Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Skip to main content
  • Prof. Ranko Mladenoski PhD (Resume) Ranko Mladenoski has graduated from the Faculty of Philology "Blaze Koneski" in ... moreedit
Трудот претставува анализа и интерпретација на суштинските наративни специфики во најновата (третата) збирка раскази на Венко Андоновски со наслов „Припитомување на кучката“ и со поднаслов „Раскази за лудилото“ објавена во 2018 година од... more
Трудот претставува анализа и интерпретација на суштинските наративни специфики во најновата (третата) збирка раскази на Венко Андоновски со наслов „Припитомување на кучката“ и со поднаслов „Раскази за лудилото“ објавена во 2018 година од скопскиот издавачки центар „Три“. Во анализите и толкувањето на расказите го следиме моралниот пад на модерниот човек, но и на човекот воопшто, што е доминантна тема во оваа збирка. Овој морален пад на човекот е демонстриран последователно во трите раскажувачки циклуси („Фрески“, „Иконки“, „Карикатури и гротески“) при што се поаѓа од сакралното (во првите два циклуси во збирката) па преку профаното се стигнува до хтонското (во третиот циклус од раскази). Во заклучокот од трудот се нагласува дека основната идејна нишка во збирката раскази „Припитомување на кучката“ од Венко Андоновски – а тоа е наративно претставување на сите форми на лудило чии негативни рефлексии резултираат со морален пад и дехуманизирање на човекот – се демонстрира мошне умешно и преку формата и преку содржината на расказите.
Овој труд претставува осврт кон книгата „Последното писмо на Чинго“ приредена од Владо Муковски, а публикувана од скопската издавачка куќа „Муза“ во декември 2021 година. Во книгата, имено, се објавуваат за првпат три приватни записи на... more
Овој труд претставува осврт кон книгата „Последното писмо на Чинго“ приредена од Владо Муковски, а публикувана од скопската издавачка куќа „Муза“ во декември 2021 година. Во книгата, имено, се објавуваат за првпат три приватни записи на Живко Чинго: писмото на Чинго до родителите напишано во 1972 година во Мелбурн, писмото на Чинго до внукот Владо Муковски напишано во 1986 година и неколку недатирани белешки на Чинго напишани најверојатно како подготовка за некакво интервју. Личните записи на Чинго што овде се објавуваат се проследени со појаснувања, коментари и спомени од приредувачот Владо Муковски, но и од Ана Мукоска. Во заклучокот од овој осврт се нагласува дека книгата „Последното писмо на Чинго“ е значајно издание за македонската книжевна историографија затоа што преку оваа публикација го запознаваме големиот македонски писател Живко Чинго и од еден друг, приватен аспект.
Во 2011 и 2012 година Министерството за култура на Република Македонија го реализираше проектот Македонска литература на англиски јазик (Macedonian Literature in English), односно „Превод на 130 тома македонска книжевност на англиски... more
Во 2011 и 2012 година Министерството за култура на Република Македонија го реализираше проектот Македонска литература на англиски јазик (Macedonian Literature in English), односно „Превод на 130 тома македонска книжевност на англиски јазик“, што претставуваше, всушност, продолжение на проектот „Македонска книжевност во 130 тома“ што беше реализиран неколку години претходно. Ранко Младеноски во овој проект зеде учество со подготовка на томот за поезијата на Петре Бакевски (објавен во проектот „Македонска книжевност во 130 тома“), односно со адаптација на изборот на поезијата и на предговорот за поезијата на Бакевски. Овој том во 2011 година беше преведен и објавен на англиски јазик со наслов „Celestial fire“ со предговор на Младеноски на англиски јазик со наслов „The eternal flame of the celestial fire (To the poetry of Petre Bakevski)“. Овој предговор на Младеноски, всушност, претставува интерпретација на целокупното поетско творештво на македонскиот автор Петре Бакевски. Во трудот ...
Бобан Перески е коавтор на трудот. „Секогаш со мене“ од книжевната дебитантка Николина Костовска е предмет на книжевно-теориска и книжевно-критичка анализа и интерпретација во овој краток осврт. Станува збор за современ македонски роман... more
Бобан Перески е коавтор на трудот. „Секогаш со мене“ од книжевната дебитантка Николина Костовска е предмет на книжевно-теориска и книжевно-критичка анализа и интерпретација во овој краток осврт. Станува збор за современ македонски роман што е објавен оваа година (2021) и во чија структура авторката нѐ води низ еден лавиринт од три меѓусебно поврзани приказни што се предочени во трите наративни целини од романот: „Пролог“, „Прв дел“ и „Втор дел“. Ваквиот наративен лавиринт во романот е реализиран со постмодернистичка игра во која се релативизираат границите меѓу фикцијата и факцијата и тоа преку три раскажувачки целини во неговата содржина: фикција во фикција, фикција како книжевна стварност и фикција како животна стварност. Во овој осврт детално ќе се анализираат наведените специфики на романот со што ќе се покаже дека „Секогаш со мене“ од Костовска е успешно и значајно романескно остварување во современата македонската литература.
