Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

NSYNC

Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
NSYNC
Од горе надолу и од лево на десно: Џастин Тимберлејк, Џеј Си Шазеј, Крис Киркпатрик, Џои Фатоне и Ленс Бас
Животописни податоци
ПотеклоОрландо, Флорида, САД
Жанрови
Период на активност
  • 1995–2002
  • 2023–денес[1]
Издавачи
Мреж. местоnsync.com
Членови

NSYNC (транскрипција: Енсинк; исто така стилизирани како *NSYNC или ' N Sync)[2] ― американска вокална група основана од Крис Киркпатрик во Орландо во 1995 година.[3][4] Групата ја сочинуваат: Киркпатрик, Џастин Тимберлејк, Џои Фатоне, Ленс Бас и Џеј Си Шазеј. Нивниот прв албум бил успешно издаден во Европа во 1997 година, а подоцна дебитирале на американскиот пазар со синглот „I Want You Back“.

NSYNC заминале на пауза во 2002 година и повторно се обединиле во 2023 година по што го издале синглот „Better Place“ за анимираниот филм Троловите повторно се здружуваат (2023).

Групата пеела или снимила песни со: Елтон Џон, Стиви Вондер, Мајкл и Џенет Џексон, Бритни Спирс, Фил Колинс, Селин Дион, Аеросмит, Нели, Лиза Лопес, Мери Џеј Блајџ, кантри-групата Алабама и Глорија Естефан.

Историја

[уреди | уреди извор]

1995–1997: Основање и почетоци

[уреди | уреди извор]
Логото на NSYNC

Во 1994 година, Крис Киркпатрик се запознал со Лу Перлман, кој претходно ги создал Backstreet Boys. Преку заеднички пријател Киркпатрик дознал дека Перлман е заинтересиран да финансира уште една вокална група.[5] Киркпатрик ја искористил можноста и една година се обидувал се да најде други членови кои ќе му се придружат. Конечно го пронашол Џастин Тимберлејк (кој бил дете-ѕвезда во ТВ-емисијата Клубот на Мики Маус). Тимберлејк, заедно со неговиот пријател Џеј Си Шазеј, кои исто така бил дел од „Клубот на Мики Маус“, се приклучиле на проектот.[6] По неколку аудиции, групата била комплетирана со Џои Фатоне и Ланс Бас.[7]

NSYNC името го добиле откако мајка му на Тимберлејк коментирала колку се „синхронизирани“ пејачките гласови на групата.[8][9] Името на групата исто така се совпаѓа со последната буква од имињата на почетните членови: Justi N, Chri S, Joe Y, Jaso N и J C.[9]

Откако потпишала со BMG Ариола Минхен, групата била пратена во Шведска за да почне да работи на нивниот прв албум. Официјалниот водечки сингл од албумот, „I Want You Back“, бил издаден во Германија на 7 октомври 1996 година и се пласирал во топ-10 во Германија.[10] Нивниот прв албум, NSYNC, прво бил издаден во Германија на 26 мај 1997 година, и се искачил на прво место во втората недела по неговото објавување.[11] Групата наскоро преку ноќ станала популарна низ поголемиот дел од Европа.[12] Албумот успешно котирал на топ-листите во Швајцарија, Австрија и во Источна Европа.[13][14] Групата објавила уште два сингла: „Tearin' Up My Heart“ и „Here We Go“, кои успеале да стигнат до топ-10 во многу земји во Европа.[15][16]

1998–1999: Пробив на американскиот пазар и правна битка против Перлман

[уреди | уреди извор]

NSYNC го привлекла вниманието на Винсент Де Џорџо, претставник за A&R за RCA Records. Откако го видел настапот на групата во Будимпешта, тој во има на RCA потпишал договор со групата во 1998 година. Групата го издала првиот американски сингл, „I Want You Back“, на 29 декември 1997 година. На 24 март 1998 година бил објавен албумот N Sync. Албумот на почеток слабо котирал на топ-листите, но по настапот на групата на Disney Channel, албумот од 82-ро место на топ-листата за албуми[17] се искачил на деветто место.[18] Популарноста на групата продолжила да се зголемува со нивното следно сингл-издание, „Tearin' Up My Heart“, кое станало поп-радиски хит и една од „100-те најдобри песни од 90-тите“ според VH1.[19]

