Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Твор

Од Википедија — слободната енциклопедија

Твор[1] (латински: Putorius putorius L.) — животно кое спаѓа во класата цицачи, ред месојади - ѕверови.

Група на творови во Шведска

Распространетост

[уреди | уреди извор]

Распространет е низ целиот Балкан. Како и лисицата[2], се задоволува со секое живеалиште на кое наоѓа доволно храна. Од овие причини еднакво се среќава како во планинските така и во рамничарските подрачја. За време на зимскиот период, гоплем број женки се населуваат во близина на човечки населби, а не е редок случај да се здружуваат и по одделни стопански згради, купишта од гранки и слично.

Дење мирува во своето легло, а храна бара ноќно време. Творот е мошне крволочен и убива многу повеќе отколку што може да изеде, бидејќи сака да пие крв.

Бојата му е темно-костенлива. Може да израсне во должина до 40 см. и 500-1200 гр. во тежина. На задникот, покрај шупокот, има две жлезди кои лачат материја со многу непријатна миризба. Со исфрлањето на оваа смрдеа, творот, кога е во опасност, настојува да го одбие непријателот.

Размножување

[уреди | уреди извор]

Се пари од март до јули, а млади се наоѓаат од април па сè до август, според кое може да се заклучи дека творот се пари еднаш или двапати годишно. Женката носи околу 40 дена и раѓа од 4 до 9 млади.

  1. „твор“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври 1978