Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Стејт департмент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зградата посветена на Хари Труман во главниот град Вашингтон, седиште на Стејт департментот

Стејт департмент (на англиски: State Department или United States Department of State, буквално преведено како Државен оддел на САД) — сојузен орган на извршната власт на САД, надлежен за водење на надворешната политика и меѓународните односи, кој е еквивалент на министерство за надворешни работи во некои земји. Основан во 1789 година како прв извршен оддел на САД,[1] дел од надлежностите на одделот се: советување на претседателот на САД, управување со дипломатските мисии на нацијата, преговори со странски ентитети и застапување на САД во Обединетите нации.

Со овој орган раководи државниот секретар, кој е номиниран од претседателот на САД и одобрен од Сенатот на САД. Државниот секретар е главен дипломат и претставник на нацијата во странство, тој е прв по важност меѓу членовите на т.н. Кабинет на Соединетите Држави, дел од извршната гранка на сојузната влада на САД, како и четврти по ред на претседателската линија на заменици, која предвидува кој ќе ја преземе функцијата доколку актуелниот претседател на САД умре, поднесе оставка, биде сменет од функцијата или не е способен да ја извршува функцијата.

Стејт департментот е сместен во зградата именувана по Хари Труман, во населбата Фоги Ботом во главниот град Вашингтон, на само неколку блокови од Белата куќа. Од јануари 2021 година, тековен државен секретар на САД е Ентони Блинкен, кој стапува на функцијата како дел од администрацијата на Џо Бајден.

  1. „A New Framework for Foreign Affairs“. A Short History of the Department of State. U.S. Department of State. March 14, 2015. Посетено на March 14, 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]