На 10 ноември 1998 година, групата издала божиќен албум, Home for Christmas. Албумот се искачил на 7-мо место и со ова NSYNC постигнале редок подвиг да има два албума во топ-10 на Билборд истовремено. NSYNC, исто така, снимиле нивна верзија на песната „Trashin' The Camp“ со Фил Колинс. Песната се нашла на саундтракот за филмот од Дизни, Тарзан. Ја снимиле и песната „Somewhere, Someday“ кој се појавила на саундтракот од „Покемон: Прв филм“ . Во септември 1999 година, групата соработувала со Глорија Естефан на песна за саундтракот од нејзиниот филм Музика на срцето.

Во 1999 година, NSYNC започнала правна битка со Лу Перлман, поради, како што верувала групата, недозволени деловни практики од негова страна.[20] Групата се заканила дека ќе замине и ќе потпише со Jive Records, што го натерало Перлман и RCA да ја тужат NSYNC за 150 милиони американски долари.[21] Во тужбата, исто така, се тврдело дека директорите на Jive ја поттикнале групата да го прекрши нејзиниот договор со Trans Continental.[22] Во декември 1999 година, NSYNC и Перлман постигнале вонсудска спогодба,[23] според која групата можела да ги објавува идните албуми со Jive Records.[24]

Исто така во 1999 година, NSYNC глумеле во кратка измислена видео-снимка во научно-фантастичниот филм Армагедон од 1998 година за MTV Movie & TV наградите во 1999 година; била насловен како Armagedd'NSync.[25]

2000–2001: No Strings Attached и светска доминација

[уреди | уреди извор]

Врвот на популарноста на NSYNC се совпаѓа со издавањето на нивниот втор албум No Strings Attached, кој бил издаден на 21 март 2000 година. Албумот се продал во рекордни 2,42 милиони примероци во првата недела по објавувањето.[26][27] До крајот на 2000 година бил продаден над 9,9 милиони примероци.[28] No Strings Attached бил најпродаван албум во 2000 година[29] и втор најпродаван албум на деценијата во САД зад албумот 1 од Битлси.[30] Водечкиот сингл, „Bye Bye Bye“, станал светски хит и се смета за нивна најпрепознатлива песна. Од албумот биле издадени и сингловите „It's Gonna Be Me“ и „This I Promise You“. NSYNC и Aerosmith биле главни ко-изведувачи на шоуто на полувремето на Super Bowl XXXV, насловено „Кралевите на рок и поп“, со настапи од Бритни Спирс, Мери Џеј Блајџ и Нели.[31] NSYNC биле меѓу музичарите кои настапиле на церемониите на Зимските олимписки игри во 2002 година.[32]

2001–2002: Celebrity, пауза и распаѓање

[уреди | уреди извор]

На 24 јули 2001 година, NSYNC го издале нивниот трет албум, Celebrity, кој повторно бил комерцијално успешен, но не го надминал рекордот на No Strings Attached. Овој албум содржел поурбан и електронски звук. Сингловите од албумот: „Pop“, „Gone“ и „Girlfriend“ го продолжиле нивниот успех на топ-листите.Албумот имал многу покреативен ангажман од групата, чии членови напишале и продуцирале неколку песни. [33] [34]

За да го промовира албумот Celebrity, групата тргнала на четиримесечна турнеја насловена како PopOdyssey Tour. Турнејата била една од најскапите и најимпресивни продукции во тоа време, со спектакуларни визуелни ефекти и кореографии и со вкупна заработка од преку 90 милиони долари станала една од најголемите турнеи во 2001 година.[35]

По завршувањето на турнејата, групата заминала на пауза и членовите на групата почнале да се насочуваат на свои соло-кариери.[36][37][38][39] Иако паузата прво требало да биде привремена,[40] групата не снимила нови песни потоа ниту пак биле на заедничка турнеја.[41]

Џастин Тимберлејк во 2002 година го објавил неговиот прв соло-албум, Justified. Албумот имал огромен успех и го поставил Тимберлејк како водечка фигура во музичката индустрија. Другите членови исто така работеле на свои проекти, но ниту еден од нив не постигнал успех како Тимберлејк.

