Maroon 5
Maroon 5 | |
---|---|
Maroon 5 на настап во 2019 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | |
Потекло | Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 1994–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | maroon5.com |
Maroon 5 (транскрипција: Марун фајв) ― американска поп-рок-група од Лос Анџелес, Калифорнија.[3][4] Се состои од пејачот Адам Левин, ритам-гитаристот и клавијатурист Џеси Кармајкл, главниот гитарист Џејмс Валентин, тапанарот Мет Флин, клавијатуристот Пи Џеј Мортон и мулти-инструменталистот и басист Сем Фарар. Оригиналните членови Левин, Кармајкл, басистот Мики Меден и тапанарот Рајан Дусик ја основале групата уште како средношколци во 1994 година под името Kara's Flowers.
Историја
[уреди | уреди извор]1994–2001: Kara's Flowers и основање на Maroon 5
[уреди | уреди извор]Адам Левин преку заедничкиот пријател и гитарист, Адам Салцман се запознал со Рајан Дусик. Левин имал 15 години, а Дусик 16.[5] Четирите оригинални членови на групата се запознале додека оделе во гимназијата Брентвуд во Лос Анџелес.[6][7] и ја основале рок-групата Кара'с Флауерс.[8] Во септември 1995 година групата самостојно го издала албумот We Like Digging?. Следните години групата имала многу концерти, а исто така снимиле продолжение на нивиот прв албум. Додека свиреле на една забава на плажа во Малибу, ги забележал независниот продуцент Томи Ален и им понудил да им стане менаџер и да снимат албум. Откако ја снимиле плочата добиле договор од Reprise Records.[9] Но, по објавувањето на The Fourth World во 1997 година, групата се претворила во група со стил кој потсетува на Бритпоп-музиката од 1960-тите.[7] И покрај големите очекувања од групата и од издавачката куќа, албумот не бил успешен, а неговиот водечки сингл, „Soap Disco“, бил фијаско.[10] Според Левин, неуспехот на албумот бил „огромно разочарување“ и за малку групата ќе се распаднела.[7][11] Албумот бил продаден во околу 5.000 примероци, а по шест месеци издавачката куќа го раскинала договорот со нов.[12]
Во 2000 и во 2001 година групата имала многу малку концерти затоа што членовите биле на факултет. Во 2001 година потпишале демо-договор со MCA Records и Тим Самер продуцирал три песни за нив. Но MCA не ги прифатила песните и тие не биле објавени. Групата направила демо кое било одбиено од неколку издавачки куќи, пред да склучат договор со Octone Records.[11]
Беркман, извршен директор на Octone Records, сметал дека на групата ѝ треба „петти член кој ќе свири на гитара и ќе го ослободи пејачот, за да стане ѕвезда на која сметав“.[12] Од Octone Records инсистирале групата да го смени името за да напушти своето поп-минато.[12] Како гитарист бил ангажиран Џејмс Валентин (од групата Square).[11] Групата накратко била позната како „Maroon“, пред да го смени името во „Maroon 5“.[1] Во интервју со Хауард Стерн, Левин открил дека единствена личност надвор од групата која ја знае приказната зад промената на името е Били Џоел.[13]
2002–2006: Songs About Jane и заминување на Дусик
[уреди | уреди извор]Во 2002 година групата го објавила првиот албум, Songs About Jane. Албумот бил продуциран од Мет Валас, кој претходно работел со групи како: Blues Traveler и Third Eye Blind. Многу песни од албумот биле директно инспирирани од турбулентната врска на Адам Левин со неговата поранешна девојка Џејн. Левин за насловот на албумот рекол: „Раскинавме кога групата почна да снима во студио. Откако составивме листа на песни, решивме да го наречеме албумот Songs About Jane („Песни за Џејн“) зошто сметавме дека тоа е најискрениот наслов за албумот.“ Албумот се искачил на шесто место на Билборд 200 во септември 2004 година,[14] 26 месеци по неговото издавање; ова бил најдолг период помеѓу издавање на албумот и неговото појавување во топ-10 откако резултатите од SoundScan биле вклучени во Билборд 200 во 1991 година.[15] Албумот се продал во над 10 милиони примероци ширум светот.[16] Во текот на следните три години, групата имала турнеја за чие времетраење посетиле седумнаесет земји.