Бобан Перески е коавтор на трудот. Целта на овој труд е да се прикаже и анализира стилската фигура метафора во романот „Ќерката на Математичарот“ од македонскиот писател Венко Андоновски. Всушност, тука ќе биде прикажана анализа на... more
Бобан Перески е коавтор на трудот. Целта на овој труд е да се прикаже и анализира стилската фигура метафора во романот „Ќерката на Математичарот“ од македонскиот писател Венко Андоновски. Всушност, тука ќе биде прикажана анализа на одделни метафори присутни во романот, кои се значајни како од стилистички, така и од семантички аспект, односно ќе биде интерпретирано нивното значење во даден контекст. Со оглед на фактот дека станува збор за две приказни (два романа) кои имаат еден ист заеднички крај, првично се прикажани и анализирани метафорите во Големата книга која ги содржи Предговорот на уредникот со важно упатство за читање и првиот дел со наслов Книга невиност, а потоа метафорите во Малата книга каде што се наоѓа вториот дел со наслов Книга распетие и заедничкиот крај на Големата и Малата книга со наслов Книга воскресение.
Софија Иванова е коавтор на трудот. Суштинската тема што ја елаборира Венко Андоновски во неговата најнова книжевно-теориска, книжевно-критичка и културолошка книга со наслов „Достоевски и Мекдоналдс“ (Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2019... more
Софија Иванова е коавтор на трудот. Суштинската тема што ја елаборира Венко Андоновски во неговата најнова книжевно-теориска, книжевно-критичка и културолошка книга со наслов „Достоевски и Мекдоналдс“ (Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2019 година) е девалвирањето на естетската, односно книжевно-уметничката вредност на романот и на литературата воопшто во модерната глобализирана и глобализациска западна книжевност. Оксиморонско-ироничната, т.е. саркастична синтагматска конструкција од насловот на книгата („Достоевски и Мекдоналдс“) претставува алузија на дијаметрално спротивните творечки стратегии на западноевропската (западната) современа книжевност (доминантно бестселерска), од една страна, и источноевропската (источната) современа книжевност, од друга страна. Ваквата опозитност на двата „книжевни света“ (едниот антропоцентристички, а другиот теоцентристички) се елаборира директно и конкретно во првото поглавје од книгата („Што е тоа бестселер“), но и студиите од преостанатите четири поглавја од книгава како доминантна тема ја имаат токму таа дивергентност меѓу источната книжевност со високи естетски дострели и фабрикуваниот (шаблонизиран) „фастфуд“ бестселер на западниот книжевен свет.
Маријана Горгиева-Ристевска е коавтор на текстот. Овој труд претставува приказ на одредени неантропоморфни ликови во романот „Ќерката на Математичарот“ од Венко Андоновски, а се укажува и на нивната симболика. Во овој труд се зборува и за... more
Маријана Горгиева-Ристевска е коавтор на текстот. Овој труд претставува приказ на одредени неантропоморфни ликови во романот „Ќерката на Математичарот“ од Венко Андоновски, а се укажува и на нивната симболика. Во овој труд се зборува и за семиологијата на неантропоморфниот лик, односно за антропоморфен – неантропоморфен лик. Овие поими накратко ги дефинираме и ги образложуваме од книжевно-теориски аспект преку цитати. Во овој роман ги анализираме бројот „Пи“, огнот, манастирот, светлината, огледалото како неантропоморфни ликови. Основната цел на овој труд е да се прикажат одредени неантропоморфни ликови во романот на Венко Андоновски и нивната функција во романот. Имено, преку примери, цитати, а секако преку свои гледишта, со шеми и прикази успеавме да прикажеме и анализираме одредени неантропоморфни ликови и да зборуваме за нивната функција во романот.
Трудот претставува книжевно-теориска интерпретација на оксиморонските поетски структури во збирката „Нежното срце на варварот“ од македонскиот автор Венко Андоновски. Целта на ова истражување е да се провери (да се потврди или да се... more
Трудот претставува книжевно-теориска интерпретација на оксиморонските поетски структури во збирката „Нежното срце на варварот“ од македонскиот автор Венко Андоновски. Целта на ова истражување е да се провери (да се потврди или да се отфрли) работната хипотеза дека стиховите во оваа поетска збирка од Андоновски се доминантно оксиморонски со оглед на оксиморонскиот карактер на насловот на стихозбирката. Во таа смисла, ќе се истражува и присуството на уште неколку стилски фигури кои според својата структура гравитираат кон оксиморонот како семантичка метабола: парадокс, тавтологија, плеоназам и иронија. При интерпретацијата ќе се оперира со општите научно-истражувачки методи како што се анализа, синтеза, индукција, дедукција и компаративниот метод со чија помош ќе се дојде до заклучокот во кој се афирмира поставената работна хипотеза за доминацијата на оксиморонот во поетската збирка „Нежното срце на варварот“ од Андоновски.
Трудот претставува осврт кон една значајна книга на македонскиот писател, публицист и професор Венко Андоновски со наслов „Матошевите ѕвона“. Во книгата системски се анализираат и се интерпретираат естетските функции на симболите во... more
Трудот претставува осврт кон една значајна книга на македонскиот писател, публицист и професор Венко Андоновски со наслов „Матошевите ѕвона“. Во книгата системски се анализираат и се интерпретираат естетските функции на симболите во поезијата и во прозата на Антун Густав Матош со доминантна примена на семиолошки истражувачки методи, а во овој труд се детектираат фундаменталните специфики на таа аналитичка постапка. Особено внимание се обрнува на интерпретацијата на улогата на симболите „ѕвоно“ и „цвет“ кои се примарни и клучни елементи во поезијата на Матош, но тие имаат своја функција и во неговите раскази и новели, а тоа Андоновски детално го докажува и го покажува во неговата студија за хрватскиот симболист Матош. На крајот од трудот се нагласува дека книгата „Матошевите ѕвона“ од Андоновски има големото значење затоа што во неа се нуди и еден семиолошко-книжевен модел за интерпретација на поетските структури.
