Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Хроматин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Главните структури во компактирањето на ДНК: ДНК, нуклеозомот, зрната од 10 nm на низа хроматинско влакно и метафазниот хромозом

Хроматинот е најважниот дел на јадрото. Во неговиот состав влегуваат молекули на ДНК кои се носители на генетичката информација. Хроматинот е изграден од хроматински нишки. Се јавува во две форми, и тоа како хетерохроматин и како еухроматин.

Хетерохроматинот е спирализирана форма на хроматинските нишки, се обојува интензивно со базични бои, а во однос на синтезата на РНК е неактивна форма на хроматинот.

Еухроматинот претставува деспирализирана форма на хроматинските нишки, која многу слабо се обојува и е активна форма на хроматинот.