Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Call of Duty 4: Modern Warfare

Од Википедија — слободната енциклопедија
Call of Duty 4: Modern Warfare
Податотека:Call of Duty 4 Modern Warfare.jpg
Изработувач(и) Infinity Ward
Aspyr (верзија за Mac)
Treyarch (верзија за Wii)[1]
Издавач(и) Activision
Дизајнер(и) Кит Арем
Писател(и) Џеси Стерн
Композитор(и) Стивен Бартон, Хери Грегсон-Вилијамс
Серијал Call of Duty
Погон IW погон[2]
Последна верзија 1.7 (од 28 јуни, 2008)
Подлоги Mac OS X, Microsoft Windows, PlayStation 3, Wii, Xbox 360, мобилен телефон
Датум на издавање 360, PS3 и Windows
СА 5 ноември, 2007
АВС 7 ноември, 2007
ЕВР 9 ноември, 2007
Mac
СА 26 септември, 2008
Wii
СА 10 ноември, 2009[1]
Жанр(ови) Пукач од прво лице
Режим(и) самостоен, групен (семрежен, мрежен, Nintendo Wi-Fi Connection, PlayStation Network, Xbox Live)
Медиум Blu-ray диск, ДВД-ДЛ, Wii Optical Disc, преземање
Начин на
контролирање
Гејмпад, тастатура и глувче, Wii Remote и Nunchuk

Call of Duty 4: Modern Warfare — пукачка видеоигра од прво лице изработена од страна на Infinity Ward и објавена од страна на Activision за оперативните системи Microsoft Windows и Mac OS X, и за играчките конзоли Xbox 360, PlayStation 3 и Wii. Играта беше објавена во Северна Америка, Австралија, и Европа во ноември 2007 за Xbox 360, PlayStation 3, и за Windows, во септември 2008 за Mac, и во ноември 2009 за Wii конзолата.[1] Ова е четврта игра во серијалот, и е проследена со директно продолжение, Call of Duty: Modern Warfare 2. Играта е прва од серијалот чија тематика не се развива околу Втората светска војна, и наместо тоа е сместена во помодерно време. Call of Duty 4 беше развивана 2 години, и користи комерцијален играчки погон.

Приказната на играта се одвива во фиктивна блиска иднина, каде што радикалниот водач Имран Захаев дал наредба за убиство на Ал-Фулани, претседател на неименувана држава во Блискиот Исток, и едно „ултранационалистичко“ движење започнува граѓанска војна во Русија. Случувањата во овие конфликти се проследени од перспективите на американските извиднички маринци и британските SAS командоси и се поставени на повеќе локации, вклучувајќи го Блискиот Исток, Азербејџан, Русија и Припјат во Украина. Групниот дел на играта се состои од повеќе различни играчки режими и содржи систем на достигнување нивоа кои му нудат на играчот дополнителни оружја, додатоци за оружја и шеми за камуфлажа како што тој напредува низ нивоата.

Системски побарувања:

  • 2,4 GHz CPU
  • 512 MB RAM
  • 10 GB слободна меморија на тврдиот диск
  • Intel Pentium 4 или AMD еквивалентно
  • DirectX 9.0

Оваа игра е првата игра од серијата Call of Duty, во која темата не е Втората светска војна туку модерно војување. Во оваа игра играте со повеќе ликови исто како и во претходните серии на Call of Duty: американецот Paul Jackson и британците MacTavish и John Price.

Се наоѓате на неколку локации меѓу кој се и : Блискиот Исток, Азербејџан, Русија, Велика Британија и Припјат (Украина).

Стил на играње

[уреди | уреди извор]

Пренесувањето на дејствијата во играта од Втората светска војна во едно помодерно време воведе нови оружја и технологија во серијалот Call of Duty. Во играта беа претставени оружја од поновите времиња како автоматот M4A1 со SOPMOD додатоци, снајперскиот рафал M40A3, минофрлачот M203 и автоматот MP5SD. Оружјата од мртвите противници можат да бидат подигнати и заменети со оружјата на играчот. Играчите исто така имаат и додатоци испецијални способности како придушувачи, C-4 експлозиви, нагазни мини, и способноста да повикаат воздушна поддршка.

Стилот на играње на Call of Duty 4 е сличен по многу нешта со претходните игри од серијалот. Повторно, играчите се борат рамо до рамо со тим од компјутерски контролирани војници кои помагаат во завршувањето на мисиите во играта.

Ликовите во играта можат да бидат позиционирани во една од трите состојби: стоејќи, клекнувајќи, или лежејќи; и секјоа од нив влијае на брзината, прецзноста, и скриеноста на ликот. Криејќи се зад различни пречки на патот помага на играчот да ги избегне нападите на противниците, и да остане жив притоа регенерирајќи си го своето здравје. Кога на ликот е нанесена штета, аглите и рабовите на екранот зрачат црвено и пулсот на ликот се зголемува. Ако ликот остане надвор од опасност за одредено време, ќе закрепне. Кога играчот е во експлозивниот полупречник на граната фрлена во негова близина, на екранот се појавува ознака покажувајќи го правецот на гранатата, помагајќи му на играчот да избега или да ја фрли гранатата назад кон противникот.