Овој труд претставува осврт кон една значајна книга на нашиот афирмиран автор Венко Андоновски чијашто актуелност останува и до денес, пред сѐ, поради тоа што во неа се елаборираат суштински прашања од теоријата на книжевноста и... more
Овој труд претставува осврт кон една значајна книга на нашиот афирмиран автор Венко Андоновски чијашто актуелност останува и до денес, пред сѐ, поради тоа што во неа се елаборираат суштински прашања од теоријата на книжевноста и книжевната критика што се однесуваат на процесот на откривањето на значењето на книжевните дела, но и поради тоа што во книгата се дадени и мошне успешни и проникливи интерпретации на голем број македонски книжевни дела од повеќе наши автори. Станува збор, имено, за книгата со наслов „Текстовни процеси“ составена од четири дела во кои се соочуваме со бројни есеи и книжевни анализи. Во нашиот осврт подетално се опишуваат и се појаснуваат методите со чија помош Андоновски ги врши книжевно-теориските и книжевно-критичките елаборации, но и се нудат вредносни судови за текстовите што се објавени, односно преобјавени во оваа книга. Во заклучокот од трудот се нагласува дека книгата „Текстовни процеси“ на Андоновски нуди мошне интересни тези за општиот пристап во откривањето на значењето и на смислата на книжевното дело, но и мошне солидни и демонстративни практични анализи на конкретни книжевно-уметнички текстови коишто на внимателниот читателот ќе му отворат нови видици во стекнувањето на толкувачките вештини, а токму тоа ја прави оваа книга актуелна и привлечна и за денешната стручна читателска публика.
Класичната класификација на книжевноста на „поезија“ и „проза“ (според формата на книжевните дела, односно според нивната синтакса, кажано со модерниот книжевно-теориски вокабулар) е од поодамна разнишана во постмодернистичкиот книжевен... more
Класичната класификација на книжевноста на „поезија“ и „проза“ (според формата на книжевните дела, односно според нивната синтакса, кажано со модерниот книжевно-теориски вокабулар) е од поодамна разнишана во постмодернистичкиот книжевен модел. Во овој труд ја илустрираме ваквата постмодернистичка книжевно-уметничка стратегија преку анализа и интерпретација на дискурсот со доминантно поетски специфики во четирите романи на Венко Андоновски: Азбука за непослушните (1994), Папокот на светот (2000), Вештица (2006) и Ќерката на математичарот (2013). Во елаборацијата на прашањето за поетскиот јазик во романите на Андоновски во голема мера ќе бидат применети книжевно-теориските истражувања на Јуриј Лотман за второстепената уреденост на јазикот во поетскиот израз со чија помош ќе се покаже и ќе се докаже поставената теза за обемното присуство на „поетската нарација“ во романите на македонскиот автор Венко Андоновски чие книжевно дело веќе подолго време се афирмира не само на европската туку и на современата светска книжевна сцена.
Трудот претставува осврт кон збирката раскази со наслов „Одеднаш тропање на вратата“ од израелскиот раскажувач Етгар Керет што беше објавена на македонски јазик во 2017 година од скопскиот издавач „Македоника литера“, а во превод на Дарко... more
Трудот претставува осврт кон збирката раскази со наслов „Одеднаш тропање на вратата“ од израелскиот раскажувач Етгар Керет што беше објавена на македонски јазик во 2017 година од скопскиот издавач „Македоника литера“, а во превод на Дарко Цветаноски и Сибел Ајдинова. Најпрво се приложени основните биографски податоци за авторот и за неговото творештво, а потоа се анализираат и се интерпретираат суштинските наративни особености на расказите како што се иронијата и автоиронијата, фантастиката и калеидоскопскиот (променливиот) сетинг, метафикциските наративни слоеви, метонимиските супститути за антропонимите кај ликовите, оксиморонот на ниво на раскажувачка синтагма, но и на ниво на наративниот дискурс како „голема реченица“ и слично. На крајот од трудот се заклучува дека скопскиот издавач „Македоника литера“ направил вистински избор на автор и на книга за преведување и за објавување на македонски јазик, зашто расказите на Керет од збирката „Одеднаш тропање на вратата“ се автентично и провокативно белетристичко четиво за пребирливиот вкус на современиот постмодернистички читател.
Трудот претставува осврт кон книгата со наслов „Воскресението на читателот“ од Венко Андоновски – македонски прозаист, поет, драматичар, книжевен теоретичар, критичар, есеист, полемичар, колумнист, антологичар, професор по книжевност на... more
Трудот претставува осврт кон книгата со наслов „Воскресението на читателот“ од Венко Андоновски – македонски прозаист, поет, драматичар, книжевен теоретичар, критичар, есеист, полемичар, колумнист, антологичар, професор по книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во трудот подетално се елаборираат најсуштинските сегменти од текстовите што ја сочинуваат книгата, а кои се однесуваат на книжевното дело на значајни автори како што се Анте Поповски, Петре М. Андреевски, Живко Чинго, Антун Бранко Шимиќ и други, но се нагласува и нејзиното значење во контекстот на македонската книжевно-теориска и книжевно-критичка продукција. Во заклучокот од трудот аргументирано се потенцира дека оваа книга на Андоновски и денес го заслужува вниманието и на пошироката читателска публика, но и на стручната јавност од областа на литературологијата.
