Vitalogy
„Vitalogy“ | ||||
---|---|---|---|---|
Студиски албум од Pearl Jam | ||||
Издаден | Vinyl: November 22, 1994 CD: December 6, 1994 | |||
Снимен | ноември 1993 – октомври 1994 | |||
Жанр | гранџ, хард рок, арт рок | |||
Траење | 55:30 | |||
Издавачка куќа | Епик Рекордс | |||
Продуцент | Брендан О'Бриен, Pearl Jam | |||
Pearl Jam — Хронологија | ||||
| ||||
Издадени песни од Vitalogy | ||||
|
„Vitalogy“ — третиот студиски албум на американскиот рок бенд Pearl Jam, објавен на 22 ноември 1994 година преку Епик Рекордс. Pearl Jam ги напишала и ги снимила песните од Vitalogy за време на турнејата на својот претходен албум Vs. (1993). Музиката на албумот била поразновидна од претходните изданија, и се состои од агресивни рок песни, балади и други елементи што го направиле како прв експериментален албум на бендот.
Албумот првпат бил пуштен на грамафонска плоча, по кое следело пуштање на компакт диск и касета на 6 декември 1994 година. LP продал 34.000 примероци во првата недела од објавувањето. По издавањето на ЦД-то, Vitalogy станал втор најбрз албум во продажба во историјата, само зад претходното издание на бендот Vs., продавајќи 877.000 копии во својата прва недела[1]. Албумот е сертифициран пет пати на платина од RIAA во САД. Ова е последниот албум на Pearl Jam на кој настапувал тапанарот Дејв Абруцезе[2].
Список на песни
[уреди | уреди извор]Сите текстови на Еди Ведер. Целата музика е припишана од Pearl Jam со исклучоци (*). Музичките композитори се наведени подолу.
Бр. | Наслов | Музика | Траење |
---|---|---|---|
1. | „Last Exit“ | Абрузес, Госард | 2:54 |
2. | „Spin the Black Circle“ | Стоун Госард[3] | 2:48 |
3. | „Not for You“ | Ведер[4] | 5:52 |
4. | „Tremor Christ“ | Џеф Амент , Mike Мекреди[4] | 4:12 |
5. | „Nothingman“ (*) | Амент | 4:35 |
6. | „Whipping“ | Ведер[5] | 2:35 |
7. | „Pry, To“ | Абрузес, Амент , Мекреди, Госард, Ведер | 1:03 |
8. | „Corduroy“ | Ведер[6] | 4:37 |
9. | „Bugs“ | Ведер[7] | 2:45 |
10. | „Satan's Bed“ (*) | Госард | 3:31 |
11. | „Better Man“ (*) | Ведер | 4:28 |
12. | „Aye Davanita“ | Абрузес, Амент , Мекреди, Госард, Ведер | 2:58 |
13. | „Immortality“ | Ведер[6] | 5:28 |
14. | „Hey Foxymophandlemama, That's Me“ (*) (позната и како "Stupid Mop"[8]) | Амент , Госард, Џек Ајронс , Мекреди, Ведер | 7:44 |
Вк. траење: |
55:30 |
Бонус песни
Сите текстови на Ведер.
Бр. | Наслов | Музика | Траење |
---|---|---|---|
15. | „Better Man“ (guitar and organ only mix) | Ведер | 3:55 |
16. | „Corduroy“ (alternate take) | Ведер[6] | 4:44 |
17. | „Nothingman“ (1993 demo featuring Richard Stuverud on drums) | Амент | 4:36 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Philips, Chuck (December 15, 1994). „Vitalogy' Makes for a Real Pearl Jam of a Seller“. Los Angeles Times. Посетено на June 18, 2014.
- ↑ Gold and Platinum Database Search Архивирано на 26 јуни 2007 г.. RIAA.com. Посетено на February 12, 2007.
- ↑ Fricke, David. "Еди Ведер's Combat Rock". Rolling Stone. May 29, 2003.
- ↑ 4,0 4,1 Gilbert, Jeff. "Prime Cuts: Mike Мекреди - The Best of Pearl Jam!". Guitar School. May 1995.
- ↑ "Interview with Stone Gossard and Mike McCready". Total Guitar. November 2002.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Hilburn, Robert. "All Revved Up (As Usual)". Los Angeles Times. November 20, 1994.
- ↑ Scaggs, Austin. "Еди Ведер: Addicted to Rock". Rolling Stone. April 21, 2006.
- ↑ (1994) Album notes for Vitalogy by Pearl Jam, [CD booklet]. New York: Sony Music.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Vitalogy at Discogs
- Vitalogy информации за албумот на pearljam.com
- 1906 edition of Vitalogy: Encyclopedia of Health and Home at the Семрежен архив.