Серија Б
Земја | Италија |
---|---|
Конфедерација | УЕФА |
Основана | 1929 |
Број на клубови | 19 |
Нивоа на пирамида | 2 |
Промоција во | Серија А (прва лига) |
Испаѓање во | Серија Ц (трета лига) |
Домашен куп | Куп на Италија |
Тековен првак | Емполи (2. титула) (2017–18) |
Најмногу титули | Аталанта Џенова (6. титули) |
ТВ партнери | DAZN |
Мрежно место | legaseriea.it |
Трофеј | |
Серија Б 2018-2019 |
Серија Б, поради спонзорски причини позната и како Serie B BKT, е второ по ранг натпреварување во италијанскиот фудбал. Во лигата настапуват 19 клуба.
Формат
[уреди | уреди извор]Во Серија Б се натпреварувале 20 тимови до сезоната 2002-2003. Подоцна била проширена на 24 тимови во сезоната 2003-2004, сè до нелегалните проблеми околу испаѓањето на Катанија. Серија Б повторно го менувала бројот на клубовите и се вратиле на 24 во сезоната 2004-2005, кога се менувал и бројот на клубовите во Серија А и од 18 се проширува на 20 екипи. Следната сезона бројот на клубови бил намален на 22.
Двете првопласирани екипи секоја сезона обезбедуваат промоција во Серија А, додека третиот клуб кој исто така следната сезона ќе игра во најквалитетното натпреварување по ранг во Италија се одредува со одигрување на плејоф. Екипите од 3-тото до 8-мото место на табелата во регуларниот дел на сезоната се квалификуваат за плејофот (или доигрување) за влез во Серија А, така што играат по два натпревари (дома-гости). Најпрво меѓусебе играат екипите пласирани од 5-тото до 8-мото место, а победниците од тие два натпревари подоцна играат во плејоф полуфиналето против 3-тата и 4-тата екипа од регуларниот дел на сезоната, а победниците од тие двобои во финалето на плејофот го даваат последниот член на Серија А. Не се важи правилото гол во гости и во случај на нерешен резултат по двата натпревари понатаму оди екипата која била повисоко пласирана во регуларниот дел од сезоната. Последнопласираните три екипи во сезоната во Серија Б, испаѓаат во понизок ранг на натпреварување т.е. во таканаречената Лега Про (некогашна Серија Ц), додека двете екипи над трите што директно испаѓаат играат плејаут.
Спонзорство
[уреди | уреди извор](спонзор врз името на плејофот за пормоција и плејаутот за испаѓање) | |||
-
Логот на Серија bwin од 2010 до 2013.
-
Логото на Серија Б Еуробет користено од 2013 до 2014.
-
Логото на Серија Б во сезоната 2014-2015.
-
Логото на Серија Б во периодот 2015-2018.
-
Логото на Серија Б од 2018 година.
Екипи
[уреди | уреди извор]Екипи во сезоната 2023-2024
[уреди | уреди извор]Учество во лигата по сезони
[уреди | уреди извор]- 65 сезони: Бреша
- 53 сезони: Верона
- 52 сезони: Модена
- 48 сезони: Бари
- 46 сезони: Палермо
- 40 сезони: Монца
- 39 сезони: Пескара, Венеција
- 38 сезони: Падова
- 37 сезони: Комо, Пиза, Виченца
- 35 сезони: Реџана
- 34 сезони: Катанија, Новара, , Џенова
- 32 сезони: Месина
- 31 сезони: Таранто, Чезена
- 29 сезони: Каљари
- 28 сезони: Аталанта, Катанѕаро
- 26 сезони: Кремонезе, Лече, Парма, Салернитана, Тернана
- 25 сезони: Ливорно
- 24 сезони: Перуџа, Специја
- 23 сезони: Фоџа
- 22 сезони: Анкона, Реџина, Триестина
- 21 сезона: Варезе, Самбенедетезе, Спал
- 20 сезони: Алесандрија, Асколи
- 19 сезони: Козенца, Емполи, Лукезе, Пистоезе
- 18 сезони: Авелино, Пјаченца, Удинезе
- 16 сезони: Арецо, Тревизо
- 14 сезони: Лењано, Мантова
- 13 сезони: Про Патрија, Сиена
- 12 сезони: Болоња, Кротоне, Фанфула, Наполи, Про Верчели, Торино
- 11 сезони: Виџевано, Лацио, Леко, Сампдорија
- 10 сезони: Марцото, Прато, Читадела
- 9 сезони: Албинолефе, Римини
- 8 сезони: Кјево, Фрозиноне
- 7 сезони: Равена, Сиракуза,
- 6 сезони: Бриндизи, Вијареџо, Гросето, Серењо, Фиделис Андрија
- 5 сезони: Кампобасо, Фјорентина, Потенца, Савона, Сасуоло
- 4 сезони: Барлета, Виртус Ланчано, Јуве Стабија, Казале, Латина, Монфалконе, Павија, Про Сесто, Трапани
- 3 сезони: Виртус Ентела, Дертона, Грион Пула, Л’Аквила, Кавезе, Карпи, Ночерина, Пјомбино, Савоја, Санремезе
- 2 сезони: Акиреале, Бјелезе, Вогерезе, Галаратезе, Карарезе, Касертана, Кастел ди Сангро, Крема, Губио, Лигурија, Ликата, Милан, Про Гориција, Рјети, Сампиердарензе, Скафатезе, Суѕара, Трани, Фјумана
- 1 сезона: Алба Трастевере, Алцано, Арсенале Таранто, Беневенто, Болцано, Вита Нова, Галиполи, Јувентус, Ла Доминанте, Магента, Макерата, Масезе, МАТЕР, Матера, Местрина, Молинела, Портогруаро, Рома, Сестрезе, Соренто, Фермана, Форли, Чентезе
Шампиони и промоции по сезони
[уреди | уреди извор]- Екипите кој се во заграда не избориле промоција во Серија А.
- Екипите во италик се избориле за промоција преку плејоф.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Il campionato si chiamerà "Serie B Eurobet"“. legaserieb.it. 1 август 2013. Архивирано од изворникот на 2013-08-04. Посетено на 2016-05-05.
|