Research Interests:
World Literatures, Comparative Literature, Literacy, Modernism (Literature), Structuralism (Literary Criticism), and 61 more
Поезијата на Блаже Конески веќе долго време предизвикува голем интерес и кај читателската публика и во книжевно-научните кругови. Во овој труд се анализираат и се интерпретираат песните на Конески што имаат специфики на молитва. На... more
Поезијата на Блаже Конески веќе долго време предизвикува голем интерес и кај читателската публика и во книжевно-научните кругови. Во овој труд се анализираат и се интерпретираат песните на Конески што имаат специфики на молитва. На почетокот од трудот се определува потеклото и значењето на терминот молитва, а потоа се посочува конкретниот апликативен материјал што е предмет на интерпретација. Станува збор, имено, за шест песни на Конески во чиј наслов се содржи зборот молитва објавувани во разни поетски збирки: две песни со наслов „Молитва“ во збирката „Песни“ објавена во 1953 година; песна со наслов „Молитва за сон“ во збирката „Стари и нови песни“ од 1979 година; песна со наслов „Молитва“ во збирката „Црква“ од 1988 година; песна со наслов „Молитва“ во збирката „Небеска река“ од 1991 година; песна со наслов „Молитва за успокојување“ во последната стихозбирка „Црн овен“ објавена во 1993 година. Но, во трудот се анализираат и други песни на Конески во чија содржина се среќава одреден молитвен призвук. Тоа значи дека интенцијата на овој труд е да се интерпретираат „молитвените стихови“ на Конески во интегрална форма, односно да се елаборираат семантичко-синтаксичките особености на поетскиот ораториум на македонскиот поетски бард Блаже Конески.
Research Interests:
Cultural Studies, Comparative Literature, Literacy, Structuralism (Literary Criticism), Literature, and 33 more
Трудот претставува детална анализа на особините на ликовите во романот „Тунел“ од Петре М. Андреевски што беше објавен за првпат во 2003 година од скопската издавачка куќа „Три“. Во семиолошката теорија за книжевниот лик, меѓу другото, се... more
Трудот претставува детална анализа на особините на ликовите во романот „Тунел“ од Петре М. Андреевски што беше објавен за првпат во 2003 година од скопската издавачка куќа „Три“. Во семиолошката теорија за книжевниот лик, меѓу другото, се понуди и една мошне солидна детерминација на поимањето за ликовите-дублети (како и за ликовите-синоними). Во овој интерпретативен труд се задржуваме конкретно на ликовите-дублети во романот „Тунел“, имајќи ги предвид мошне сложените семантички полиња на три лика во овој роман: Игор, Горан Паковски и Дејан Медаров. Следејќи ја наративната програма на овие три лика од романот на Андреевски може да се види дека тие, всушност, функционираат како еден актер со оглед на фактот дека нивните предикативни функции гравитираат кон еден лик, а тоа е нараторот од романот (јас-форма на раскажување), односно Невена. Притоа, за нашата анализа, од суштинска важност се опозициите (ликови-опозити) на трите лика во однос на нараторот (Игор vs Невена; Горан Паковски vs Невена; Дејан Медаров vs Невена).
Како општ заклучок од анализата на ликовите-дублети во романот „Тунел“ од Андреевски се приложува тезата дека тие ликови во овој македонски роман се клучни раскажувачки елементи, односно дека ликовите-дублети, всушност, се фундаментот на наративната структура на овој роман од Петре М. Андреевски.
Research Interests:
Sociology of Culture, Literacy, Structuralism (Literary Criticism), Literature, Literary Criticism, and 49 more
Во овој труд се анализира песната „Црква“ од Блаже Конески од аспект на улогата и функцијата на симболот во нејзините стихови, односно во синтаксичките структури. Во воведниот дел од трудот се нудат искажувања на авторот Конески за... more
Во овој труд се анализира песната „Црква“ од Блаже Конески од аспект на улогата и функцијата на симболот во нејзините стихови, односно во синтаксичките структури. Во воведниот дел од трудот се нудат искажувања на авторот Конески за генезата и за семантиката на оваа негова песна, а потоа се елаборираат книжевно-теориските сознанија за симболот како стилска фигура, како и за спецификите на интерпретацијата на поезијата на синтаксичко рамниште. Стиховите се анализираат од аспект на формата при што се откриваат тројните повторувања на синтаксичко ниво што претставуваат импликација за симболиката на христијанското Тројство. Во заклучокот од трудот се нагласува дека песната „Црква“ е успешно и умешно организирана и на планот на формата (синтаксата) и на планот на содржината (семантиката) што е уште еден доказ за поетската величина на Блаже Конески.
Research Interests:
Literacy, Literature, Popular Culture, Poetry, Literary Criticism, and 45 more
Во трудот со наслов „Контекстот св. Климент vs Прличев во македонската културна меморија“ се елаборираат воспоставените релации во македонската колективна културна меморија меѓу двајца мошне значајни дејци од македонската книжевна и,... more
Во трудот со наслов „Контекстот св. Климент vs Прличев во македонската културна меморија“ се елаборираат воспоставените релации во македонската колективна културна меморија меѓу двајца мошне значајни дејци од македонската книжевна и, воопшто, културна историја ‒ св. Климент Охридски од 9 век и Григор Прличев од 19 век. Имено, во трудот се интерпретираат неколку народни легенди и преданија во кои македонската фолклорна традиција ги поставува св. Климент и Прличев во идентичен хронотопски контекст, како и суштинските особености на „Словото за св. Климент“ (Слово за Климента) од Григор Прличев одржано во Охрид во 60-тите години на 19 век, но и неговата „Автобиографија“ пишувана во 1884 и 1885 година во Солун. Во заклучокот од трудот се сублимираат резултатите од истражувањето во врска со потенцијалните причини, но и мотиви за ваквото поврзување на св. Климент и Прличев чии животи ги дели време од безмалку десет века.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Literature, Literary Criticism, Literary Stylistics, and 39 more
Во македонската книжевна критика и воопшто во современата македонска книжевност значајно место зазема Венко Андоновски – писател, поет, есеист, драмски автор, публицист и универзитетски професор. Овој труд претставува осврт кон... more
Во македонската книжевна критика и воопшто во современата македонска книжевност значајно место зазема Венко Андоновски – писател, поет, есеист, драмски автор, публицист и универзитетски професор. Овој труд претставува осврт кон книжевно-критичката и книжевно-теориската мисла што Андоновски ја презентира во книгата „Дешифрирања (литературни студии)“. Прво се презентираат општи податоци за творештвото на Андоновски, а потоа се елаборираат суштинските специфики на текстовите што се дел од оваа книга. Во заклучокот од овој труд се нагласува дека во книгата „Дешифрирања (литературни студии)“ се елаборираат суштински прашања од повеќе спознајни дисциплини како што се книжевната теорија со нејзините базни поддисциплини (наратологија, драматургија, теорија на поезијата), книжевната историја, книжевната критика, семиологијата и филозофијата.
