Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Холандските Антили на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Холандски Антили на Олимписките игри

Знаме на Холандските Антили
МОК-код  AHO
НОК Олимписки комитет на Холандските Антили
Порталwww.sports.an (англиски)
Олимписка историја
Летни олимпијади
Зимски олимпијади
Други поврзани настапи
Независни учесници (2012)
Аруба (2016–)
Холандија (2016–)

Холандски Антили учествувале на Олимписките игри од 1952 па сè до 2008 година. Како составен дел од Холандија, тие се придружиле на холандскиот бојкот на игрите во 1956 година и исто така се придружиле и на американскиот бојкот на игрите во 1980 година. Холандските Антили учествувале двапати на Зимските олимписки игри.

Националниот олимписки комитет за Холандските Антили бил создаден во 1931 година и бил признаен од страна на МОК од 1950 година сè до 2011 година кога се распаднале Холандските Антили.[1] На Летните олимписки игри во 2012 година, учесниците од петте острови се натпреварувале како независни учесници.

Составни делови

[уреди | уреди извор]

Аруба ги напуштила Холандските Антили во 1986 година и станала составен дел на Холандија. Оттогаш, нивните спортисти се натпреваруваат одделно под сопствено знаме. По распадот на Холандските Антили во 2010 година, Бонаир, Свети Евстахиј и Саба станале дел од Холандија како специјални холандски општини. Курасао и Свети Мартин станале посебни територии од Кралството Холандија. Во 2016 година, спортистите од овие острови ќе можат да се натпреваруваат по свој избор за Холандија или Аруба.

Сите заедно се нарекуваат „Холандски Кариби“.

Тројца учесници од петте острови на поранешните Холандски Антили можеле да се натпреваруваат како независни спортисти. Тие се натпреварувале под олимпиското знаме.

Список на медалисти

[уреди | уреди извор]

Од 2008 година, Јан Боерсма е единствениот спортист од Холандските Антили кој освоил медал, сребрен медал во едрење. Иако можеле да освојат уште едно сребро на игрите во Пекинг, по финалето на 200 м, кога Чуранди Мартина завршил втор, зад Хусеин Болт и неговиот настап на кој го срушил светскиот рекорд. На Мартина не му бил доделен медалот поради протестот од американските делегати кои го обвиниле дека трчал надвор од својата патека. Иако била поднесена жалба против дисквалификацијата на 6 март 2009 година истата е одбиена од Арбитражниот суд за спорт.[2]

Медал Име Игри Спорт Настан
 Сребрен Боерсма, ЈанЈан Боерсма Јужна Кореја Сеул 1988 Едрење Мажи едреник

Распадот на Холандските Антили

[уреди | уреди извор]
Логото на олимпискиот комитет на Холандските Антили

По распадот на Холандските Антили, Олимпискиот комитет на Холандските Антили повеќе не бил признат како Национален олимписки комитет.[1] На Олимписките игри во 2012 година, претставниците од петте острови се натпреварувале како независни спортисти под олимпиското знаме. Трите спортисти од поранешните Холандски Антили учествувал како дел од независните уесници: Лиемарвин Бонавација се натпреварувал во атлетика (400 м), Филипин Ван Анолт се натпреварувал во (едрење) и Региналд Де Винд се натпреварувал во џудо (81 кг).[3] Сите тројца натпреварувачи се од Куракао. Чауранду Мартина се натпреварувала за Холандија.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Curtain comes down on 123rd IOC Session“. Olympic.org.
  2. Martina's bid to reclaim silver rejected, ESPN.com, March 6, 2009.
  3. http://www.bbc.co.uk/sport/olympics/2012/countries/independent-olympic-athletes