2002–2022: Повремени појавувања

[уреди | уреди извор]

Групата сè уште присуствувала церемониите за доделување на награди и други настани, и се регрупирала за 45-тото доделување на Греми наградите за да испеат песна посветена на Bee Gees.[42] Тие требало да почнат да работат на нов албум во есента 2003 година,[43][44][45] но тоа не се случило.[41]

Есента 2005 година, NSYNC издале албум со најголеми хитови. Во 2007 година, додека го промовирал Out of Sync, Бас го потврдил распаѓањето на групата.[46]

На 25 август 2013 година, членовите на NSYNC се обединиле за еднократен настап на MTV Video Music Awards како дел од специјалниот настап на Џастин Тимберлејк, кој го доби наградата „Michael Jackson Video Vanguard Award“.[47]

На 30 април 2018 година, NSYNC повторно се обединиле за церемонијата кога добиле ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.[48] За да ја прослават оваа пригода, сите пет членови се појавиле во шоуто на Елен Деџенерис.[49] На 14 април 2019 година, Шазеј, Фатоне, Бас и Киркпатрик повторно се обединиле за настап со Аријана Гранде во Коачела.[50] На 19 април 2021 година, Бас, Фатоне и Киркпатрик повторно се обединиле за реклама за Progressive Insurance позната како „3/5ths of NSYNC“.[51]

2023-сега: Обединување

[уреди | уреди извор]

На 12 септември 2023 година, по неколкунеделни шпекулации[52] во врска со потенцијалното обединување, сите пет членови од групата заедно се појавиле на MTV Video Music Awards за да ја доделат наградата за најдобра поп музика.[53] На 14 септември, било потврдено дека групата снимила нова песна под наслов „ Better Place“ за анимираниот филм од DreamWorks Троловите повторно се здружуваат.[54] Песната била објавена на 29 септември 2023 година.

Во 2024 година, песната „Bye Bye Bye“ повторно станала популарна откако била прикажана во филмот „Дедпул и Волверин“. [55] [56]

Членови на групата

[уреди | уреди извор]

Сегашни членови

[уреди | уреди извор]
  • Џастин Тимберлејк (1995–2002, 2023–сега)
  • Крис Киркпатрик (1995–2002, 2023–сега)
  • Џои Фатоне (1995–2002, 2023–сега)
  • Ленс Бас (1995–2002, 2023–сега)
  • Џеј Си Шазеј (1995–2002, 2023–сега)

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • 'N Sync (1997)
  • Home for Christmas (1998)
  • No Strings Attached (2000)
  • Celebrity (2001)

Награди и номинации

[уреди | уреди извор]

NSYNC биле номинирани за осум Греми награди. Групата освоила три Американски музички награди,[57] пет Билборд награди,[58] седум МТВ видео музички награди[59][60] и држат Гинисов рекорд.[61]