Од Songs About Jane биле објавени четири сингла: „Hаrder to Breathe“, „This Love“, „She Will Be Loved“ и „Sunday Morning“. На Рајан Дусик (тапанар, перкусионист и придружен вокал на групата) му бил напорен животот на постојани турнеи,[17] а му се обновила и старата спортска повреда.[6] По неколку отсуства од турнејата, Дусик ја напуштил групата во септември 2006 година.[18] Мет Флин, поранешниот тапанар на Gavin DeGraw и The B-52's, ѝ се придружил на групата како замена за Дусик.[19]
2007–2012: Нови албуми
[уреди | уреди извор]Вториот албум на Maroon 5 , It Won't Be Soon Before Long, бил објавен во мај 2007 година од A&M Octone Records.[14] По неговото објавување, албумот ги срушил продажните рекорди на iTunes и бил продаден во над 101.000 примероци.[20] Првиот сингл „Makes Me Wonder“ бил објавен на 27 март 2007 година. Во првата недела од мај 2007 година, синглот од ниската 64-та позиција се искачил на прво место, најголем скок во историјата на Билборд во тоа време.[14]
Третиот студиски албум на Maroon 5 бил снимен во средината на 2009 година во Швајцарија.[21] Албумот под наслов Hands All Over, бил издаден на 21 септември 2010 година.[22] Дебитирал на второ место на Билборд 200.[23] Албумот добил мешани критики од музичките критичари, иако многу од нив го пофалиле за неговата продукција. Првиот сингл од албумот „Misery“, бил објавен на 22 јуни 2010 година и се искачил на 14-то место на Billboard Hot 100.
На 12 јули 2011 година, групата го реиздала албумот Hands All Over, за во него да го вклучи и нивниот летен хит „Moves like Jagger“ со Кристина Агилера.[24][25] Песната била премиерно прикажана во живо на The Voice на 21 јуни [26] и во септември 2011 година стигнала до врвот на Billboard Hot 100 листата.
На 20 ноември 2011 година, на Американските музички наградигрупата ја освоила наградата за Омилен поп-бенд/дуо/група. Следната година, групата ја освоила и наградата за омилен бенд од People's Choice, притоа победувајќи ги Линкин Парк и Колдплеј.[27] На 12 февруари 2012 година, групата настапила на 54-тото доделување на Греми наградите.Подоцна, Maroon 5 придонеле со песна напишана од Глен Хансард насловена како „Come Away to the Water“ за саундтрак-албумот за филмот Игри на гладните.[28]
2012: Пауза на Кармајкл и албумот Overexposed
[уреди | уреди извор]На 9 март 2012 година, Maroon 5 објавиле дека Џеси Кармајкл ќе направи пауза од настапите со групата на неодредено време за да повеќе да посвети повеќе време на неговите студии за „музика и лековити уметности“ и бил заменет со нов клавијатурист Пи Џеј Мортон.[29]
Четвртиот студиски албум Overexposed бил објавен на 26 јуни 2012 година. Левин изјавил дека Overexposed е нивниот „најразновиден албум досега“.[30] На 16 април, Maroon 5 премиерно го извеле првиот сингл од албумот „Payphone“, со Виз Калифа, во реалното талент-шоу The Voice, во кое Левин бил еден од инструкторите.[31] Вториот сингл од албумот „One More Night“ бил издаден на 19 јуни 2012 година.[32] Песната стигнала до прво место на Hot 100, истиснувајќи го хитот од Psy „Gangnam Style“. Девет последователни недели[33] се задржала на првото место и се изедначила со хит-синглот од Карли Реј Џепсен „Call Me Maybe“ за најмногу поминати седмици на прво место на <i id="mwAkY">Billboard</i> Hot 100 топ-листата во 2012 година.[34]
2013–2016: Петтиот албум, враќање на Кармајкл и промени во составот
[уреди | уреди извор]Групата објавила дека ќе ја предводи турнејата Honda Civic 2013, со специјалната гостинка Кели Кларксон.[35] Турнејата започнала на 1 август и завршила на 6 октомври 2013 година, со 33 концерти.
На 15 април 2014 година, Џеси Кармајкл потврдил дека ја завршил паузата и дека заедно со групата снимаат нов албум.[36] По враќањето на Кармајкл, заедно со Пи Џеј Мортон, групата станала секстет.
