Такеда (клан)
Такеда (јапонски: 武田氏; Takeda-shi) бил јапонски клан, активен од крајот на хејанскиот период (794 - 1185 година [1]) до воспоставувањето на Шогунатот Токугава во 1603 година. Историско седиште на овој клан била покраината Каи, денешната Префектура Јаманаши [2][3].
Грбови
[уреди | уреди извор]- Четири баклави (на сликата)
- Четири баклави опкружени со прстен
- Стоногалка
- Ханабиши (три вертикални цвеќиња)
- Фуринказан
- симболот Таи (大)
Историја
[уреди | уреди извор]Потекло
[уреди | уреди извор]Такеда биле потомци на царот Сеива (850-880) и огранок на кланот Минамото од Минамото Но Јошимицу (1056-1127), брат на Минамото Но Јоши (1039-1106). Минамото Но Јошикијо (1075? – 1149?), син на Јошимицу, бил првиот кој го зел името Такеда.
Камакура до почетокот Азучи-Момојама периодотот
[уреди | уреди извор]Во 12 век, кон крајот на Хеиан периодот, кланот Такеда ја контролирал провинцијата Каи. заедно со неколку други кланови, му помогнале на својот роднина Минамото Но Јоритомо против Таира во Генпејската војна. Кога Минамото Но Јоритомо бил поразен кај Ишибашијама во 1181 година, била побарана помош од Такеда Набујоши, а кланот Такеда испратил војска од околу 20 000 души како помош на Јоритомо. Такеда Набумитсу (1162–1248) му помогнал на кланот Хоџао во текот на војната Јокиу, а за возврат бил назначен за гувернер на провинцијата Аки. До периодот Сенгоку, Такеда биле сјуго (управници) на покраините Каи, Аки и Вакаса.
Периодот Сенгоку
[уреди | уреди извор]Непосредно пред почетокот на периодот Сенгоку, кланот Такеда учествувал во задушувањето на бунтот на Уесуги Зенсху [4], кој бил главен советник на Ашикага Моцхиуји, непријател на централната власт. Во 1415 година, Моцхиуји, господарот на кланот Уесуги извршил одмазда врз Такеда. Оваа одмазда била почеток на долгото непријателство помеѓу Такеда и Уесуги кое траело околу 150 години и завршило кон крајот на периодот Сенгоку [5].
Такеда Шинген
[уреди | уреди извор]Овој клан најголемата моќа ја достигнал за време на владеењето на Такеда Шинген. Шинген е роден во 1536 година. Неговото родно име било Харунобу, а будистичкото име Шинген започнал да го користи во 1559 година. Во 1541 година, Шинген го соборил својот татко и ја презел контролата над кланот Такеда.
Во 1554 година, за да ги осигура своите јужни и источни граници, склучил сојуз со Имагава Јошимото и Хоџо Уџијасу. Овој сојуз започнал да се распаѓа, кога Шинген склучил сојуз со Ода Нобунага, кој го уништил Јошимото во Битката кај Окехазам во 1560 година. Меѓутоа и овој сојуз се распаднал кога Токугава Иејасу, сојузник на Ода Нобунага, започнал акција за поделба на проивнциите на Имагава Јошимото - Суруга и Тотоми. Шинген имал исто така претензии над овие провинции и во 1570 година нападнал областа Суруга. Овој чекор на Шинген, го потикнал Токугава Иејасу да склучи сојуз со Уесуги Кеншин. Во 1571 година, дошло до судир помеѓу нив во провинцијата Тотоми, а Шинген ја нападнал територијата на Токугава Иејасу - провинцијата Микава.
Во 1572 година, Шинген започнал офанзива во правец на запад. Целта на овој поход не доволна јасна, меѓутоа најчесто се толкува како марш кон Кјото за да се елиминира Ода Нобунага, со што Шинген би воспоставил своја контрола над централните делови на Јапонија. Шингеновиите дејствија, неговите поранешни победи, особено победата над здружените сили на Ода Нобунага и Токугава Иејасу во Битката кај Микатагахара во провинцијата Тотоми го потикнале шогунот Ашикаги Јошиакиј отворено да истапи против Ода Нобунага, со што дошло до пад на Муромачи шогунатот. Поради болест, Шинген ги прекратил понатамошните напади и на пат кон дома на 13 мај 1573 година починал.
Пад на кланот
[уреди | уреди извор]Шинген бил наследен од неговиот син Кацујори кој ја продолжил војната со Ода Нобунага и Токугава Иејасу. Борбите се воделе во провинцијата Тотоми. Меѓутоа, кога Кацујори ја нападнал провинцијата Микава, дошол во судир со здружените сили на Ода Нобунага и Токугава Иејасу. Во Битката кај Нагашина на 21 мај 1775 година, силите на Такеда биле катастрофално поразани. По битката, Кацујори успеал да се опорави од поразот, но тој немал популарност меѓу народот и немал влијание како што имале Ода Нобунага и Токугава Иејасу. Падот на Кацујори започнал со предавството на Хоџо Уџимасе кој преминал на страната на Ода Нобунага и Токугава Иејасу. Во почетокот на 1582 година, мајважните вазали на Кацујори преминале на страната на Нобунага, атој започнал силен напад врз териториите на кланот Такеда. Кацујори не можел да се спротивстави и на 3 април 1582 година извршил самоубиство. Неговите територии биле поделени помеѓу генералите на Нобунага, а кланот Такеда бил уништен.
Современ период
[уреди | уреди извор]Такеда е често презиме во современа Јапонија, меѓутоа не секој кој го носи ова презиме потекнува од кланот Такеда. Всушност, голем дел од вистинските потомци на кланот Такеда имаат други презимиња, кои настанале при создавање на споредни гранки на кланот Такеда. Во периодот Токугава, неколку даимјонски семејства биле дирекни потомци на Такеда.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ "Heian period". Encyclopædia Britannica. Retrieved 2007-04-24.
- ↑ „Takeda-shi (武田氏)“. Kokushi Daijiten (国史大辞典) (јапонски). Tokyo: Shogakukan. 2012. Архивирано од изворникот на 2007-08-25. Посетено на 2012-05-09.
- ↑ „Takeda family“. Encyclopedia of Japan. Tokyo: Shogakukan. 2012. Архивирано од изворникот на 2007-08-25. Посетено на 2012-05-17.
- ↑ „Uesugi Zenshū, Rebellion of“. Encyclopedia of Japan. Tokyo: Shogakukan. 2012. Архивирано од изворникот на 2007-08-25. Посетено на 2012-05-17.
- ↑ „Uesugi family“. Encyclopedia of Japan. Tokyo: Shogakukan. 2012. Архивирано од изворникот на 2007-08-25. Посетено на 2012-05-17.