Стараја Руса (на руски: Ста́рая Ру́сса) — староруски град во северозападниот дел на Русија. Се наоѓа во Новгородската област и е трет по големина во областа.
Градот е административен центар на истоимениор реон и градска општина, има 33 335 жители (2008). Сместен е на вливот на реката Порусja во реката Полист, на 99 км јужно од Велики Новгород. Познат е по своите лековити бањи, чија минерална вода се користела за лековити цели.