GLOBE
Програмата за глобално учење и набљудувања во корист на животната средина позната по англиската кратенка GLOBE е светска програма за наука и образование која се фокусира на животната средина, сега активна во над 120 земји во светот.[1] Работи на промовирање на наставата и учењето на науката, подобрување на еколошката писменост и управување и промовирање на научни откритија. Учениците и наставниците собираат податоци и вршат истражувања во соработка со научници од бројни меѓународни агенции, а нивната работа е достапна преку мрежната траница.[2]
Заднина
[уреди | уреди извор]Програмата GLOBE се обидува да ги научи младите ученици на експериментални вештини користејќи вистински експерименти и опрема. Учениците, наставниците и научниците соработуваат во единствена глобална мрежа за учење.[3]
Програмата е сместена од Универзитетската корпорација за атмосферски истражувања во Болдер, Колорадо, и истата е спонзорирана од НАСА [4] , Националната управа за океани и атмосфера и Националната научна фондација,[5] преку меѓуагенциски договор потпишан во 1998 година.[6]
Мисија
[уреди | уреди извор]Мисијата на програмата GLOBE е да го промовира наставата и учењето на науката, да ја подобри писменоста и управувањето со животната средина и да промовира научни откритија.
Потопно, некои од целите вклучуваат:
- Подобрување на постигнувањата на учениците низ наставната програма со фокус на истражувањето во науката за животната средина и системите за Земјата;
- зголемување на свеста и активностите за поддршка на поединците ширум светот во корист на животната средина;
- продонесување кон научното разбирање на Земјата како систем;
- поврзување и инспирирање на следната генерација глобални научници;
Историја
[уреди | уреди извор]- 1995: Програмата GLOBE ја започнал поранешниот американски потпретседател Ал Гор на Денот на планетата Земја, 22 април [7]
- 1997: Конференција на наставниците GLOBE одржана во САД
- 1998 година: 1-та GLOBE експедиција одржана во Финска
- 2000: 2. експедиција одржана во САД
- 2003: 53 протоколи низ атмосферата, биосферата, хидросферата и почвата
- 2003: 3. експедиција одржана во Хрватска
- 2003: НАСА ја избрала Универзитетската корпорација за атмосферско истражување за да управува со Програмската канцеларија GLOBE
- 2005: Ден на планетата Земја; GLOBE го прославува својот 10-ти роденден со 15.000 училишта во 106 земји
- 2008: 4. експедиција одржана во Јужна Африка
- 2009: 20 милиони податоци во глобалната база на податоци
- 2011: Започнува студентска кампања за истражување на климата [8]
- 2014: 1-ва регионална студентска истражувачка кампања за аеросоли, предводена од Европа и Евроазија;
- 2014: 5 експедиција одржана во Индија
- 2014: НАСА ја избрала Универзитетската корпорација за атмосферско истражување да работи со Канцеларијата за имплементација на GLOBE
- 2015: Денот на планетата Земја, GLOBE го слави својот 20-ти роденден [9]
- 2016: GLOBE обезбедува семрежна е-обука
- 2016: Лансирање на апликацијата GLOBE Observer [10]
- 2017: Податоците достигнуваат над 140 милиони мерења; Меѓународниот симпозиум за виртуелна наука се зголемува во бројот на поднесени проекти и светската застапеност и нов протокол за комарци
- 2018: 6-то GLE одржано во Ирска
Придонес од научниците
[уреди | уреди извор]Членовите на меѓународната научна заедница се вклучени во дизајнот и имплементацијата на Програмата GLOBE. Научниците се вклучени во помагањето во изборот на мерења на животната средина на GLOBE, развивање мерни процедури и обезбедување на севкупна контрола на квалитетот на податоците.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Африкански регион Архивирано на 21 декември 2009 г.
- Азиско-тихоокеанскиот регион Archived </link>
- Регионот Европа-Евроазија
- Латинска Америка-Карипски регион
- Регионот Блискиот Исток-Северна Африка
- Регионот Северна Америка
- Австралија
- Јапонија Архивирано на 11 април 2009 г. Archived </link>
- ↑ „About“. GLOBE.gov. 2012-06-28. Посетено на 2013-03-20.
- ↑ globe.gov
- ↑ Baker, Amanda (19 September 2017). „The GLOBE Program: Making the Case for K–12 Citizen Scientists“. Scientific American Blog Network (англиски). Посетено на 26 March 2021.
- ↑ „Global Learning & Observations to Benefit the Environment“. Education.ssc.nasa.gov. 2012-01-30. Архивирано од изворникот на 2013-03-02. Посетено на 2013-03-20.
- ↑ „Funding - Global Learning and Observations to Benefit the Environment - US National Science Foundation (NSF)“. nsf.gov. Посетено на 2013-03-20.
- ↑ „Interagency Agreement“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2013-03-20.
- ↑ Nussbaum, Debra (June 4, 1998). „Global Weather Project Unites Students on Web“. New York Times.
- ↑ „SCRC“. GLOBE.gov. 2012-06-28. Архивирано од изворникот на 2012-07-01. Посетено на 2013-03-20.
- ↑ Howell, Elizabeth (22 April 2015). „How to Celebrate Earth Day 2015 with NASA“. Space.com (англиски). Посетено на 26 March 2021.
- ↑ Shepherd, Marshall. „How You And The Kids Can Use A Cellphone To Help NASA Study Clouds“. Forbes (англиски) (28 March 2018). Посетено на 26 March 2021.