Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
ГОДИШЕН ЗБОРНИК Далибор ЈОВАНОВСКИ 193 УДК: 94(497.7)„18“:930.1(4-15) ОСМАНЛИСКА МАКЕДОНИЈА ОД 19 ВЕК ВО ЗАПАДНИТЕ ИСТОРИСКИ КНИГИ Кратка содржина Погледите на западните историчари за регионот секогаш се интересни за анализа и читање. Македонија како дел од Балканот не може да биде заобиколена од истражувањето, разгледувањето и толкувањето на минатото од страна на западните историчари. Во оваа статија ќе се обидам да дадам еден преглед и анализа на тоа како некои западни историчари гледале на османлиска Македонија во 19 век. Во таа насока главен акцент во овој прилог е посветен на неколку теми-територија, население, политичка и економска историја и општествениот живот. Клучни зборови: ОСМАНЛИСКА МАКЕДОНИЈА, ТЕРИТОРИЈА, МРО, НАСЕЛЕНИЕ, ИСТОРИЈА Сите кои се бавиме со балканската историја знаеме дека Македонија е нејзиниот составен дел и обратно, македонската историја не може да се замисли без балканската. Всушност националните истори на балканските народи не можат да се замислат без регионалната историја. Тие меѓусебно се испреплетени. Никој не може да негира дека скоро сите народи во регионот во дел од минатото имале заедничка историја, заеднички ликови, настани итн. Тоа што ја забораваме, намерно или ненамерно е друга работа. Во овој прилог сакам да прикажам како некои западни научници, кои се бават со балканското минато, гледале на Македонија во последниот век на османлиското владеење. Изборот кој го направив се однесува како османлиска Македонија во периодот на 19 век е претставена во општите истории на Балканот напишани на запад. Извесно време размислував дали да пишувам и за тоа како Македонија е прикажана и во историите на другите балкански народи, напишани на запад, но мислам дека е подобро, заради просторот да се ограничам само на општите истории на Балканот. Во таа насока, намерно, не ги користев некои книги кои се однесуваат само на Македонија, како на пример одличната студија на Росос за Македонците и нивната историја. 194 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ Сметам дека треба да објаснам зошто се определив за 19 век. Морам да признам дека тој периодот е полето на моето истражување и проучување. Од друга страна тој период се појавува македонското прашање, како одделно политичко прашање, кое ја оптоварува балканската политика, а делумно и европската дипломатија. Всушност тоа бил векот кога во османлиска Македонија се случиле многу настани кои влијаеле на иднината на целиот регион. Во овој прилог нема да посветам внимание на првите две децении од дваесеттиот век, време кога целиот регион на југоисточна Европа доживеа длабоки промени, а во Македонија се одиграа Илинденското востание, Младотурската револуција и Балканските војни. Следните две години кога ќе се навршат 100 години од Балканските војни, претпоставувам, ќе има многу простор и можности да се проговори и за темите кои сè уште предизвикуваат полемики и недоразбирања. Во составувањето на овој прилог ги користев оние книги кои, засега, се најмногу користени од страна на историчарите, но и на обичните луѓе, кои ја сакаат историската литература. Тука неодминливо морам да го споменам сајтот на познатата бугарска историчарка Марија Тодорова, кој дава еден основен преглед на литературата за балканската историја напишана на англиски јазик. Дел од книгите кои ги користев се превод на историите на Балканот на македонски, бугарски и српски јазик. Кога го споменав преведувањето би било добро да се напомене дека во Македонија првиот превод на книга која се однесува на балканската историја беше направен во 1999 година кога на македонски јазик излезе познатото дело на Барбара Јелавич, „Историја на Балканот“ во два тома. Четири години подоцна беше преведена и книгата на Марк Мазовер, „Балканот-кратка историја“. Секако не треба да се заборави и преводот на, веќе, култното дело на Марија Тодорова „Замислувајќи го Балканот“, кое излезе на македонски јазик во 2001 година. За жал тука некако застана процесот на преведување на македонски јазик на книги кои се однесуваат на историјата на Балканот од западни автори. Последниве години се појави една друга тенденција. Имено се појавија неколку преводи на книги кои се однесуваат на историјата на Османлиската држава од Халил Иналџик, Илбер Ортајли, Колин Имбер. Тие исто така се интересни за проучувачите на историјата на југоисточниот дел на Европа, но ние нема да ги користиме во овој наш прилог. Македонија, според податоците со кои располагам, заостанува зад соседните земји во поглед на бројот на преведени книги за општата историја на Балканот од странски автори, особено од англиското јазично подрачје. Имено, при истражувањата сретнав дека покрај книгите на Мазовер и на Барбара Јелавич, кои се преведени на македонски јазик, на срп- ГОДИШЕН ЗБОРНИК 195 ски,1 бугарски и на грчки јазик,2 се преведени и Ставријанос, Стојановиќ, Павловиќ, Глени, Кастелан, Хош и др. Најверојатно и поголемиот пазар, но и традиција си го прави своето. Исто така морам да напоменам дека и литературата напишана од македонски историчари која се однесува на историјата на Балканот или некоја држава од регионот е многу мала по обем и, најчесто, истата е поврзана со односите на Македонија со останатите балкански земји.3 Имајќи предвид дека македонската историографија е една од помладите во регионот може да изразиме надеж дека тука во некоја блиска иднина ќе имаме подобрување. 4 Во овој воведен дел би сакал да посветам малку внимание на границите на регионот Македонија во 19 век. На некој начин тоа е поврзано со темата. Вилкинсон, во своето познато дело во кое пишува за етнографската картографија на Македонија, уште на самиот почеток забележал дека едвај два авторитета би се согласиле за точниот опис на Македонија,5 поточно на нејзините граници. Како и да е постои една општа согласност до каде се протега географскиот регион Македонија- „Границата на географска Македонија ја сочинуваат планините Шар планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и Рила на север, западните падини на Родопите и долното течение на реката Маста (Нестос) на исток, Егејското море и реката Бистрица (Алијакмон) на југ и масивот Грамос, Преспанското езеро, Охридското езеро и планинските венци Кораб и Јабланица на запад, кон 1 Барајќи материјали за разни теми од балканската историја при рака ми дојде и една статија на Чедомир Антиќ. Во неа меѓу другото авторот споменува дека првиот превод на српски јазик на една историја која се однесува на историјата на Балканот била испечатена во 2001г. (Čedomir Antić, Pluralistic approach and a new history of the Balkans, Историјски часопис, књ. XLIX (2002), Београд, с. 273 2 Добар преглед за преведените книги од некои светски јазици на грчки јазик, а се однесуваат на Балканот може да се најде кај: Σπυριδων Σφετας, Εισαγωγη στη Βαλκανικη ιστορια-απο την Οθωμανικη κατακτηση των Βαλκανιων μεχρι τον πρωτο παγκοσμιο πολεμο (1354-1918), τ. Α, Βανιας, Θεσσαλονικη, 2009 3 Исклучок е Историјата на Романија на Стојан Киселиновски. 4 Тука би сакал да напоменам дека наскоро треба да излезе една книга со документи за Историјата на балканските народи во деветнаесеттиот и почетокот на двесеттиот век. За разлика од Република Македонија во соседните земји се напишани неколку истории на Балканот од домашни автори-во Бугарија може да ги споменем Крстју Манчев, Страшимир Димитров и Стојчо Грнчаров, во Србија, Бранко Надовеза, во Грција Спиридон Сфетас, Марија Нистазопулу Пеликиду и Марилена Копа 5 Х.Р.ВИЛКИНСОН, Картите и политиката. Преглед на Етнографската картографија на Македонија, Македонска книга, Скопје, 1992, с. 35 196 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ Албанија“.6 Тука сакам да напоменам дека границите на мојата држава Република Македонија не се исти со оние на територијата на османлиска Македонија. Пред да дадам еден краток приказ на тоа како османлиска Македонија била прикажана во книгите кои се однесуваат на Балканот, а се напишани од западни автори, би сакал да нагласам дека тука ќе се задржам на неколку прашања кои ги сретнав во текот на истражувањата и подоготовките за некои конференции, статии, книги или предавања. Тие се поврзани со територијата, населението, политичката историја, економскиот и социјалниот живот. Тука ги користев книгите кои се однесуваат на балканската историја објавени по Втората светска војна, значи по создавањето на современата македонска држава. Да започнеме со границите на османлискиот регион Македонија во 19 век, поточно како во општите истории за регионот тие се претставени. Навидум тоа е лесна задача, но постојат разлики. Марак Мазовер, пишувајќи за границите на Македонија забележал дека таа била регион без јасни граници, дури и без формално постоење како посебен административен османлиски ентитет. 7 Барбара Јелавич, историчарката која можеби е најпреведувана во регионот, во својата историја посветена на Балканот запишала дека османлиска Македонија немала дефинирани политички граници, туку била дел од трите вилеати-Солунски, Битолски и Косовски.8 Сепак, и покрај тврдењето дека регионот немал јасни политички граници, Јелавич ги дава географските граници на Македонија-на север Шар Планина, на исток Родопските планини, на југ Егејското море, Олимп, Пиндскиот масив и на запад Охридското езеро.9 Забележуваме дека Мазовер и Јелавич пишуваат дека Македонија немала јасни граници. Тоа е точно, бидејќи османлиската администрација не го употребувала зборот Македонија за официјално да се означи некој дел од нејзината територија, но тоа важи и за дугите балкански земји така што Македонија не е исклучок. Денешните имиња на балканските држави не фигурирале во османлискиот административен речник. Можеби исклучок е Босна. Пред извесно време имав чест да промовирам една книга во која беше обработен погледот и ставот на турската историографија за Балканските војни. Во неа авторот дава едно интересно видување околу прашањето зошто не се употребува 6 Ендрју Росос, Македонија и Македонците, историја, Фондација Институт Отворено Општество, Македонија, Скопје, 2010, с. 1 7 Марк Мазовер, Балканот-кратка историја, Евро Балкан пресс, Скопје, 2003, с. 131 8 Барбара Јелавич, Историја на Балканот. Дваесетти век, Лист, Скопје, 1999, с. 104 9 Исто ГОДИШЕН ЗБОРНИК 197 името Македонија во турската администрација. Според изнесеното во книгата, а се потпира на пишувањето на проф. Кемал Бејдили, османлиската управа не го користела поимот Македонија, бидејќи сметала дека е странска одредница, која почнала да влегува во употреба по Берлинскиот конгрес. 10 Меѓутоа, иако османлиските власти ја избегнувале употребата на терминот Македонија, тој широко се користел од страна на останатите и во османлиската држава и во Европа. Пишувајќи за Македонија во деветнанесеттиот век, Хапчик говори дека овој регион ги опфаќал отоманските територии на Солун, Битола и Косово,11 најверојатно мислејќи на вилаетите кои ги носеле споменатите имиња. Сличен поглед ни дава и Павловиќ.12 Лефтер Ставријанос, историчарот со кој на запад започна да се пишуваат посериозни истории на Балканот, напишал дека Македонија може да се опише како област околу Солун која се состои од, приближно кажано, три турски вилаети, кои веќе го споменав.13 Тоа секако е повеќе од околината на Солун. Францускиот историчар Жорж Кастелан пишува дека европските географи во средината на 19 век со името Македонија го означувале регионот ограничен на север со Шар планина, со Олимп и Пинд на југ, со Родпите на исток и со Охридското езеро на запад.14 Тој е и попрецизен кога говори за административната поделеност на османлиска Македонија, па така пишува дека таа ги опфаќа елаетите Солун и Битола (Монастир), дел од елаетот Косово и автономниот санџак Серфиџе (Сервија).15 Мора да забележам дека Кастелан го користи терминот ејалет За да означи осман10 Исмет Кочан, Битка за Македонија-турската историографија за Балканските војни 1912-1913, Бата пресс, Скопје, 2010, с. 19; Рудометоф во однос на употребата на името Македонија во 19 век напишал: “Macedonia meant the tree vilayets of Salonica, Monastir and Kosovo. The region was not called “Macedonia” by the Ottomans and the name “Macedonia” gained currency with the ascent of rival nationalisms” (Victor Roudoemtof, Nationalism, globalization and the orthodoxy. The social origins of ethnic conflict in the Balkans, Greenwood Press, Westpot, London, 2001, p. 142). Фикрет Аданир во своето познато дело за македонското прашање, пишувајќи за неупотребата на името Македонија од страна на османлиската администрација нагласил дека дури по склучувањето на Берлинскиот договор во 1878 година и појавата на македонското прашање името на регионот проникнува во сознанието на Османлиите, но властите и понатаму го користеле терминот „трите вилаети“. (Фикрет Аданър, Македонският въпрос, София, 2002, с. 13-14) 11 Dennis Hupchik, The Balkans, From Constantinople to communisn,, Palgrave Macmillan, 2004, p. 297 12 Стеван Павловић, Историја Балкана, Клио, Београд, 2001, с. 215 13 Letfen Stavrijanos, Balkan posle 1453 godine, Equilibrium, Beograd, 2005, s. 492 14 Жорж Кастелан, История на Балканите XIV-XX век, Хермес, София, 2002, с. 355 15 исто 198 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ лиска административна единица, иако во тој период се користи и терминот вилајет. Сепак сите не мислат дека Македонија опфаќала три османлиски вилаети, поточно делови од некои вилаети. Миша Глени, кој се обидува умешно да ја долови состојбата во османлиска Македонија во 19 век, забележал дека оваа област, голема по површина, била составена од пет отомански вилаети.16 Можеби најинтересната дефиниција за границите на регионот Македонија во 19 век ја сретнав кај Паларе. Овој автор, кој повеќе се бави со економските и социјалните прашања од балканското минато, во едно свое дело, користејќи ја Едит Дарам, напишал дека без пардон ќе ја усвоил дефиницијата за поимот Македонија која гласела дека името на областа бил еластичен термин кој ги опфаќал сите територии кои било кој сакал да ги анектира.17 Општо земено кога е во прашање населението во османлиска Македонија читајќи ги книгите се забележува дека авторите пишуваат за голема етничка и верска разноликост на населението во Македонија. Меѓутоа и покрај таа единственост околу разноликоста на населението, постои разлика во нивните белешки. Така населението според Мазовер било збунувачка мешаница од разни народи, а етнографијата на Македонија била предизвик за најзапалените балкански националисти.18 За разлика од другите тој посветува, кога е во прашање населението, поголемо внимание на етничкиот состав на Солун со логичната констатција дека преовладувачки елемент во градот биле Евреите, иако забележува дека дека селанството кое е словенско било доминанто во регионот. 19 Имајќи ја предвид неговата обемна и интересна книга за Солун, напишаното воопшто не е изненадување. Мазовер ни дава и еден негов поглед за емигрирањето на населението кон соседните земји и американскиот континент. Според него тоа се должело на несигурноста која владеела во Македонија односно судирите меѓу македонските револуционери и османлиските власти.20 Според Хапчик населението претставувало мешавина од Албанци, Бугари, Грци, Срби и Турци.21 Тој исто така ги споменува и Власите, Евреите и Ромите. Меѓутоа кога пишува за создавањето на бугарската Егзархија овој историчар напо- 16 Miša Gleni, Balkan 1804-1999 (Nacionalizam, rat i velike sile) prvi deo, Free B92, Beograd, 2001, s. 165 17 Michael Palairet, The Balkan economies c.1800-1914. Evolution without development, Cambridge University Press, 1997, p. 342 18 М. Мазовер, Балканот, с. 131-132 19 исто, с. 132 20 исто, с. 133 21 D. Hupchik, The Balkans, p. 297 ГОДИШЕН ЗБОРНИК 199 менува дека најголемиот дел од населението биле Македонски Словени.22 Во својата историја на Балканот, британскиот историчар од српско потекло Стеван Павловиќ, слично како и некои кои тука ги користам пишува за мешавина од неколку етнички групи-Грци, Бугари, Албанци, Турци и Власи, но притоа констатира дека мнозинското население е селанско кое говорело на многу словенски дијалекти.23 Според него идентитетот на припадниците на тоа население зависело од времето, местото, образованието, семејните врски, личните склоности и делувањето на соседните држави,24 но исто така забележал дека со развојот на борбата и притисокот од страна се јавил нов одговор-истакнување на македонската посебност. 25 За Хош неоспорно е дека во Македонија преовладувал словенскиот елемент во однос на грчкото, албанското, турското, куцовлашкото и еврејското малцинство, но говорниот јазик на словенското население не бил доволен за ова население да може да биде определено кон српската или бугарската држава, иако нагласува дека за тоа да се определи како македонско, кон крајот на 19 век сè уште недостасувале внатрешни претпоставки како литературен јазик, сознание за припадност кон македонска заедница.26 Постојат мислења кои се различни од тоа на Хош. Така на пример, Ставријанос дава една интересна анализа за составот на населението во османлиска Македонија. Според него жителите на Македонија кои живееле во близината на грчката, бугарската и српската граница можеле да се означат за претежно Грци, Срби или Бугари, а останатото население, со исклучок на Турците, Власите, Евреите и Албанците, може да се смета за посебна македонска заедница.27 Според него Македонците, иако заостанувале зад своите соседи во поглед на развојот на националната свест, имале свое наречје и одредени културни обележја кои дозволуваат тие да се означат како посебна јужнословенска група.28 За Глени населението во османлиска Македонија го сочинувале-Словени, Грци, Албанци, Турци, Евреи, Власи и Роми. Забележал дека во Македонија успеала најдолго да се одржи најсложената мултикултурна заедница во Европа.29 Во рамките на таа мултикултурна заедница 22 Пишувајќи за бугарската преродба и нејзиното влијание во Македонија, Хапчик нагласува дека еден дел од водачите на бугарското национално движење пред 1870 година, како на пример браќата Миладиновци, биле Македонски Словени (D. Hupchik, The Balkans, p. 297) 23 С. Павловић, Историја Балкана, с. 215 24 исто 25 исто, с.216 26 Едгар Хьош, История на балканските страни,София, 1998, с 214 27 L. Stavrijanos, Balkan, s. 493 28 исто, с. 494 29 M. Gleni, Balkan 1804-1999, s. 165 200 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ прави еден обид да го анализира прашањето за потеклото на Македонците и сите контроверзи кои истото го проследуваат. Јелавич кога говори за населението забележала дека во Македонија живееле барем осум различни народи-Турци, Бугари, Грци, Срби, Албанци, Власи, Евреи и Роми, но исто така не заборавила да спомене дека некои поединци себеси си првенствено се сметале за Македонци.30 Оваа историчарка како што забележуваме вели дека некои од жителите се изјаснувале како Македонци, но некоја страна понатаму напишала дека терминот македонски во 19 век повеќе се однесувал на географскиот регион.31 Меѓутоа кога пишува за словенското население во Македонија, Јелавич смета дека за ова население, или како што ги нарекува македонски Словени, било можно да се тврди дека формирало своја посебна националност со нагласување дека тоа имало посебно значење по Втората светска војна.32 Кога веќе е во прашање ова население треба да се забележи дека истата авторка во нејзиното дело напишано заедно со сопругот Чарлс кога пишуваат за населението во Македонија кон веќе наведените осум народи ги додаваат и Македонците.33 Така во османлиска Македонија, според тоа што го напишале, имаме девет народи. Политичката историја зазема најголем дел од тоа што е напишано за Македонија во општите истории за Балканот. Воглавно се обработуваат теми за црковниот проблем кој се јавил во османлиска Македонија, Источната криза, односот и активностите на соседните земји и за делувањето на Македонската Револуционерна орагнизација, позната како ВМРО. Глени е единствениот кој пишувајќи за Балканот, посветил внимание на Кресненското востание кое избило есента 1878 година во североисточните делови на османлиска Македонија,34 со сите научни дебати кои се водат меѓу Скопје и Софија за него. Ставријанос, кога говори за политичката историја прави една анализа на делувањето прво на Цариградската патријаршија, а потоа и на Егзархијата и какво влијание тоа делување имало врз обичниот човек во Македонија. Интересна е неговата забелешка околу неуспехот на Патријаршијата да го елинизира македонското население по укинувањето на Охридската архиепископија. Причината овој историчар ја наоѓа во слабата писменост на македонското селанско население кое останало воглавно недопрено од грчката култура и продолжило да говори со своето словенско наречје. 35 Ставријанос, имајќи ја предвид неговата заинтересира30 Б. Јелавич, Историја на Балканот, с. 104 исто, с. 106 32 исто 33 Charles and Barbara Jelavich, The establishment of the Balkan national states 18041920, University of Washington Press, 1986, p. 207 34 M. Gleni, Balkan 1804-1999, s. 165-169 35 L. Stavrijanos, Balkan, s. 494 31 ГОДИШЕН ЗБОРНИК 201 ност за идеите за балканска федерација и преговорите меѓу земјите во регионот, во своето дело дава кратки податоци за преговорите и обидите за преговори меѓу Србија, Грција и Бугарија во последната деценија на 19 век, 36 кои ги смета за главни соперници во Македонија. Добар дел од делот за Македонија, логично го посветува на формирањето и делувањето на МРО, кое според него го формирале извесен број на бугарски Македонци во Ресен.37 Меѓутоа, забележал овој историчар, целта на оваа организација била подготовка на населението за едно востание кое би довело до автономна Македонија, и евентуално би влегла во една јужнословенска федерација. Кога веќе ја споменав целта на МРО, пожелно е да се напомене дека и Ставријанос како и други кога пишуваат за МРО или ВМРО, како што оваа организација е попозната, ја забележува разликата која постоела меѓу целите на МРО и на Врховниот Македонски Комитет, формиран во Софија. Уште повеќе кај него може да се сретне и нешто околку поддршката за овие две организации. Според него МРО ја имала поддршката на народот во Македонија, а Врховниот Комитет на владата во Софија.38 Сепак, да завршиме со Ставријанос. Хапчик, исто како и претходно споменатиот историчар, го смета градот Ресен за место каде што била формирана МРО, што секако не е точно бидејќи МРО била формирана во Солун. Од друга страна пак, забележал дека нејзините членови ја сметале Македонија за неделива целина, а нејзините жители за Македонци,39 без разлика на религијата и етничкото потекло. Слично како и Данкан Пери и Хапчик пишува за МРО како за прва свесно создадена терористичка организација во Европа.40 Според него Врховниот Македонски Комитет, кој тој го нарекува Надворешна македонска организација, за разлика од МРО, се залагала за припојување на Македонија кон Бугарија.41 Целта на МРО, според Хош, била неделива автономна Македонија како рамноправен член на Балканската федерација.42 Павловиќ, за разлика од Хапчик и Ставријанос, точно информира за местото и годината на формирањето на МРО. Неа ја основале, според него, милитантни заговорници на автономистичката идеја за неделива Македонија.43 Интересно е неговото видување зошто на името на организацијата бил додаден зборот Внатрешна. Тоа, пишува Павловиќ, било 36 исто. 497 исто, с. 495 38 исто 39 D. Hupchik, The Balkans, p. 299 40 исто 41 исто, с.301 42 Е.Хьош, История на балканските страни, с. 214 43 С. Павловић, Историја Балкана, с. 216 37 202 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ направено за да се разликува од Врховниот Комитет,44 која навистина била надворешна. Морам да признам дека начинот на кој Глени го објаснил формирањето на МРО е доста интересен, поточно надвор од познатите клишеа. Во делот од неговата книга опишувајќи го Солун во деветнаесеттиот век, неговиот развој и улогата на Евреите во градот, тој се задржува и на основањето на МРО. За разлика од другите тој, како новинар, ја опишува првата средба на основачите на МРО со забелешка дека случајната средба на, според него, три млади Словени, кои по неколку дена донеле уште тројца пријатели за да ја основаат организацијата, претставувала почеток на историјата на крвопролевањето во Македонија. Иако точно ја дава годината и месецот на формирањето на организацијата сепак, и тој, пишува дека во Ресен 1894 година се одржал основачки конгрес. 45 Кај него сретнав уште еден интересен коментар. Имено, двете децении кои следеле по создавањето на МРО претставувале најкомликуван дел од балканската историја.46 Навистина за сите кои го проучуваат овој период е премногу комплициран и контроверзен. Меѓутоа и покрај целата комплицираност, Глени е можеби единствен кој оди во некои детали за делувањето на МРО на теренот и споменува личности, како Дамјан Груев и настани како оној во Виница кога османлиските власти станале свесни за постоење на организацијата.47 На тој начин Глени, може слободно да се каже, се обидува да им даде на западните читатели, кон кои објективно првично го наменил своето дело, едно поинтересно и поразбирливо четиво. На еден Англичанец, на пример, кој би читал за викторијанска Британија не би му биле јасни сите процеси кои се одвивале во османлиска Македонија во истиот период и обратно. Јелавич, исто така, повеќе внимание посветува на политичките состојби во османлиска Македонија, обидувајќи се накратко да ја објасни целата заплетканост на тогашната политичка ситуација, делувањето на соседните земји и нивното меѓусебно ривалство, особено меѓу Бугарите и Грците, на кои ќе им се приклучат и Србите. Читајќи ја нејзината книга забележлив е просторот која таа го одвоила на МРО во однос на другите политички теми.48 Според неа ВМРО, како што ја нарекува организацијата, користејќи ја паролата „Македонија на Македонците“ поддржувала формирање на една јужнословенска федерација во која би имало место и за Македонија, што не одговара на реалната историска вистина. За разлика 44 исто, с. 217 M. Gleni, Balkan 1804-1999, s.195 46 исто 47 M. Gleni, Balkan 1804-1999, s.202-208 48 Во однос на прашањето на годината и местото каде е формирано МРО, Јелавич нема двоумење дека тоа се случило во Солун во 1893 година (Б. Јелавич, Историја на Балканот, с. 109) 45 ГОДИШЕН ЗБОРНИК 203 од другите автори американската историчарка нагласила дека МРО, која што ја нарекува држава во држава, била извонредно организирана за да крене едно големо востанине.49 Таа го споменува и Врховниот Комитет за кој вели дека сакал да ја припои Македонија кон Бугарија.50 Јелавич, како и другите западни историчари, површно го гледа тоа прашање. Кастелан во својата книга посветена на балканската историја пишува за делувањата на соседните држави во османлиска Македонија, особено преку црковните институции и образованието. Тој на читателот, слично како и Глени,51 му открил и еден проблем кој бил многу чест во Македонија во 19 век. Во едно семејство, заради образованието, но и другите интереси се случувало таткото да биде од една националност односно црква, а синот да биде од друга.52 Црковната припадност се изедначувала со етничката. Ако некој припаѓал на Цариградската патријаршија тогаш бил сметан за Грк, а ако бил дел од Егзархијата тогаш бил сметан за Бугарин.53 Целата таа состојба во османлиска Македонија, поточно делувањето на трите соседни држави меѓу македонското население, Кастелан го илустрира и со приложување на три статистики - по една бугарска, грчка и српска, кои настојувале да покажат дека бројот на нивните сонароднинци е најголем во османлиска Македонија. Добра илустрација, нема што. За овој француски историчар МРО,54 или ВМРО како што ја нарекува, имала за цел создавање автономна Македонија. Тој, како и поголемиот дел од историчарите кои тука ги користев, прави разлика меѓу МРО и Врховниот Комитет формиран во Софија. Во своето дело, тој како предвесници на младите луѓе кои ја основале ослободителната организација ги споменува браќата Миладиновци и Партениј Зографски кои со своето делување на културен и образовен план направиле доста за македонското население. Кастелан, барем кога е во прашање делувањето на споменатите македонски интелектуалци, кои ние во Македонија ги сметаме за македонски, а во Бугарија ги сметаат за бугарски културни дејци, е поблизок до ставовите на македонската историо- 49 исто исто 51 Глени во својата книга цитира еден разговор на Ноел Бреилсфорд со еден богат селанец во Македонија кој на едноставен начин му објаснил зошто имало промена во црковната или националната припадност. Причините биле политички под притисок од оружје или пак економски. (M. Gleni, Balkan 1804-1999, s. 209) 52 Ж. Кастелан, История на Балканите, с. 356 53 исто, с.356-357 54 Кастелан кога е во прашање годината на создавање точно наведува дека организацијата била формирана во 1893 година, но погрешно напишал дека местото на создавањето бил Ресен (исто, с. 360) 50 204 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ графија.55 Од друга страна, кога пишува за создавањето на една грчка националистичка организација која ја нарекува Филики Етерија,56 во 1894 година, Кастелан причините за формирањето на оваа организација ги гледал во успесите на Бугарите во Македонија.57 Роберт Волф во воведниот дел од својата книга за Балканот посветува мало внимание и на османлиска Македонија во 19 век. Според него во осумдесеттите години на споменатиот век започнало ривалството меѓу Србите, Грците и Бугарите за османлиската провинција Македонија.58 Само кај него сретнав дека формирањето на МРО било направено по создавњето на Врховниот Комитет. Имено ВМРО како што ја нарекува била формирана 1896 година, што секако не е точно. За него организацијата е терористичка и во неа секогаш имало две главни групи од кои едната се залагала за анексија на Македонија кон Бугарија, а другата за нова автономна македонска држава како дел од една балканска федерација.59 Оваа негова констатација воопшто не кореспондира со историските факти и затоа толкувањата се вакви. Книгите кои ги користев за овој прилог содржат многу малку за економскиот и социјалниот живот во османлиска Македонија. Се разбира исклучок е книгата на Пеларе. Меѓутоа и во општите истории на Балканот можев да пронајдам некој збор за економијата. Така, Павловиќ пишува за позицијата на селаните во Македонија и причините за нивното емигрирање. Павловиќ, од тоа што го напишал, ја смета Македонија за слабо развиена област. Дури и градењето на пругата Солун-Скопје не го гледа низ призмата на економскиот интерес, туку како потреба за транспортот на војската.60 Оваа негова констатација не е неточна, но развојот на местата и појавата на нови населби по текот на железничката линија некако ги заборавил. Слично како Павловиќ и Јелавич посветува многу малку простор на економските состојби во Македонија објаснувајќи го животот на селанецот и на основните производи, нагласувајќи дека регионот не бил економски продуктивно подрачје. 61 Единствената книга која ја користев, а целосно е посветена на економските состојби е книгата на Мајкл Паларе за балканските економии од почетокот на 19 век до почетокот на Првата светска војна. Тој ни дава малку подруга слика за економијата во Македонија и се разликува од тоа што претходно го споменав. Така на пример Паларе сме55 исто, с. 361 Вистинското име на оваа организација било Етники Етерија 57 исто, с. 362 58 Robert Lee Wolf, The Balkans in our time, Harvard University Press, Cambridge Massachusetts, 1956, p. 87 59 исто, с. 88 60 С. Павловић, Историја Балкана, с. 216 61 Б. Јелавич, Историја на Балканот, с. 105 56 ГОДИШЕН ЗБОРНИК 205 та дека фармерството во османлиска Македонија било умерено просперитетно.62 Исто така, правејќи споредба со другите балкански земји, Паларе тврди дека во османлиска Македонија имало поголем процент на урбано население отколку во независните балкански држави.63 Овие негови ставови, сепак, не значат дека состојбата била добра. Пишувајќи за патната структура во османлиска Македонија, тој нагласил дека добар дел од северна Македонија останал практично затворен за трговија, иако Велес и Скопје биле железнички поврзани.64 Во заклучокот од книгата за балканските економии пред Првата светска војна, Паларе ни дава интересни погледи за економијата на османлиска Македонија. Според неговото размислување земјоделството во османлиска Македонија останало профитабилно за што сведочел процутот на тутунската индустрија, а