Приказна

[уреди | уреди извор]

Мектавиш, Капетан Прајс, "Газ" и останатите SAS специјалци се наоѓаат во Беринговото море на еден терористички брод. Таму треба да се најде "the package". Кога тие ќе го најдат "the package" и ќе треба да бегаат од бродот тогаш бродот ќе почне да тоне. Прајс ќе му помогне на Мектавиш да стане и тогаш ќе требаат да избегаат од бродот пред тој да потоне. Кога ќе отидат на палубата нивниот хеликоптер ќе ги чека. Кога Мектавиш ќе се фрли на хеликоптерот, тој ќе почне да се лизга но Прајс ќе го фати и ќе му го спаси животот.Потоа Мектавиш, Прајс и Газ ќе треба да го спасат нивниот доушник, Николај, заедно со Русите. Наредник на русите ќе биде Камаров. Кога ќе го спасат Николај тие, заедно со него ќе се качат на својот хеликопер и ќе избегаат. На Блискиот Исток пак, Пол Џексон со американците ќе го бараат Ал-Асад, но нема да го најдат. Потоа Пол Џексон со Васкес и други, ќе треба да го заштитат тенкот Абрамс. Во Западна Русија, Мектавиш, Прајс, Газ, Николај и другите SAS специјалци ќе треба да ги уништат непријателските патроли. И во тоа ќе успеат. Потоа Мектавиш ќе треба со AC-130 хеликоптерско оружје да ги брани Прајс и SAS специјалците. Пол Џексон и американските војници пополека ги уништуваат и последните сили на Ал-Асад. Но кога ќе успеат да избегаат тогаш ќе експлодира јадрена бомба и никој нема да преживее. Во тоа време Мектавиш, Прајс, Газ, SAS специјалци и руски војници ќе бидат во Азербејџан и ќе го најдат Ал-Асад во една во куќите во селото во коешто се наоѓаат. Додека Прајс го тепа Ал-Асад ќе заѕвони телефонот на Ал-Асад, Газ ќе му го даде на Прајс тој ќе слушне и ќе го убие Ал-Асад. Потоа следува овој разговор:

Газ: Кој беше тоа господине?

Прајс:Захаев.

Прајс:Имран Захаев.

Потоа приказната ќе се врати малку наназад 15 години во Припјат, Украина, и таму ќе има два лика: Прајс и Мекмилан.

Тие таму ќе бидат облечени во снајперски облеки и ќе треба да се кријат како од терористите така и од зрачењето. Тоа го докажува и самиот изговор на почетокот од мисијата од Мекмилан:

“ Too much radiation. We’ll have to go around. Follow me, and keep low. Careful… there’s pockets of radiation all over this area. If you absorb too much, you’re a dead man.”

Потоа ќе треба дојдат до уништен хотел. Потоа кога ќе влезат во хотелот, Прајс ќе има снајпер од видот Barrett 50.call, со кој ќе му ја откине раката на Имран Захаев. Потоа тие ќе бегаат. Додека бегаат Прајс ќе погоди еден хеликоптер, кој ќе го повреди Мекмилан. Потоа Прајс ќе треба да го носи на грб Мекмилан на едно место на кое ќе чекаат додека не дојде нивниот хеликопер. Потоа се враќаме во реалноста. Тогаш Мектавиш, Прајс и Газ ќе треба да го одбранат селото од терористи.Потоа тие ќе го бркаат синот на Имран Захаев, Виктор Захаев. Кога ќе го фатат на една зграда тој со својот пиштол Colt 1911.45 ќе се самоубие. Тогаш Мектавиш, Прајс, Газ и другите ќе треба да го најдат Григс. Кога ќе го најдат, Мектавиш ќе ја прекине фабриката со струја. Кога ќе го направо тоа сите ќе треба да влезат во лансирната фабрика. Кога ќе влезат и се борат со терористите, ќе треба да влезат низ дупки за да Мектавиш ги стави кодовите за да ракетите лансирани кон Америка да не паднат. Кога ќе го направат тоа ќе треба да бегаат со камиони. Тогаш еден непријателски хеликоптер ќе го урне мостот и камионите ќе се испревртат. Тие ќе се борат против терористите, додека хеликоптерот не ги нападне со ракети. Тогаш Григс ќе го носи Мектавиш на сигурно место но ќе биде погоден во глава. Потоа Имран Захаев ќе дојде со свои придружници и ќе ги елиминира останатите преживеани. Кога ќе сака да ги убие Мектавиш и Прајс, руски хеликоптер ќе го уништи терористичкиот хеликоптер и Захаев ќе им нареди на неговите двајца придружници да пукаат кон рускиот хеликоптер. Додека тие се свртени кон рускиот хеликоптер, Прајс ќе му го даде својот пиштол Colt 1911.45 за да го убие Имран Захаев и неговите луѓе. Потоа ќе дојдат Русите и Прајс и Мектавиш ќе бидат спасени.

  1. 1,0 1,1 1,2 „Call of Duty(R): Modern Warfare(R) Coming to Wii“. Activision Publishing, Inc. PRNewswire.com. 2009-08-05. Архивирано од изворникот на 2009-09-03. Посетено на 2009-08-07.
  2. Стид, Крис (2009-07-15). „The 10 Best Game Engines of This Generation“. IGN. Посетено на 2009-07-15.