Research Interests:
Semiotics, Comparative Literature, Literacy, Theatre Studies, Information Literacy, and 84 more
Трудот претставува интерпретација на трагедијата „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински преку анализа на неколку нејзини структурни елементи кои не се опфатени со досегашните истражувања за оваа наша мошне популарна драма. На... more
Трудот претставува интерпретација на трагедијата „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински преку анализа на неколку нејзини структурни елементи кои не се опфатени со досегашните истражувања за оваа наша мошне популарна драма. На почетокот од трудот се наведуваат основните специфики на драмата како што се темата, мотивите, сижето и композицијата по што се анализираат актантните функции во петте чина од трагедијата со што, всушност, и се откриваат нови и значајни специфики на ова драмско остварување на Чернодрински. Имено, во структурата на драмата се откриваат два глобални актантни модели со што се покажува и се докажува кохерентноста на трагедијата како целина. На пример, преку анализата на актантните функции се маркира поврзаноста на сцената со змијата од почетокот на драмата со подоцнежните предикативни функции на ликот Осман-бег. Покрај тоа, во трудот се посочува и поврзаноста меѓу фолклорниот мотив на грабнувањето на девојка од страна на змеј и грабнувањето на македонската девојка Цвета од страна на Осман-бег.
Во заклучокот од трудот се наведува дека има неколку причини за популарноста на оваа трагедија и по повеќе од еден век од нејзиното појавување, а главната причина за тоа е токму умешноста на авторот да создаде кохерентна драмска целина.
Research Interests:
Comparative Literature, Theatre Studies, Theatre History, Literature, Dramatic Literature, and 40 more
Трудот претставува компаративна студија во која се истражуваат металитературните наративни постапки во два романи од две различни епохи и две различни култури – „Театарски роман“ на рускиот автор Михаил Афанасиевич Булгаков од 1937 година... more
Трудот претставува компаративна студија во која се истражуваат металитературните наративни постапки во два романи од две различни епохи и две различни култури – „Театарски роман“ на рускиот автор Михаил Афанасиевич Булгаков од 1937 година и „Вештица“ на македонскиот автор Венко Андоновски од 2006 година. При споредбената анализа на двата романи особено внимание се обрнува на идентичните, односно на еквивалентните металитературни сегменти во двете нарации. Имено, металитературни сегменти се оние делови од нарацијата во кои се зборува за особините на книжевно-теорискиот метајазик или, поинаку кажано, тоа се раскажувачки фрагменти во кои литературата говори за карактеристиките на самата литература (структурата на книжевното дело, неговата естетска, односно уметничка вредност и слично). Станува збор, всушност, за една типична постмодернистичка постапка што се среќава во двата романи што се анализираат во овој труд. Во воведниот дел на трудот се нуди една кратка елаборација на терминот металитература, додека во главниот дел се врши конкретна анализа на апликативниот материјал (двата споменати романи) од аспект на сличностите, но и на разликите во примената на металитературната наративна стратегија. Во заклучокот се нагласува дека резултатите од анализите на двете книжевни дела покажуваат оти и покрај дистанцата (временска, просторна и културна), сепак, двата романи („Театарски роман“ на Булгаков и „Вештица“ на Андоновски) поседуваат идентични металитературни сегменти што, пак, од своја страна ја потврдува тезата за раскажувањето како универзална категорија.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Literature, Literary Criticism, Literary Stylistics, and 36 more
Основната цел на овој труд е да се афирмираат и да се актуелизираат неколку суштински, но истовремено и нејасни и дискутабилни проблемски прашања од македонската фолклористика поврзани со местото и улогата на античко-македонскиот крал... more
Основната цел на овој труд е да се афирмираат и да се актуелизираат неколку суштински, но истовремено и нејасни и дискутабилни проблемски прашања од македонската фолклористика поврзани со местото и улогата на античко-македонскиот крал Александар III Македонски во македонското народно творештво. Станува збор, имено, за дилемите во врска со прашањето дали постојат песни за Александар Македонски во проектот „Веда Словена“ од Стефан Верковиќ и Јован Гологанов од македонскиот културен 19 век. Овде се потенцира фактот дека во двете објавени книги од Стефан Верковиќ со наслов „Веда Словена“ (првата во Белград во 1874 и втората во Санкт-Петербург во 1881 година) не постојат песни за Александар Македонски. Бројни македонски фолклористи ги презентираат информациите за постоење на песни за Александар Македонски што Јован Гологанов му ги предал на Стефан Верковиќ, но ниту еден од нив не ги отвора суштинските прашања за тоа колку песни Гологанов му дал на Верковиќ, кои се тие песни и дали тие се сочувани или, пак, некаде објавени. Ваквото афирмирање и актуелизирање на овие прашања ќе поттикне натамошни дискусии и проучувања коишто ќе водат кон разјаснување на постоечките дилеми и нејаснотии за македонските песни за Александар III Македонски во проектот „Веда Словена“ на Верковиќ и Гологанов.
