Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Вистински мајмуни

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Simiiformes)
Вистински мајмуни
Период: Среден еоцен – денес
Белорак гибон (Hylobates lar)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Инфраред: Вистински мајмуми
Haeckel, 1866
Семејство

Callitrichidae
Cebidae
Aotidae
Pitheciidae
Atelidae
Cercopithecidae
Hylobatidae
Hominidae

Вистински мајмуни, симии или виши примати (науч. Simiiformes) — инфраред на широконосни мајмуни (Haplorhini) кои имаат слична градба на телото со човекот. Според последните антрополошки и генетички податоци, сите мајмуни од инфраредот на вистинските мајмуни се делат на два парвредови: широконосни („новосветски мајмуни“) и тесноносни („старосветски мајмуни“). Најстарите фосили на вистински мајмуни се пронајдени во Индија во 2008 година и се од видот гуџаратска антрасимија (Anthrasimias gujaratensis). Тие датираат од пред 54,5 милиони години. Од еоценските депозити во Кина е познат родот еосимија, стар околу 45 милиони години. Во застарената систематика овој таксон се сметал за подред на антропоидите — вишите примати (Anthropoidae). Денес, заедно со аветите, вистинските мајмуни се вклучени во поткласата на шуроконисни мајмуни. Времето на разделување на сувоносните мајмуни на вистински мајмуни и авети, според генетиката, се проценува на 77-80 милиони години, а претходните проценки биле 63 милиони години. Разделувањето на тесноносни и широконосни било пред 43 милиони години.

Систематика

[уреди | уреди извор]

Следната систематика ги дава различните семејства на вистински мајмуни, како и нивното место во рамките на редот Primates:[1][2]

  • РЕД PRIMATES
    • подред Strepsirrhini
    • подред Haplorrhini: авети, кучелики и човеколики мајмуни
      • инфраред Tarsiiformes
      • инфраред Simiiformes
        • парвред Platyrrhini: широконосни мајмуни
          • семејство Cebidae: мармозети, тамарини, капучини и верверични мајмуни
          • семејство Aotidae: ноќни мајмуни
          • семејство Pitheciidae: титии, сакии и уакарии
          • семејство Atelidae: пајаковидни мајмуни
        • парвред Catarrhini
          • натсемејство Cercopithecoidea (старосветски мајмуни)
            • семејство Cercopithecidae: старосветски мајмуни
          • натсемејство Hominoidea
            • семејство Hylobatidae: гибони
            • семејство Hominidae: големи човеколики мајмуни (и луѓе)
  1. Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M. ed. Mammal species of the world (3rd ed.).
  2. Rylands AB and Mittermeier RA (2009). „The Diversity of the New World Primates (Platyrrhini)“. Во Garber PA, Estrada A, Bicca-Marques JC, Heymann EW, Strier KB (уред.). South American Primates: Comparative Perspectives in the Study of Bahavior, Ecology, and Conservation. Springer. ISBN 978-0-387-78704-6.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]