Во мај 2014 година, Maroon 5 потпишале договор со Interscope Records[37] и го најавиле нивниот петти студиски албум V (се изговара: „фајв“), кој бил објавен на 2 септември 2014 година.[38] Првиот сингл од албумот „Maps“, бил издаден на 16 јуни 2014 година,[39][40] и се искачил на 6-то место на топ-листата Hot 100.[41] Вториот сингл, „Animals“ бил објавен на 25 август и се искачил на 3-то место на топ-листата Hot 100.[41]
Албумот стигнал до прво место на американската Билборд 200 листа на 10 септември 2014 година.[42] V добил мешани критики од критичарите.
„Sugar“ бил издаден како трет сингл од албумот на 13 јануари 2015 година.[43] На 22 февруари 2015 година, Maroon 5 ја извеле „Lost Stars“ на 87-то доделување на Оскарите.[44] Песната се појавила на саундтракот од филмот од 2013 година Почни повторно (во кој глуми и Левин)[45] и луксузното издание на албумот V. [38]
На 25 септември 2015 година, групата го издала нејзиниот прв албум со најголеми хитови, Singles.[46][47][48] Содржел 12 синглови преземени од првите пет албуми.[49] Во 2016 година, групата ја издала The Studio Albums, комплет-колекција од сите пет албуми.[50]
Истата година, Сем Фарар, кој бил на турнеја и соработувал со Maroon 5, се појавил на промотивната фотографија на групата, во која станал нов официјален член.[51]
2017–2018: Red Pill Blues
[уреди | уреди извор]Во јануари 2017 година, Адам Левин открил дека групата работи на нивниот шести студиски албум.[52] Според Левин, албумот требало да биде под влијание на R&B.[53][54] На 13 август, на доделувањето на наградите по избор на тинејџери во 2017 година , каде што групата ја добила наградата „Декада“,[55] Левин изјавил дека албумот ќе биде објавен во ноември.[56][57] На 3 ноември 2017 година, Maroon 5 го објавиле нивниот шести студиски албум Red Pill Blues, име инспирирано од научно-фантастичниот филм „Матрикс“ од 1999 година.[58][59][60] Албумот се искачил на второ место на Билборд 200.
Од овој албум биле објавени четири сингла: „Don't Wanna Know“, „Cold“, „What Lovers Do“ и „Wait“. Реизданието на албумот вклучил ремикс верзија од „Girls Like You“ со Карди Би, која била објавена во мај 2018 година [61] и служел како петти и последен сингл.
Во јуни 2018 година, групата во соработка со Hyundai, снимиле преработка на песната од Боб Марли „Three Little Birds“, која била објавена како промотивен сингл на Apple Music.[62]
2019–денес: Заминување на Маден и албумот Jordi
[уреди | уреди извор]На 3 февруари 2019 година, Maroon 5 биле главни изведувачи на полувремето на „Супер боул“ во Атланта, Џорџија.[63][64][65] Одлуката на групата била контроверзна, бидејќи други музичари, како Карди Би и Ријана, одбиле да настапат. Музичарите кои се повлекле тоа го направиле како поддршка за Колин Кеперник и другите кои протестирале против полициската бруталност и расизам.[66][67] Изведбата наишла на критики од публиката и од критичарите.[68]
На 20 септември 2019 година, Maroon 5 ја објавиле песната „Memories“.[69] Во јуни 2020 година било објавено дека Дејвид Добкин режира документарен филм за групата.
На 27 јуни 2020 година, басистот Мики Маден бил уапсен во Лос Анџелес под обвинение за семејно насилство.[70] По апсењето Маден зел отсуство од Maroon 5.[71] Окружниот обвинител на Лос Анџелес го отфрлил случајот и не било покренато обвинение.[72] По заминувањето од групата Маден бил заменет со Сем Фарар.
На 24 јули 2020 година, Maroon 5 го објавиле синглот „Nobody's Love“.[73] На 16 декември 2020 година, Левин откри дека нивниот седми студиски албум ќе биде издаден во 2021 година.[74] Тие го издале нивниот следен сингл, „Beautiful Mistakes“ со американската раперка Меган Ти Сталион, на 3 март 2021 година.[75] На 29 април 2021 година, групата го најавиле седмиот студиски албум, Jordi, кој бил објавен на 11 јуни 2021 година.[76] Сингловите „Memories“, „Nobody's Love“ и „Beautiful Mistakes“ се појавуваат на албумот.[77] Добил мешани критики од критичарите.