  1. „*NSYNC Reunite at 2023 VMAs to Present Taylor Swift with Best Pop Video — and Friendship Bracelets!“. People. September 12, 2023. Посетено на September 15, 2023.
  2. Gray, Tyler (September 3, 2016). „The Boy Bands' Most Wanted“ (PDF). Billboard. стр. 20.
  3. Leahey, Andrea. „NSYNC“. AllMusic. Посетено на October 9, 2019.
  4. Празен навод (help)
  5. „BobbyCast #230 - Chris Kirkpatrick from NSYNC on The Untold Story of the Band“. YouTube. March 3, 2020. Посетено на January 20, 2024.
  6. Bozza, Anthony (March 30, 2000). 'N Sync: Weird Scenes Inside the Glitter Factory“. Rolling Stone. Посетено на March 29, 2020.
  7. Bozza, Anthony (March 30, 2000). 'N Sync: Weird Scenes Inside the Glitter Factory“. Rolling Stone. Посетено на March 29, 2020.
  8. 'N Sync Discusses Their Rise to Stardom“. CNN. January 9, 2001. Посетено на September 2, 2013.
  9. 9,0 9,1 Carter, Brooke (December 14, 2016). „What Happened to Chris Kirkpatrick – Where's The NSYNC Member Now?“. Gazette Review. Посетено на September 21, 2017.
  10. „CHARTSDEUTSCHLAND: Single Top 100 (18.11.1996)“ (германски). Charts.de.
  11. „ChartsDeutschland: Album Top 100 (09.06.1997)“ (германски). Charts.de.
  12. „N Sync Pictures, biography, Discography, Filmography, News, Ringtones, Videos“. Starpulse.com. Архивирано од изворникот на 8 June 2008. Посетено на September 30, 2021.
  13. „*NSYNC – *NSYNC (ALBUM)“. Hung Medien. Посетено на May 12, 2010.
  14. Pride, Dominic; Paoletta, Michael (March 20, 1999). 'N Sync's Indirect Path to the Top. Billboard. стр. 6, 84. Посетено на May 12, 2010.
  15. „*NSYNC – Tearin' Up My Heart“. GfK Dutch Charts. Архивирано од изворникот на July 15, 2012.
  16. 'N SYNC – Here We Go“. MegaCharts.
  17. „Billboard 200 Chart“. Billboard.
  18. „Billboard 200 Chart“. Billboard.
  19. „Top 100 Songs of the 90s“. VH1. 2007-12-13. Архивирано од изворникот на 2007-12-20. Посетено на 2021-08-17.
  20. Manning, Kara (November 24, 1999). 'N Sync Scores Small Victory As Legal Battle Begins“. MTV News. Архивирано од изворникот на December 27, 2007. Посетено на October 26, 2007.
  21. Knopper, Steve (6 January 2009). Appetite for Self-Destruction: The Spectacular Crash of the Record Industry in the Digital Age. Simon & Schuster. стр. 97. ISBN 9781416594550.
  22. Празен навод (help)
  23. Празен навод (help)
  24. Pareles, Jon (2000-04-15). „CRITIC'S NOTEBOOK; The Molting of a Boy Band: 'N Sync Spreads Its Wings“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2021-09-02.
  25. „Armagedd'NSync“. Otis Productions. Архивирано од изворникот на 9 November 2006. Посетено на September 29, 2021.
  26. Huhn, Mary (November 20, 2000). „Backstreet Boys Want to Beat *NSYNC'S Mark“. New York Post. Посетено на August 29, 2010.
  27. Caulfield, Keith (April 8, 2021). „Rewinding the Charts: In 2000, 'N Sync Soared With 'No Strings'. Billboard. Посетено на May 1, 2018.
  28. „Linkin Park beats out pop acts for No. 1 album of 2001“. LiveDaily. January 4, 2002. Архивирано од изворникот на January 13, 2010. Посетено на February 12, 2010.
  29. Празен навод (help)
  30. Празен навод (help)
  31. Graham, Adam (5 February 2016). „Adam Graham: In 2001, *NSYNC, Britney Super Bowl halftime show rocked“. The Detroit News (англиски). Посетено на 14 February 2020.
  32. „Creed, 'NSYNC, Dave Matthews Band, More Set For Olympic Concert Series“. MTV. December 18, 2001. Архивирано од изворникот на September 7, 2014. Посетено на March 31, 2020.
  33. Празен навод (help)
  34. Празен навод (help)
  35. Wiederhorn, Jon (December 21, 2001). „U2, 'NSYNC, Backstreet Top List of 2001's Biggest Concert Grossers“. MTV News. Архивирано од изворникот на September 11, 2011. Посетено на January 9, 2009.
  36. Aquilante, Dan (November 1, 2002). „Justin Time: Solo Disc A Break, Not A Breakup, From *NSYNC“. New York Post. Архивирано од изворникот на August 30, 2015. Посетено на September 2, 2021.
  37. Reid, Shaheem (January 15, 2002). „Angie Stone Makes Studio Time with Timberlake, Moby, Keys“. MTV News. Архивирано од изворникот на April 14, 2023. Посетено на June 6, 2022. While we were doing the Billboard Music Awards, he was singing 'More Than a Woman' and 'Pissed Off' during the soundcheck. He's going, 'Your CD's in my car right now, you have to work on my solo project.' I saw him in the studio today.
  38. Friedman, Roger (March 1, 2002). „Britney Doesn't Know Yoko; Will Justin Go Solo?“. Fox News. Архивирано од изворникот на June 16, 2021. Посетено на June 6, 2022. ...I was told that he is hard at work on a solo album, which may be more than halfway completed.
  39. Ulery, Jacob; Andosca, John (January 4, 2020). „The Digital Get Down Podcast“. YouTube.com. Interview with NSYNC Writer/Producer Alex Greggs (Part 2). Посетено на June 6, 2022. Ya know, Justin f-finishes the record, and I received an advanced copy of it, and he calls me on his birthday and says ‘Did you listen to the record?'
  40. Празен навод (help)
  41. 41,0 41,1 Blickley, Leigh (2018-04-30). „A History Of *NSYNC's Breakup, According To Bandmates Not Named Justin Timberlake“. HuffPost (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-02-13. Посетено на 2020-07-13.
  42. Празен навод (help)
  43. Празен навод (help)
  44. Moss, Corey (May 29, 2003). „Justin Timberlake Says Next 'NSYNC Album Will Sound 'Different'. MTV News. Архивирано од изворникот на April 14, 2023. Посетено на September 6, 2014.
  45. „JC album due“. dotmusic. 2003-02-06. Архивирано од изворникот на 2003-06-24. Посетено на 2021-06-26.
  46. Abbott, Jim (2007-10-23). „Lance Bass book comes out“. Orlando Sentinel. Архивирано од изворникот на 2010-03-03. Посетено на 2023-09-26.
  47. „*NSYNC VMA Performance: Justin Timberlake's Boy Band Reunites For MTV Onstage Reunion“. HuffPost. August 25, 2013. Посетено на November 9, 2013.
  48. Angermiller, Michele (April 30, 2018). „*NSYNC Reunites to Receive Hollywood Walk of Fame Star (Watch)“. Variety. Посетено на April 30, 2018.
  49. Webber, Stephanie (2018-05-01). 'NSync Plays 'Never Have I Ever' After Surprising 'Ellen' Audience“. Usmagazine.com. Посетено на 2022-08-01.
  50. Elizabeth, De (April 15, 2019). „Ariana Grande Brought Out *NSYNC at Coachella and Tore Up Our Hearts — In a Good Way“. Teen Vogue (англиски). Посетено на 2021-05-16.
  51. Griner, David (April 19, 2021). „Progressive Made an Ad 'Where Nothing Happens,' With One Notable Exception“. Adweek. Посетено на May 30, 2021.
  52. „*NSYNC Expected to Reunite for New Song in 'Trolls Band Together': Source (Exclusive)“. ETonline. August 18, 2023. Посетено на September 15, 2023.
  53. „*NSYNC Reunite at 2023 VMAs to Present Taylor Swift with Best Pop Video — and Friendship Bracelets!“. People. September 12, 2023. Посетено на September 15, 2023.
  54. „*NSYNC Confirms New Song 'Better Place' with 'Trolls Band Together' Trailer After MTV VMAs Reunion“. People. September 14, 2023. Посетено на September 15, 2023.
  55. Празен навод (help)
  56. Weiss, Josh (July 31, 2024). „NSYNC's 'Bye Bye Bye' Choreographer Darrin Henson Reacts To Dance's Resurgence In 'Deadpool & Wolverine'. Forbes. Посетено на August 10, 2024.
  57. „AMAs Winner Database“. American Music Awards. Посетено на April 2, 2018.
  58. Празен навод (help)
  59. „MTV Video Music Awards 2000: Winners“. MTV. Архивирано од изворникот на 2008-08-28. Посетено на 2010-03-06.
  60. „Fatboy Slim, 'NSYNC, 'Lady Marmalade' Gather Most Moonmen“. MTV. 2001-09-07. Архивирано од изворникот на April 6, 2016. Посетено на 2022-05-03.
  61. „Wait, so *NSYNC isn't getting back together?! News in World Records“. Guinness World Records. August 21, 2013. Архивирано од изворникот на 2023-05-30. Посетено на March 30, 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]