Снимател
Изглед
Снимател, камерман[1][2] (англиски: cameraman) или кинооператор — занимање во киното, лице што снима за филм, телевизија и сл.[3][4][5] Тој е стручњак што управува со кинокамера или видеокамера, со чија помош се снимаат подвижни слики. Снимателот е одговорен за видливиот дизајн на филмот и фотографскиот квалитет на сликата, а исто така е непосредно вклучен во создавањето на специјални ефекти. Снимател е зналец што ги знае изразитите можности на осветлувањето, знае да користи киноопрема и оптика, како и помошна снимателска опрема: колички, кранови, стедиками итн.[6]
Снимателот работи заедно со режисерот, раководителот на студиото, помошникот за производство и управникот на фотографија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „камерман“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „камерман“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ СНИМАТЕЛ НА СЛИКА
- ↑ „снимател“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „снимател“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Ascher, Steven; Pincus, Edward (2007). „The Shoot“. The Filmmaker's Handbook: A Comprehensive Guide for the Digital Age (3rd. изд.). Plume. стр. 315-316. ISBN 978-0-452-28678-8. Посетено на 18 April 2019.