Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Clean Bandit

Од Википедија — слободната енциклопедија
Clean Bandit
Clean Bandit во 2016
Животописни податоци
ПотеклоКембриџ, Англија
Жанрови
Период на активност2008–денес
Издавачи
Мреж. местоcleanbandit.co.uk
Членови
  • Грејс Чато
  • Џек Патерсон
  • Лук Патерсон

Clean Bandit ― англиска електронска музичка група, основана во Кембриџ во 2008 година. Имале четири песни на прво место и десет топ-10 песни на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство.

Историја на групата

[уреди | уреди извор]

2008–2012: Основање и почетоци

[уреди | уреди извор]

Групата Clean Bandit била основана од Грејс Чато (виолончелистка и пејачка), браќата Џек и Лук Патерсон (клавијатури и саксофон, соодветно) и Нил Амин-Смит (виолинист). Членовите на групата се запознале додека студирале на Универзитетот во Кембриџ.[1] Во 2011 година, Чато и Џек Патерсон основале сопствена компанија за филмска продукција, Cleanfilm, за да прават музички спотови за нив и за други музичари.[1]

2012–2015: Прв албум и пробив на музичката сцена

[уреди | уреди извор]
Clean Bandit, заедно со пејачките Флоренс Ролингс и Елизабет Трој, на Way Out West во Гетеборг, Шведска, август 2014 година

Во декември 2012 година, Clean Bandit го издале првиот сингл „A+E“, кој се искачил на 100-то место на топ-листата за синглови во Велика Британија. Прв поголем успех имале со синглот „Mozart's House“, издаден во март 2013 година, кој бил инспириран од класична музика и добил позитивни рецензии. Песната се искачила на 17-то место на топ-листата за синглови во Велика Британија. Нивниот трет сингл „Dust Clears“ стигнал 43-то место во ОК. Четвртиот сингл на групата „Rather Be“ во соработка со Џес Глин бил објавен во јануари 2014 година и се искачил на врвот на топ-листата за синглови во Велика Британија. Песната завршила како втора најпродавана песна за годината во Обединетото Кралство (зад „Happy“ од Фарел Вилијамс).[2] „Rather Be“ исто така бил на прво место во: Австрија, Финска, Германија, Холандија, Норвешка и Шведска, а стигнал до десетто место на американскиот Billboard Hot 100. Првиот студиски албум на групата, New Eyes, бил издаден во јуни 2014 година.[3] Во ноември, групата повторно соработувала со Џес Глин, на нивниот сингл „ Real Love“ кој се искачил на второ место во Обединетото Кралство.[4] Истиот месец, групата настапила како дел од хуманитарната група Band Aid 30 заедно со други британски и ирски поп-изведувачи и заедно ја снимиле најновата верзија од песната „Do They Know It's Christmas?“ за да соберат пари за кризата со ебола во Западна Африка во 2014 година.[5]

Во февруари 2015 година, „Rather Be“ освоил Греми награда за најдобар денс-запис.[6]

Разговор со Елизабет Трој на FIB во 2015 година

2016–2019: Успех со „Rockabye“ и втор албум

[уреди | уреди извор]

Во октомври 2016 година, било објавено дека виолинистот и пијанист Нил Амин-Смит одлучил да ја напушти групата.[7][8] Два дена подоцна, групата ја објавила песната „Rockabye“, во која учествуваат раперот Шон Пол и пејачката Ен-Мари. „Rockabye“ станала нивна втора песна која се искачила на прво место во Обединетото Кралство,[9] каде се задржала девет недели. Станала најпопуларен божиќен сингл за 2016 година.[10][11] Песната се искачила на прво место во: Ирска, Австралија, Нов Зеланд, Германија, Италија, Шведска и Швајцарија. Во март 2017 година, Clean Bandit го издале синглот „Symphony“ во соработка со шведската пејачка Зара Ларсон. Песната станала уште еден светски хит, достигнувајќи го врвот на топ-листите во повеќе земји. [12] [13]

Clean Bandit на сцената во Рим на 28 јуни 2017 година

Clean Bandit го објавиле нивниот втор албум What Is Love? во ноември 2018 година. Албумот содржел соработки со Рита Ора, Ели Голдинг, Крег Дејвид, Ен-Мари и Чарли XCX.[14]

2020 – денес: Напуштање на Atlantic Records и нови проекти

[уреди | уреди извор]

Во текот на 2020 и 2021 година, Clean Bandit продолжиле да издаваат успешни синглови, меѓу кои „Tick Tock“ со пејачката Мејбел и раперот 24kGoldn,[15] „Higher“ со Ијан Диор,[16] „Drive“ со германскиот диџеј Топик[17] и ремикс на песната „How Will I Know“ од Витни Хјустон. Овие песни го задржале електро-поп звукот по кој е позната групата, но со поекспериментален пристап кон новите музички трендови.