Членови
[уреди | уреди извор]Сегашни членови
- Адам Левин – пејач, ритам и главна гитара (1994–денес)
- Џеси Кармајкл – ритам гитара (1994–2001, 2006–2012, 2014–сега) , главна гитара (1994–2001) , клавијатури (2001–2012, 2014–денес) , придружни вокали 49–201 (1994–2012, 2014-денес)
- Џејмс Валентин – главна и ритам гитара (2001–денес) , придружен вокал (2006–денес)
- Мет Флин – тапани, перкусии (2006–денес; член на турнеја 2004–2006)
- Пи Џеј Мортон – клавијатури, придружни вокали (2012–сега; член на турнеја 2010–2012)
- Сем Фарар – бас (2020–денес) , програмирање, семплови, перкусии, клавијатури, гитара, придружни вокали (2016–денес; член на турнеја 2001, 2012–2016)
Поранешни членови
- Рајан Дусик – тапани, перкусии (1994–2006) , придружен вокал (2001–2006)
- Мики Маден – бас (1994–2020)
Дискографија
[уреди | уреди извор]Студиски албуми
- Songs About Jane (2002)
- It Won't Be Soon Before Long (2007)
- Hands All Over (2010)
- Overexposed (2012)
- V (2014)
- Red Pill Blues (2017)
- Jordi (2021)
Како Kara's Flowers
- We Like Digging? (1995)
- The Fourth World (1997)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Maroon. Formerly known as Kara's Flowers“. MaroonMusic.com. Архивирано од изворникот на July 20, 2001. Посетено на 15 November 2022. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Maroon Music“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Carmichael, Jesse. „news“. MaroonMusic.com. Архивирано од изворникот на 2001-08-22. Посетено на 15 November 2022.
- ↑ „Up close with Maroon 5- Facebook and Twitter competition to give patron meeting with Rock band“. The Gleaner. January 2, 2011. Архивирано од изворникот на November 21, 2018. Посетено на July 17, 2011.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Kara's Flowers bio“. The InternetTrash. Архивирано од изворникот на April 17, 2001. Посетено на August 1, 2014.
- ↑ 6,0 6,1 Visakowitz, Susan, "Sophomore Jump".
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Hoard, Christian (2004-06-45), "A Whiter Shade of Funk".
- ↑ McIntosh, Gregory. „Kara's flowers“. AllMusic. Посетено на July 25, 2007.
- ↑ Kimpel, Dan (2006). How they made it: true stories of how music's biggest stars went from start to stardom!. Milwaukee: Hal Leonard Corporation. стр. 87. ISBN 978-0-634-07642-8.
- ↑ Kimpel 2006, pp. 87–88.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 Rosen, Craig (June 5, 2005), "Gold 5".
- ↑ 12,0 12,1 12,2 „Interview with Ben Berkman“. HitQuarters. April 13, 2004. Архивирано од изворникот на August 25, 2017. Посетено на November 25, 2010.
- ↑ Sevinc, Bihter (2023-12-14). „Billy Joel Knows Maroon 5's Biggest Secret, Adam Levine Says“. Rock Celebrities (англиски). Посетено на 2023-12-17.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 Празен навод (help)
- ↑ „Reviews for It Won't Be Soon Before Long by Maroon 5“. Metacritic. May 22, 2007. Архивирано од изворникот на September 16, 2015. Посетено на October 18, 2014.
- ↑ Leeds, Jeff (May 21, 2007). „Second CD By Maroon 5 Faces Great Expectations“. The New York Times. ProQuest 848089025.
- ↑ Maroon 5 2006, pp. 86–87.
- ↑ Visakowitz, Susan (April 22, 2007). „Radio success fuels Maroon5's "Wonder" years“. Reuters. Архивирано од изворникот на September 24, 2015. Посетено на August 7, 2015.
- ↑ Moss, Corey (March 6, 2007). „Maroon 5 Back With 'Harder' Album After Adam Levine Gets Sick Of Partying“. MTV. Архивирано од изворникот на November 21, 2009. Посетено на July 25, 2010.
- ↑ „Maroon 5 album breaks iTunes sales record“. MacNN.com. May 30, 2007. Архивирано од изворникот на August 12, 2007. Посетено на July 25, 2007.
- ↑ „Maroon Landing: An Interview with Guitarist James Valentine“. Cornell Sun. Архивирано од изворникот на April 5, 2012.
- ↑ „'Hands All Over' Highly Anticipated Third Maroon 5 Album Produced by Studio Legend Robert John 'Mutt' Lange Set for Release on September 21st, 2010“. PR Newswire. May 10, 2010. Архивирано од изворникот на August 4, 2020. Посетено на March 30, 2020.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „"Moves Like Jagger" Now On Hands All Over“. Maroon5.com. July 12, 2011. Архивирано од изворникот на January 4, 2012. Посетено на July 15, 2011.
