X Ambassadors
X Ambassadors | |
---|---|
X Ambassadors на настап во 2015 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Итака, Њујорк, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 2009–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | xambassadors.com |
Членови | |
| |
Поранешни членови | |
Ноа Фелдшу |
X Ambassadors (стилизирано и како XA; транскрипција: Екс амбасадорс) ― американска поп-рок група од Итака, Њујорк. Во нејзиниот состав се: главниот пејач Сем Харис, клавијатуристот Кејси Харис и тапанарот Адам Левин. Рас Флин е член за турнеја, а свири на гитара и бас. Нивни најуспешни песни се: „Jungle“, „Renegades“ и „Unsteady“. Првиот студиски албум на групата, VHS, бил издаден на 30 јуни 2015 година. Нивниот втор албум, Orion, излегол на 14 јуни 2019 година. Нивниот трет албум, The Beautiful Liar, бил издаден на 24 септември 2021 година.
Кон крајот на 2023 година, X Ambassadors почнале да објавуваат дел од песните од нивниот претстоен четврти студиски албум, Townie. На албумот, објавен на 5 април 2024 година, му претходеле четири синглови: „No Strings“, објавен на 19 јануари 2024 година; „Your Town“, објавен на 16 февруари 2024 година; „Half-Life“, објавен на 15 март 2024 година; и „Follow the Sound of My Voice“, објавен на 29 март 2024 година.[1]
Членови на групата
[уреди | уреди извор]- Сем Нелсон Харис – главен пејач, гитара, саксофон, бас гитара, тапани, перкусии (2009-денес)
- Кејси Харис – пијано, клавијатури, пратечки вокали (2009–денес)
- Адам Левин – тапани, перкусии (2009–денес)
Дискографија
[уреди | уреди извор]- VHS (2015)
- Orion (2019)
- The Beautiful Liar (2021)
- Townie (2024)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Staff, Wonderland (January 19, 2024). „X Ambassadors – "No Strings"“. Wonderland. Посетено на January 19, 2024.
|