Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Urbi et orbi

Од Википедија — слободната енциклопедија
Urbi et orbi 2008 година дадени од папата Бенедикт Шеснаесетти на Божиќ, од плоштадот Свети Петар, Ватикан, Рим, Италија
Urbi et orbi 2008 година дадени од папата Бенедикт Шеснаесетти на Божиќ, од плоштадот Свети Петар, Ватикан, Рим, Италија

Urbi et orbi, буквално преведено "до Градот (Рим) и до светот." била стандарден вовед на соопштенијата во Стариот Рим. Во денешно време овој термин се користи за да се нагласи некој документ издаден од страна на Ватикан кој е адресиран кон градот Рим и кон целиот свет.

Благословите за време на Велигден и Божиќ се одржуваат на Свети Петровиот плоштад во Рим. Дел од ритуалот на urbi et orbi е и проштевањето на гревовите.

Овие благослови кои се одвиваат за време на Велигден и Божиќ се пренесуваат низ целиот свет по пат на телевизија и радио. Проштевањето не се однесува само на луѓето кои се присутни на плоштадот Свети Петар туку и на сите луѓе кои ги следат молитвите преку радио или телевизија. Пред благословувањето Папата ги поздравува верниците низ целиот свет на сите јазици.

Urbi et orbi исто така се користи и за време на прогласувањето на нов папа на плоштадот Свети Петар.

Главниот дел од благословот завршува со зборовите Et benedictio Dei omnipotentis, Patris et Filii et Spiritus Sancti descendat super vos et maneat semper (Нека благословот на Семоќниот Господ, Отецот, Синот и Светиот Дух, биде со вас сега и засекогаш).

Латинска верзија на благословот

[уреди | уреди извор]

Текстот на благословот на Латински гласи:

Sancti Apostoli Petrus et Paulus, de quorum potestate et auctoritate confidimus, ipsi intercedant pro nobis ad Dominum.

Amen.

Precibus et meritis beatæ Mariae semper Virginis, beati Michaelis Archangeli, beati Ioannis Baptistæ et sanctorum Apostolorum Petri et Pauli et omnium Sanctorum misereatur vestri omnipotens Deus et dimissis peccatis vestris omnibus, perducat vos Iesus Christus ad vitam æternam.

Amen.

Indulgentiam, absolutionem et remissionem omnium peccatorum vestrorum, spatium verae et fructuosae penitentiæ, cor semper penitens et emendationem vitae, gratiam et consolationem sancti Spiritus et finalem perseverantiam in bonis operibus, tribuat vobis omnipotens et misericors Dominus.

Amen.

Et benedictio Dei omnipotentis: Patris et Filii et Spiritus sancti descendat super vos et maneat semper.

Amen.

Македонски превод

[уреди | уреди извор]

Приближната верзија на благословот на македонски гласи:

Нека Светите Апостоли Петар и Павле, во чии моќи сме уверени, се заложат за нас пред Господ.

Амин.

Нека молитвите упатени од нас кон благословена Дева Марија, благословен Архангел Михаил, благословен Јован Крстител, и кон Светите Апостоли Петар и Павле, и кон другите светци, ги пренесат на Господ: Господи имај милост, Господи прости ги гревовите, Господи Исус Христос дај и вечен живот на мојата душа.

Амин.

Нека Семоќниот и милозлив Господ ни даде проштевање на сите наши гревови,нека ни остави простор за целосно наше покајание, сила да го подобриме животот, милост и водство од Светиот Дух, и конечно спасение правејќи добри дела.

Амин.

И нека благословот на Семоќниот Господ, Отецот, Синот и Светиот Дух, биде со вас сега и засекогаш.

Амин.