- ↑ „Moves Like Jagger“. Maroon5. Архивирано од изворникот на February 23, 2015. Посетено на October 21, 2014.
- ↑ Dinh, James (June 22, 2011). „Adam Levine And Christina Aguilera Show Off On 'Moves Like Jagger' Collabo“. MTV Newsroom. MTV Networks. Архивирано од изворникот на October 31, 2013. Посетено на July 12, 2011.
- ↑ Sciarretto, Amy (January 11, 2012). „Maroon 5 Named Favorite Band at 2012 People's Choice Awards“. Pop Crush. Архивирано од изворникот на August 3, 2020. Посетено на September 8, 2018.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Band Announcement — Jesse Carmichael“. Maroon 5. March 9, 2012. Архивирано од изворникот на April 14, 2012. Посетено на March 26, 2012.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Sia, Nicole (April 17, 2012). „'The Voice': Maroon 5 & Wiz Khalifa Dial Up "Payphone"; Two Vocalists Are Cut“. Idolator. Посетено на November 2, 2018.[мртва врска]
- ↑ „Maroon 5 aims for dance floor in new single 'One More Night' [Listen]“. Hypable. June 19, 2012.[мртва врска]
- ↑ Trust, Gary (October 17, 2012). „PSY Still Stuck At No. 2 as Maroon 5 Tops Hot 100“. Billboard. Архивирано од изворникот на April 21, 2013. Посетено на October 23, 2012.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Jesse Carmichael (April 15, 2014). „Just back in the studio today for the new M5 record“. Instagram. Архивирано од изворникот на 2023-04-13. Посетено на October 28, 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 38,0 38,1 Dresdale, Andrea (July 21, 2014). „Maroon 5 Reveals Track List and Cover for New Album "V"“. ABC News Radio. Архивирано од изворникот на August 3, 2020. Посетено на September 14, 2019.
- ↑ Johnson, Zach (June 16, 2014). „Maroon 5 Drops New Song "Maps"—Listen Now!“. E!. Архивирано од изворникот на July 14, 2014. Посетено на March 25, 2018.
- ↑ Daw, Robbie (June 3, 2014). „Maroon 5 Announce "Maps" Single Ahead Of New Album V“. Idolator. Архивирано од изворникот на June 4, 2014. Посетено на June 4, 2014.
- ↑ 41,0 41,1 Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Sugar wil.l be Maroon 5's next single!“. January 7, 2015. Архивирано од изворникот на January 13, 2015.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Adam Levine's Label to Release "Begin Again" Soundtrack“. ABC News Radio. June 9, 2014. Архивирано од изворникот на 2022-11-23. Посетено на September 28, 2021.
- ↑ „Maroon 5 have a greatest hits on the way, but some of the hits are missing“. DigitalSpy.com. September 2015. Архивирано од изворникот на September 10, 2015. Посетено на September 15, 2015.
- ↑ „Maroon 5 – Greatest Hits – SINGLES – Sept 25th“. Flop Of The Pops. Архивирано од изворникот на September 25, 2015. Посетено на September 15, 2015.
- ↑ „M5 News Room: Maroon 5 to Release First Ever Greatest Hits Album, 'Singles'“. m5newsroom.blogspot.com. Архивирано од изворникот на January 5, 2018. Посетено на September 15, 2015.
- ↑ „Maroon 5 are releasing a greatest hits album. We can't wait to bop to 'This Love' again“. Maximum Pop!. September 2015. Архивирано од изворникот на July 15, 2018. Посетено на September 15, 2015.
- ↑ „Limited Edition Five-LP Box Set, Maroon 5 — The Studio Albums“. PR Newswire. July 28, 2016. Архивирано од изворникот на December 23, 2019. Посетено на December 23, 2019.
- ↑ Maroon 5 (September 30, 2016). „Maroon 5 – Promotional Photo (2016)“. Facebook. Архивирано од изворникот на February 7, 2021. Посетено на May 30, 2020.
- ↑ „94.7 Fresh FM on Twitter“. Архивирано од изворникот на February 20, 2017. Посетено на May 27, 2017.
- ↑ Hann, Michael (November 2, 2017). „Maroon 5: Red Pill Blues review – impeccable pop and middling R&B“. The Guardian. Архивирано од изворникот на January 16, 2018. Посетено на March 25, 2018.
