Вкупно 172 играчи се натпреварувале во четири дисциплини. На овие олимписки игри било забележано присуството на поголем број од најдобрите тенисери во светот, а тоа се должело на фактот што за првпат играчите добивале АТП и ВТА бодови. Мартина Навратилова за првпат настапила на Олимписки игри и играла во конкуренција на двојки заедно со Лиза Рејмонд.
Во поединечна конкуренција за мажи, Николас Масу го освоил златниот медал, победувајќи го во финалето Марди Фиш. Тој исто така го освоил и златниот медал во двојки. Во поединечна конкуренција за жени, Жастин Анин-Арден го освоила златниот медал, победувајќи ја во финалето Амели Моресмо.