Research Interests:
Трудот е преглед на пишувањата и тврдењата на македонистите од 19 век за постоење на жива врска меѓу античките Македонци и денешните (односно тогашните, од 19 век) Македонци. Ваквата теза се појавува поради голем број фактори што се... more
Трудот е преглед на пишувањата и тврдењата на македонистите од 19 век за постоење на жива врска меѓу античките Македонци и денешните (односно тогашните, од 19 век) Македонци. Ваквата теза се појавува поради голем број фактори што се елаборирани во текстот, но таа и денес е актуелна во македонската културна сфера и доаѓа од голем број познати и признати историчари. Главната причина, но и цел на застапувањето на ваквата идеја кај македонистите од 19 век се согледува во неопходноста од враќањето кон славното минато за да се поттикне борбениот дух на Македонците во 19 век во напорите за создавање на своја самостојна држава. Покрај тоа, во овој труд се коригира некоректниот и омаловажувачки однос на некои наши (книжевни) историчари кон големото и значајно дело на македонистите од 19 век.
Research Interests:
Во овој труд разгледуваме две македонски книжевни дела за Александар III Македонски. Станува збор за книгата „Пресказание на Голем Александр“ од Атанас Македонец од 1845 година, како и за еден средновековен расказ за Александар... more
Во овој труд разгледуваме две македонски книжевни дела за Александар III Македонски. Станува збор за книгата „Пресказание на Голем Александр“ од Атанас Македонец од 1845 година, како и за еден средновековен расказ за Александар Македонски. Расказот за Александар Македонски се наоѓа во зборникот на В. Груиќ, а го препишал јеромонахот Данило во 1628 година во српска редакција. Преписот, всушност, е извршен од постар зборник со македонска редакција, па според тоа може да зборуваме за македонско книжевно дело за Александар Македонски. Определувањето на оваа творба како апокриф од страна на некои книжевни историчари, сепак, го модифицираме со оглед на фактот што не станува збор за апокрифна литература во вистинска смисла на зборот туку за средновековен расказ или, пак, за легенда. Од прегледот на овие две македонски книжевни дела можевме да се увериме дека во нив ликот на Александар Македонски, меѓу другото, се интегрира и како семема којашто претставува пресек на бројни културни идентитети.
Research Interests:
Овој труд претставува рецензија (осврт) кон книгата „Неомеѓени мисли“ од авторот Стефан Влахов - Мицов, а редактирана и преведена од бугарски на македонски јазик од Васил Тоциновски. Во текстовите од оваа книга, избрани и распоредени од... more
Овој труд претставува рецензија (осврт) кон книгата „Неомеѓени мисли“ од авторот Стефан Влахов - Мицов, а редактирана и преведена од бугарски на македонски јазик од Васил Тоциновски. Во текстовите од оваа книга, избрани и распоредени од редакторот, се зборува за негативните страни на бугарското комунистичко и посткомунистичко општество, општо за комунистичкото општество, но и во најопшта смисла за негативните страни на демократијата за што во филозофската мисла се пишува и се говори уште од антиката, односно од времето на најголемите противници на демократското уредување како што се Платон, Аристотел, Ксенофонт и Исократ. Влахов - Мицов сосема отворено зборува за тоа дека „Бугарија се мафијализира“, односно за врските меѓу власта, од една, и мафијата, од друга страна. Во оваа книга, критичкото перо на авторот не ги поштедува ни писателите, па тој таму зборува и за полтронството во писателските кругови, но и во другите сфери на општеството. Решението за тие негативни појави Влахов - Мицов го гледа во „стремежот кон сеопфатна, оригинална, незаробена мисла“. Во заклучокот од трудот се потенцира дека „Неомеѓени мисли“ на Стефан Влахов - Мицов е раритет и според својата структура и според слободата на мислата што е експлицирана во неа.