Помеѓу 2022 и 2024 година, Clean Bandit се раздели со нивната издавачка куќа Atlantic Records и потпиша договор со B1 Recordings.

На 23 јули 2024 година, Clean Bandit ја најавиле новата песна со англиската пејачка Ен-Мари и францускиот диџеј Дејвид Гета под наслов „Cry Baby“. Била објавена на 9 август 2024 година. [18]

Музички стил

[уреди | уреди извор]

Clean Bandit се електронска,[19] електропоп[20] и денс-поп група.[21] Групата прави спој на електронска музика со класични дела од композитори како Моцарт и Шостакович.[22]

 Сегашни членови

  • Грејс Чато – виолончело, клавијатури, удирачки инструменти, пејачка (2008-денес)
  • Џек Патерсон – клавијатури, пејач, пијано, бас, гитара, виолина, продуцент, диџеј, саксофон (2008-денес)
  • Лук Патерсон – тапани, удирачки инструменти (2008-денес)

Турнејски музичари

  • Стефани Бенедети – виолина (2016-денес)
  • Јасмин Грин – пејачка (2016–денес)
  • Кирстен Џој – пејачка (2016–денес)
  • Сем Скироу – бас (2017-денес)
  • Ден Пејсли – гитара (2018–денес)

Поранешни членови

  • Нил Амин-Смит – виолина, пијано (2008–2016)
  • Сегава-С`сету Киванука – пејач (2008–2010)

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • New Eyes (2014)
  • What Is Love? (2018)
  1. 1,0 1,1 „Interview: Clean Bandit“. Varsity, the independent student newspaper for the University of Cambridge. 30 September 2011.
  2. Copsey, Rob (31 December 2014). „The Official Top 100 Biggest Songs of 2014 revealed“. Official Charts Company. Посетено на 10 July 2015.
  3. Copsey, Robert (3 February 2014). „Clean Bandit announce debut album New Eyes“. Digital Spy. Архивирано од изворникот на 24 September 2015. Посетено на 3 February 2014.
  4. „Band Aid 30 single storms to number one“. BBC News. 23 November 2014. Посетено на 3 February 2016.
  5. „Band Aid 30: One Direction among celebrity line-up“. Telegraph. 10 November 2014.
  6. „GRAMMYS: Clean Bandit's "Rather Be" Wins Best Dance Recording“. Headline Planet. 8 February 2015. Посетено на 4 April 2015.
  7. „Neil Milan on Twitter“. Twitter. Посетено на 23 December 2016.
  8. „Clean Bandit announce Neil Amin-Smith's departure from the band“. Official Charts Company. 21 October 2016. Посетено на 9 December 2016.
  9. Copsey, Rob (11 November 2016). „Clean Bandit's Rockabye reaches Number 1 in the UK“. Official Charts Company. Посетено на 9 December 2016.
  10. Cantor, Brian (2 December 2016). „CLEAN BANDIT, SEAN PAUL & ANNE-MARIE'S "ROCKABYE" ENJOYS 4TH WEEK AS UK'S #1 SONG“. Headline Planet. Посетено на 9 December 2016.
  11. Savage, Mark (23 December 2016). „Clean Bandit land Christmas number one with Rockabye“. BBC News. Посетено на 23 December 2016.
  12. „Clean Bandit“. Official Charts. Архивирано од изворникот на 7 October 2017. Посетено на 5 November 2017.
  13. „Official Singles Chart Top 100 – 28 April 2017 - 04 May 2017“. Official Charts. Архивирано од изворникот на 21 August 2017. Посетено на 5 November 2017.
  14. „What Is Love? (Deluxe) by Clean Bandit on Apple Music“. Apple Music. Посетено на 28 September 2018.
  15. „Clean Bandit announce new single titled Tick Tock“. www.officialcharts.com (англиски). Посетено на 20 August 2020.
  16. Gable, Jake (2021-01-30). „Clean Bandit drop new single 'Higher' feat. chart-topping rapper Iann Dior“. We Rave You (англиски). Посетено на 2024-08-11.
  17. Rees, Katrina (2021-08-09). „Clean Bandit & Topic unveil music video for 'Drive' featuring Wes Nelson“. CelebMix (англиски). Посетено на 2024-08-11.
  18. Griffiths, George (2024-08-08). „Clean Bandit talk new single Cry Baby with Anne-Marie and David Guetta: 'This is 4 years in the making'. Official Charts. Посетено на 2024-08-11.
  19. Multiple citations:
  20. Multiple citations:
  21. Multiple citations:
  22. „Clean Bandit: A classical approach to pop music“. BBC News. 26 May 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]