Македонија не била во загуба заради долгото османлиско владеење, 65 нешто што е во спротивност со погледите на малиот број историчари во Македонија кои се бават со економските прашања од османлискиот период. На крајот на овој прилог треба да се напомене дека западните автори чии дела ги користев поединечно не се бавеле со историјата на османлиска Македонија. Напишаното претставува дел од нивните истражувања за Балканот во целина, а во тие рамки и Македонија. Литературата која ја користеле, најверојатно само таа им била достапна, ги наведува на одредени заклучоци и оценки кои понекогаш не се точни. Кога внимателно се читаат нивните дела може да забележиме и одредени грешки, како на пример со местото и годината каде била формирана МРО. Општо земено воочливо е дека недостасува објаснувањето за влијанието на реформските процеси во османлиската држава врз состојбите во Македонија. Меѓутоа, треба да се има предвид дека Македонија не им била примарна цел на истражувањето и пишувањето, па затоа и грешките, кои сите ние кога пишуваме ги правиме, се разбирливи. Мора да се напомене дека, со сите критики кои можат да им се упатат, тие се обиделе објективно толку колку што можеле, знаеле и умееле да ја прикажат состојбата во османлиска Македонија во 19 век, внимавајќи никого да не фаворизираат. 62 M. Palairet, The Balkan economies c.1800-1914, p. 343 Според податокот кој е изложен во книгата бројот на урбано население во османлиска Македонија изнесувало од 24 до 28%. (Исто, с. 345) 64 исто, с. 348 65 исто, с. 370 63 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ 206 Литература Аданър Фикрет, Македонският въпрос, София, 2002 Antić Čedomir, Pluralistic approach and a new history of the Balkans, Историјски часопис, књ. XLIX (2002), Београд Вилкинсон, Х.Р., Картите и политиката. Преглед на Етнографската картографија на Македонија, Македонска книга, Скопје, 1992 Gleni Miša, Balkan 1804-1999 (Nacionalizam, rat i velike sile) prvi deo, Free B92, Beograd, 2001 Charles and Barbara Jelavich, The establishment of the Balkan national states 18041920, University of Washington Press, 1986 Јелавич Барбара, Историја на Балканот. Дваесетти век, Лист, Скопје, 1999 Кастелан Жорж, История на Балканите XIV-XX век, Хермес, София, 2002 Мазовер Марк, Балканот-кратка историја, Евро Балкан пресс, Скопје, 2003 Palairet Michael, The Balkan economies c.1800-1914. Evolution without development, Cambridge University Press, 1997 Павловић Стеван, Историја Балкана, Клио, Београд, 2001 Росос Ендрју, Македонија и Македонците, историја, Фондација Институт Отворено Општество, Македонија, Скопје, 2010 Roudoemtof Victor, Nationalism, globalization and the orthodoxy. The social origins of ethnic conflict in the Balkans, Greenwood Press, Westpot, London, 2001 Stavrijanos Letfen, Balkan posle 1453 godine, Equilibrium, Beograd, 2005 Hupchik Dennis, The Balkans, From Constantinople to communisn, Palgrave Macmillan, 2004 Хьош Едгар, История на балканските страни, София, 1998 Lee Wolf, Robert, The Balkans in our time, Harvard University Press, Cambridge Massachusetts, 1956 ГОДИШЕН ЗБОРНИК 207 Dalibor JOVANOVSKI 19th CENTURY OTTOMAN MACEDONIA IN WESTERN HISTORY BOOKS Abstract In this article I will attempt to present how some western historians who deal with the Balkan past perceived Macedonia as it was during the last century of the Ottoman rule. The focus of this paper will be on how 19th century Ottoman Macedonia is represented in the general history books on the Balkans written in the west. In writing this paper I made use of those works that have been, up to now, most widely used by the historians, as well as the ordinary people, who like and appreciate historical literature. The main accent in this article is stressed on several issues namely - the territory, the population, political history, economical and social life. In this instance I made use of books dealing with the history of the Balkans published after WWII, i.e., after the creation of the modern Macedonian state. One should bear in mind that Macedonia was not authors primary focus of research and writing, and for this reason the mistakes that appear, and which we all make when we write, are understandable, but not acceptable. We must note that, despite all the criticism that might be directed at them, they have made an honest attempt, to their best of their knowledge and ability, to portray the situation in Ottoman Macedonia in the 19th century, paying attention not to favor any one side. Key words: OTTOMAN MACEDONIA, TERRITORY, MRO, POPULATION, HISTORY 208 ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