Research Interests:
Cultural History, Cultural Studies, Comparative Literature, Literacy, Literature, and 26 more
Овој труд претставува рецензија, односно осврт кон поетската збирка „Таа“ од младата македонска поетеса Елена Пренџова објавена во 2009 година во Скопје. Во трудот особено внимание се обрнува на таканаречените „сликарски песни“, односно... more
Овој труд претставува рецензија, односно осврт кон поетската збирка „Таа“ од младата македонска поетеса Елена Пренџова објавена во 2009 година во Скопје. Во трудот особено внимание се обрнува на таканаречените „сликарски песни“, односно на калиграмите од збирката при што се нагласува дека голема свежина во оваа збирка, но и во поширокиот современ македонски поетски контекст, носат седумте песни структурирани како калиграми, односно како лирски идеограми. Калиграмот, всушност, претставува песна чиј мотив е претставен и ликовно со испреплетување на буквите и зборовите. Во збирката „Таа“ среќаваме разни форми како што се срце, бранови, око, ноти и сл. Во заклучокот од освртот се нагласува дека со оваа збирка Елена Пренџова ни нуди еден поетски текст кој станува привлечен за љубителите на стихот и со својата содржина и со својата форма. Нејзината поезија во оваа збирка осцилира од едноставниот колоквијален стил па сè до возвишениот метафоричен, односно метафорично-метонимиски израз. Овој невообичаен ликовно-поетски запис покажува дека Пренџова уште со својата втора поетска збирка стапнала на сопствениот поетски пат чии патокази го рефлектираат личниот, особениот стихотворен печат.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Literature, Literary Criticism, and 24 more
Овој труд претставува интерпретација на целокупното поетско творештво на македонскиот автор Петре Бакевски, а објавен е како предговор во книгата „Небесен оган“ (Петре Бакевски, Небесен оган, Микена, Битола, 2008) којашто, всушност, е... more
Овој труд претставува интерпретација на целокупното поетско творештво на македонскиот автор Петре Бакевски, а објавен е како предговор во книгата „Небесен оган“ (Петре Бакевски, Небесен оган, Микена, Битола, 2008) којашто, всушност, е издание (том) од проектот „Македонска книжевност во 130 тома“ финансиран од Министерството за култура на Република Македонија. Во трудот е извршена детална анализа на основните особености на поезијата од Петре Бакевски, а се врши, исто така, и еден панорамски преглед на активата на македонската книжевна критика во однос на естетските вредности на стиховите од Бакевски каде што се застапени критичко-интерпретативните судови на Венко Андоновски, Јадранка Владова, Анте Поповски и други. Во однос на суштинските карактеристики на поезијата од Бакевски, во трудот детално се анализираат следните елементи: идентитетот (индивидуален и колективен), семантиката на темпоралната оска (минато/ сегашност/ иднина), митот и историјата како интертекст (поточно хипотекст, односно палимпсест) во стиховите на Бакевски, епската битка во лирскиот субјект, антропоморфизацијата, симболите и друго. На крајот од оваа интерпретација се заклучува дека поезијата на Петре Бакевски претставува обемен, односно грандиозен литературен потфат и дека со поезијата на Бакевски македонската литература е збогатена со необично, несекојдневно и мошне вредно поетско дело.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Literature, Literary Criticism, and 27 more
Овој труд претставува интерпретација на монодрамското остварување на македонскиот реномиран автор Славчо Ковилоски со наслов На „Ножот“ (Современост, Скопје, 2011). Во трудот прво се елаборира историскиот опис на битката на месноста... more
Овој труд претставува интерпретација на монодрамското остварување на македонскиот реномиран автор Славчо Ковилоски со наслов На „Ножот“ (Современост, Скопје, 2011). Во трудот прво се елаборира историскиот опис на битката на месноста „Ножот“, во близина на прилепското село Ракле, што се случила на 16 јули 1907 година. Потоа се преминува кон анализа на монодрамата при што се бележат најосновните специфики на ова книжевно дело на Ковилоски. Исто така, во трудот се врши и една компаративна анализа на историската нарација, од една, и книжевно-уметничката нарација, од друга страна, при што се илустрираат разликите меѓу конкретни историски описи на битката на „Ножот“ и монодрамскиот текст На „Ножот“. Во заклучокот од трудот се потенцира дека станува збор за монодрама на Ковилоски во која се актуелизира епопејата на „Ножот“ како пример за храброст и саможртва на една група Македонци за слободата на татковината и на својот народ, како и тоа дека со ова дело Ковилоски го збогатува трезорот на современата македонска драмска литература со значајно и вредно монодрамско остварување.
Research Interests:
History, Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Literature, and 25 more
Овој труд претставува интерпретација на трите романи на младиот македонски автор Славчо Ковилоски и тоа во еден сублимиран вид. Станува збор, имено, за романите „Опасен сум“ (Темплум, Скопје, 2007), „Сонување“ (Макавеј, Скопје, 2011) и... more
Овој труд претставува интерпретација на трите романи на младиот македонски автор Славчо Ковилоски и тоа во еден сублимиран вид. Станува збор, имено, за романите „Опасен сум“ (Темплум, Скопје, 2007), „Сонување“ (Макавеј, Скопје, 2011) и „Синот на кралот“ (Современост, Скопје, 2011). Директен повод за навраќањето кон романескното творештво на Ковилоски во еден ваков интегрален вид е новообјавата на трите романи (како второ издание на секој роман) во 2014 година од страна на скопскиот издавач „Феникс“. При анализата на овие романи се тргнува од спецификите на секој роман одделно при што се предочуваат нивните најосновни карактеристики. Така, за романот со наслов „Опасен сум“ се нагласува дека тој претставува едноставна современа приказна која зборува за проблемите и премрежијата со кои се соочува човекот, пред сè младиот човек, во општеството (цивилизацијата во општа смисла) во кое владее законот на незаконското владеење. За романот „Сонување“ се заклучува дека е роман за човековото чувство на загубеност во цивилизациските лавиринти, во темните ходници на општествениот живот, за незадоволството на човекот од стварноста таква каква што е, за нашиот неодолив копнеж вечно да трагаме по новото, по непознатото. За романот „Синот на кралот“, пак, се потенцира дека станува збор за едно модерно книжевно-уметничко дело во вистинска смисла на зборот и дека Ковилоски мошне умешно ги компонира различните жанрови во едно сложено прозно остварување каков што е романот. На крајот од трудот се дадени општите особености на романескното книжевно-уметничко дело на Славчо Ковилоски при што се зборува за интертекстуалноста, нараторската разновидност, металитературните конструкции, семантичките празнини во дискурсот, наративните резимеа, мултиплицираната фокализација и друго.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Literature, Literary Criticism, and 27 more
