Уставна монархија
Државни уредувања |
---|
Дел од темата Политика |
Портал Политика · уреди |
Уставна монархија — државно уредување воспоставено под уставен систем којшто признава само избран или наследен монарх како глава на државата, за разлика од апсолутната монархија, каде што монархот не е ограничен со устав и е единствениот извор на политичка моќ. Процесот на влада и закон во уставната монархија вообичаено е многу поинаков од оној во апсолутната монархија. Современите уставни монархии обично се водат според концептот на „поделба на моќта“ (trias politica), каде што монархот е или глава на извршната власт или има само церемонијална или симболичка улога.
Во претставничките демократии што се уставни монархии, како Обединетото Кралство, монархот може да биде претседател на државата, но премиерот, чија моќ потекнува директно или индиректно од избори, е претседател на владата.
Иако сегашните уставни монархии воглавно се демократии (наречени уставни демократски монархии), тоа не било отсекогаш така. Постоеле монархии коишто имале устави што биле фашистички (или квазифашистички), како што било во Италија, Јапонија и Шпанија, или со воени диктатури, како што моментално е во Тајланд.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|
Оваа статија политика е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |