Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Reddit

Од Википедија — слободната енциклопедија
Reddit Inc.
Екранска снимка
Насловната страница на Reddit во 2021
Вид претпријатиеПриватна
Вид место
друштвени вести
Достапно наповеќе јазици[б 1]
Основано23 јуни 2005; пред 19 години (2005-06-23)
Седиште,
Опслужувано подрачјениз целиот свет
Основач(и)Стив Хафман
Арон Шварц
Алексис Оханијан
Важни личностиСтив Хафман (соосновач и ГИД)
Јен Вонг (ГОД)
Кристофер Слов (ГТД)
Вработени400 (септември 2018)[1]
Матично претпр.Advance Publications (мнозински сопственик)[2]
Адресаreddit.com
Место на Алекса 18 (февруари 2021)[3]
Рекламирањебанер, промотивни објави
Зачленувањенезадолжителна (неодходна за поставување на содржина, коментар или можност за гласање)
Тековна состојбаактивен

Reddit (изг. редит; стилизирано: реддит) — мрежно место за собирање друштвени вести, оценување интернет содржина и дискусија.

Регистрирани корисници објавуваат содржина како интернет врски, текстуални објави и слики, кои подоцна се гласани од останатите корисници. Објавите се организирани по теми во оддели управувани од самите корисници наречени „заедници“ или „подреддити“ (анг. subreddits). Овие заедници покриваат широк спектрум на теми како вести, политика, музика, видео игри, книги, миленичиња итн. Објавите кои се најгласани се појавуваат повисоко на поединечните подреддити, а ако добијат голем број гласови може да се појават на насловната страница.

Reddit бил основан на кампусот на Универзитетот Вирџинија од Стив Хафман, Алексис Оханијан и Арон Шварц,[4][5] во 2005. Во октомври 2006 страницата е купена од страна на Condé Nast Publications. Во октомври 2011 Реддит прераснал во независна подружница од матичната компанија на Condé Nast, Advance Publications[6].

Порталот претставува збирка од записи создадени од страна на своите регистрирани корисници во суштина на систем на огласна табла. Записите се организирани по области на интерес, наречени подреддити (subreddits). Историски гледано, главниот подреддит претставува насловната страна, додека другите области претставуаат само подреддити.

Регистрираните корисници, особено оние кои постирааат записи, или коментираат на веќе постирани записи, се викаат реддитори (redditors), спој од зборовите Реддит (Reddit) и Уредувач (Editor). Реддит сам по себе е кованица од зборовите чита/уреди ("read/edit") и прочита (read it). Реддиторите како корисници можат да гласаат за или против (upvote/downvote) постовите на мрежното место. Секој подреддит има насловна страна која покажува понови постови кои биле највисоко рангирани. Реддиторите исто така можат да постираат коментари на објавите, да одговорат на коментари, како и коментарите сами по себе можат да добијат глас за или против. Реддиторите го прославуваат својот роденден (cake day) еднаш годишно. Тоа е годишнината од денот кога првпат се логирал на Реддит. Точниот датум и време на роденденот на реддиторот, можат да се видат во „преглед на корисникот“ со пребарување кога првпат истиот се логирал. На почетната страна од редит се прикажани најпопуларните објави од сите подреддити. Постои стандарден сет, но регистрираните корисници можат да приглагодат. Реддиторите можат да бидат пријатели едни со други, што овозможува побрзо да си пребаруваат постови и коментари. Постовите се обично врски од надворешен извор со наслови избрани од страна на реддиторот испраќач. Некои реддитори ја користат страната како лична збирка на обележувачи. Другите пак, потпирајќи се на големината на содржината на самото мрежно место, ја користат како новински собирач (агрегатор). Реддит исто така дозволува објави кои не се поврзуваат со надворешни врски. Тие се во форма на слики, текстуални објави или пак анкети. Бодовите добиени од коментарите и објавите се собираат. Истите се прикажани на корисничкиот профил и се нарекуваат карма (анг. karma). Со самиот концепт на Реддит содржи особености на друштвена мрежа.

Помеѓу заедниците е и r/mkd, подреддит управуван од македонски корисници.

Историја

[уреди | уреди извор]

Редит е основна во јуни 2005 година Steve Huffman и Alexis Ohanian во Medford MA, двајца 22 годишни дипломирани студенти од Универзитетот во Вирџинија. Тие својот почетен капитал за финансирање го добија од страна на Y Combinator. Тимот се проширува вклучувајќи го и Christopher Slowe во ноември 2005 година. Помеѓу Ноември 2005 и Јануари 2006 година, Редит се спојува со компанијата Aaron Swartz's Infogami и Swartz станува еднаков сопственик на постоечката матична компанија. Condé Nast Publications сопственик на Wired, го презема Редит на 31 октомври 2006 година и тимот се сели во Сан Франциско. Во Јануари 2007 година, Swartz беше отпуштен. На 18 јуни 2008 година, Редит стана проект со отворен код. Со исклучок на анти-спам/лажни постови, сите кодови и библиотеки напишани на Редит станаа јавно достапни на Github. До крајот на 2008 година тимот ги вкучува Erik Martin, Jeremy Edberg, David King, и Mike Schiraldi. Во јули 2010 година, по растот на меѓународната посетеност на мрежното место, Редит воведе “редит злато” нудејќи нови можности за цена од US$3.99/месечно или US$29.99/годишно. Приходот им овозможи да купат повеќе опслужувачи и да вработат повеќе луѓе.

На 6 септември 2011 година, Редит станува оперативно независен од Condé Nast, со отворање на сопствена подружница во својата матична компанија Advance Publications. На 11 јануари 2012 година, Редит соопшти дека ќе учествува на 12 часовно затемнување на страната во знак на протест на приратеријата (Stop Online Piracy Act). Во Мај 2012 година, Редит се приклучува кон Семрежната одбранбена лига (Internet Defense League) — група формирана за организирање на идни протести.

На 14 февруари, Редит почнува да ја прифаќа дигиталната валута Bitcoin за своето Редит злато.

Технологија

[уреди | уреди извор]

Редит е оригинално напишан во (Common Lisp), но подоцна е целосно пренапишан во Пајтон (Python) во декември 2005 година. Причината поради која ова е направено е поголемиот пристап до програмски билиотеки и поголема развивачка флексибилност. Пајтон рамката која поранешниот вработен во Редит, Арон Шварц, ја искористил за изработка на мрежното место, web.py сега е достапна како отворен проект.

Редит моментално користи Пајтон како семрежна рамка и од ноември 2009-тата година, направена е миграција на нивните опслужувачи со употреба на постоечките семрежни услуги на Amazon.

Редит користи PostgreSQL како примарна податочкна база, но полека поминува во Апачи Касандра, колона ориентирана податочна база. За првпат во 2009-тата година Реддит почна да користи и jQuery. Реддит има свое API, како и соодветни апликации за сите мобилни платформи.

Заедница и култура

[уреди | уреди извор]

Порталот е познат по својата отворена природа и разновидноста на содржината. Нејзината демографија овозможува широки предметни области, или главен субредит што добива многу внимание, како и можност за помали субредити да служат во останати цели. Единствена можност на субредиторите да добијат на внимание е да одржуваат дискусија од многу широг опсег. На популарност се добива со постирање на уникатни содржни на дневно ниво, а со тоа Редит стана платформа на многумина кои сакаат да го кренат својот публицитет заради многу различни причини. Со самото зголемување на способноста да се добие на популарност и да се стекне со огромна публика, Редит може да се користи како една од најголемите семрежни заедници за нови, револуционерни и влијателни цели.

Нејзината популарност им овозможува на корисниците да ги уживаат користите од ваква голема заедница. Своите иновативни содржини и стистемот на сортирање, се корисни за исполнување на одредени цели на посетителите или пак запронаоѓање на одговори на интересни прашања. Регистираниот корисник вклучува чувства во врска со функцијата на мрежното место и функцијата, во врска со широчината и длабочината на дискусиите и како Редит овозможува да се откријат нови и интересни работи. Скоро сите коментари на Alexa.com, што го рангираат Редит по својата посетеност за 125-ти на ниво на Соединетите Американски Држави, го спомнуваат Редит како страна со добра содржина и допадлив квалитет.

  1. Главниот јазик на страницата е англиски без опција да биде прикажанa на друг јазик. Сепак, на поединечни подредити содржината (објавите, коментарите итн.) се објавува на други јазици (пр. r/mkd).
  1. Robinson, Melia. „After a huge user revolt, nobody wanted to work at Reddit. Three years later, the CEO explains how the 'front page of the internet' rebuilt the team“. Business Insider. Посетено на 2 февруари 2021.
  2. „About ADVANCE“. www.advance.com. Архивирано од изворникот на 15 април 2019. Посетено на 2 февруари 2021.
  3. „Reddit.com Site Info“. Alexa Internet. Архивирано од изворникот на 2016-06-14. Посетено на 2 февруари 2021.
  4. „Aaron Swartz, Reddit Co-Founder And Online Activist, Dies At 26“. NPR.org (англиски). Посетено на 2020-09-15.
  5. „Reddit | CrunchBase“. CrunchBase.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2014-08-15.
  6. Carr, David (September 2, 2012). „Reddit Thrives Under Hands-Off Policy of Advance Publications“. The New York Times. United States. ISSN 1553-8095. OCLC 1645522. Посетено на March 22, 2019. And when it became clear that Reddit was hamstrung in competition for leadership and engineers as part of Condé Nast, the company was spun out as an operationally independent subsidiary in 2011.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]