- ↑ „Adam Levine on The Tommy Show « 94.7 Fresh FM“. 947freshfm.cbslocal.com. Архивирано од изворникот на January 27, 2017. Посетено на May 27, 2017.
- ↑ Sands, Nicole (August 13, 2017). „'We Are Never Going to Go Away!' Maroon 5 Receives Decade Award at Teen Choice 2017“. People. Архивирано од изворникот на September 8, 2017. Посетено на April 15, 2018.
- ↑ „Maroon 5's Sixth Album Out In November 2017: Watch Announcement“. Архивирано од изворникот на August 15, 2017. Посетено на August 26, 2017.
- ↑ „Maroon 5 – Red Pill Blues“. AllMusic. November 3, 2017. Архивирано од изворникот на November 7, 2017. Посетено на March 25, 2018.
- ↑ Wass, Mike (October 4, 2017). „Maroon 5's New Album Is Called 'Red Pill Blues'“. Idolator. Архивирано од изворникот на 2021-02-07. Посетено на October 5, 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Maroon 5 Guitarist Clears Up Confusion Over 'Red Pill Blues' Album Title“. HuffPost. October 31, 2017. Архивирано од изворникот на August 20, 2018. Посетено на August 22, 2018.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Maroon 5 – Three Little Birds, Single on Apple Music“, Apple Music, June 9, 2018, Архивирано од изворникот на February 7, 2021, Посетено на June 10, 2018
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Alston, Trey (February 3, 2019). „Maroon 5 Brought Out Travis Scott, Big Boi, And SpongeBob For The Super Bowl Halftime Show“. MTV. Архивирано од изворникот на February 17, 2019. Посетено на February 3, 2019.
- ↑ Tracy, Brianne (February 3, 2019). „Adam Levine Dedicates Halftime Performance to Jordan Feldstein Over a Year After Manager's Death“. People. Архивирано од изворникот на February 4, 2019. Посетено на February 3, 2019.
- ↑ „Maroon 5 to perform Super Bowl despite controversy“. January 14, 2019. Архивирано од изворникот на February 19, 2019. Посетено на February 5, 2019.
- ↑ Helmore, Edward (2019-01-06). „Star names say no to Super Bowl show in support of police brutality protest“. The Observer (англиски). ISSN 0029-7712. Посетено на 2024-02-12.
- ↑ Grady, Constance (February 3, 2019). „The Super Bowl halftime show controversies, explained“. Vox, Inc. Архивирано од изворникот на March 1, 2019. Посетено на February 3, 2019.
- ↑ Peacock, Tim (September 20, 2019). „Maroon 5 Release Brand New Track, 'Memories'“. UDiscoverMusic. Архивирано од изворникот на September 20, 2019. Посетено на September 20, 2019.
- ↑ Chiu, Melody; Boucher, Ashley (June 30, 2020). „Maroon 5's Mickey Madden Arrested After Alleged Incident of Domestic Violence in Los Angeles“. People. Архивирано од изворникот на July 1, 2020. Посетено на July 1, 2020.
- ↑ Chiu, Melody (July 14, 2020). „Maroon 5's Mickey Madden Taking 'Leave of Absence' After Arrest: 'I Do Not Want to Be a Distraction'“. People. Архивирано од изворникот на July 15, 2020. Посетено на July 14, 2020.
- ↑ „DA Declination Letter“. Slide Share (англиски). 2022-03-15. Посетено на 2022-06-16.
- ↑ Brian Cantor (July 20, 2020). „Maroon 5 Confirms Late Thursday/Early Friday Release Date For New Song "Nobody's Love"“. Headline Planet. Архивирано од изворникот на July 21, 2020. Посетено на July 20, 2020.
- ↑ Hayat Hacialioglu, Selin (December 16, 2020). „Adam Levine Is Thrilled To Share Details About The New Maroon 5 Album“. Metalhead Zone. Архивирано од изворникот на February 7, 2021. Посетено на December 27, 2020.
- ↑ Findlay, Mitch (March 3, 2021). „Maroon 5 Enlists Megan Thee Stallion For "Beautiful Mistakes"“. HotNewHipHop. Посетено на March 3, 2021.
- ↑ „We're excited to announce the release of our 7th studio album JORDI out June 11th!...more to come 🌸🐆🌼🦋🌺 #JORDI link in bio“. Архивирано од изворникот на 2023-04-04. Посетено на April 29, 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Jordi by Maroon 5 on Apple Music“. Посетено на June 11, 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|