име денес е изгубено.
Прекарот на жителите е les Villais (граѓани) или cllichards на гернзиски.
Географија
[уреди | уреди извор]Сент Питер Порт е сместен на источниот брег на Гернзи. Се граничи со парохиите Сент Сампсонс на север, Вале на северозапад, Сент Ендрус на запад и Сент Мартин на југ.
Крајбрежниот дел на градот гледа кон островот Херм на исток преку протокот Мал Расел, и островите Сарк и Бреку уште поисточно преку протокот Голем Расел помеѓу нив и Херм. Во Мал Расел е сместена тврдината Брехонска кула, меѓу Сент Питер Порт и Херм.
Релјеф
[уреди | уреди извор]Теренот северно од пристаништето е низински, но јужниот дел е многу повисок (но не колку Сент Мартинс или Форест). Забележителни се спилите на брегот меѓу Кевлет и Фермен.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Сент Питер Порт е поделен на четири кантони:[1]
- Кантон 1 или Северен кантон
- Кантон 2 или Северозападен кантон
- Кантон 3 или Југозападен кантон
- Кантон 4 или Јужен кантон
Во парохијата спаѓаат и островите Херм и Жету,[2] но не припаѓаат на ниеден кантон.
Изборни единици
[уреди | уреди извор]Сент Питер Порт се состои од изборни единици: Сент Питер Порт Југ и Сент Питер Порт Север.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]„Сент Питер Порт“ на Ризницата ? |
- ↑ „St. Peter Port Parish, Canton Boundaries“. Stppcons.com. 2007-11-14. Архивирано од изворникот на 2011-10-06. Посетено на 2012-10-04.
- ↑ „Bailiwick of Guernsey“. Crwflags.com. Посетено на 2012-10-04.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Управа на Сент Питер Порт (англиски)
- Портал на градската црква (англиски)
|