Трудот претставува осврт, односно рецензија за романот со наслов „Гаргара“ од македонскиот автор Игор Станојоски. Овој роман е објавен во 2014 година од издавачката куќа „Панили“ од Скопје. На почетокот од овој осврт се даваат основните... more
Трудот претставува осврт, односно рецензија за романот со наслов „Гаргара“ од македонскиот автор Игор Станојоски. Овој роман е објавен во 2014 година од издавачката куќа „Панили“ од Скопје. На почетокот од овој осврт се даваат основните податоци за структурата на ова романескно остварување на Станојоски по што се анализираат во општи црти сите наративни сегменти од романот. Во освртот се нагласува дека станува збор за роман во кој главното дејство се одвива во западноукраинскиот град Лемберг (односно Лавов) во 2004 и 2005 година со бројни реминисценции што го враќаат читателот во 1962/63 година, а настаните од последниот дел се случуваат во 2012 година. Сите настани и сите ликови, всушност, се поврзани со подземното и мистериозно кафуле наречено „Гаргара“. Исто така, во рецензијата се потенцира дека љубовната приказна за двајца разделени Македонци од Егејска Македонија кои повторно ќе се сретнат во Лавов по многу децении ја гради, всушност, фундаменталната структура во овој роман на Игор Станојоски. Во заклучокот од овој осврт е нагласено дека романот „Гаргара“ е книжевно дело со многуслоен семантички код и дека тематско-мотивската шареноликост изразена низ една доминантно постмодернистичка призма му дава особен привлечен шарм и дух на овој роман.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Literature, Literary Criticism, and 25 more
Во овој труд се елаборира книжевно-теориската проблематика на дијалогизмот и интертекстуалноста и тоа преку примери од македонската романескна продукција. Станува збор, имено, за маркирање на присуството на структурни сегменти на... more
Во овој труд се елаборира книжевно-теориската проблематика на дијалогизмот и интертекстуалноста и тоа преку примери од македонската романескна продукција. Станува збор, имено, за маркирање на присуството на структурни сегменти на дијалогизам и интертекстуалност во македонскиот роман при што се посочуваат илустрации од првобјавените македонски романи („Село зад седумте јасени“ од Славко Јаневски, „Крпен живот“ од Стале Попов и други) па сè до современите текови во нашиот роман (романите на Драги Михајловски, на Венко Андоновски, на Славчо Ковилоски, романот „Гаргара“ на Игор Станојоски и многу други). Во заклучокот од трудот се нагласува дека дијалогизмот и интертекстуалноста се мошне значајни сегменти на македонскиот роман од неговите почетоци па сè до денес.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Literature, Literary Criticism, Literary Theory, and 27 more
Трудот претставува осврт (рецензија) за книгата со наслов „Припитомување на правдата“ од Венко Андоновски што беше објавена во 2011 година од страна на скопскиот издавач „Табернакул“. Станува збор за книга на Андоновски со избрани колумни... more
Трудот претставува осврт (рецензија) за книгата со наслов „Припитомување на правдата“ од Венко Андоновски што беше објавена во 2011 година од страна на скопскиот издавач „Табернакул“. Станува збор за книга на Андоновски со избрани колумни објавувани во дневните весници „Нова Македонија“ (од 2009 до 2011 година) и „Утрински весник“ (од 2006 до 2008 година). Во трудот (рецензијата) е даден преглед на доминантните теми за кои пишува Андоновски во своите колумни како што се политика (и внатрешна и надворешна), социјала, здравство, образование, култура и економија, при што се нагласува дека во сите тие колумни авторот Андоновски регистрира, анализира, критикува, жигосува, но и предлага соодветни решенија за проблемите и од јавната и од приватната сфера коишто се од животно значење. Во заклучокот од освртот се потенцира дека книгата со избрани колумни со наслов „Припитомување на правдата“ од Андоновски има една благородна мисија во современиот македонски културен простор – да го промовира, да го негува и да го поттикнува слободниот дух како најавтентична вредност на модерниот човек.
Research Interests:
Овој труд претставува приказ, односно осврт (рецензија) за поетската книга со наслов „Каде е среќата, кога доаѓа измамата“ од македонската писателка Славка Арсова. Во рецензијата е доминантен еден аргументиран полемички тон во однос на... more
Овој труд претставува приказ, односно осврт (рецензија) за поетската книга со наслов „Каде е среќата, кога доаѓа измамата“ од македонската писателка Славка Арсова. Во рецензијата е доминантен еден аргументиран полемички тон во однос на поетските слики и пораки што ги нуди авторката во својата поетска збирка и тоа во врска со нагласените феминистички аспекти во голем број песни што се составен дел на стихозбирката. Сепак, во заклучокот од трудот се нагласува дека на современата македонска литература и се потребни вакви стихозбирки коишто ќе предизвикаат и несогласувања, и дилеми, и недоразбирања, а можеби и полемики, бидејќи на тој начин се отвораат патиштата за нова, поинаква, различна, спротивна мисла што, секако, води кон прогрес, односно кон збогатување на македонската книжевно-уметничка ризница.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Feminist Theory, Information Literacy, Literature, and 25 more
Трудот претставува рецензија за македонското издание на романот со наслов „Театарски роман“ од рускиот автор Михаил Афанасиевич Булгаков што на македонски јазик го преведе Јане Јованов, а го публикуваше издавачката куќа „Бегемот“ од... more
Трудот претставува рецензија за македонското издание на романот со наслов „Театарски роман“ од рускиот автор Михаил Афанасиевич Булгаков што на македонски јазик го преведе Јане Јованов, а го публикуваше издавачката куќа „Бегемот“ од Скопје во 2013 година. Во рецензијата се истакнува дека преведувачот Јане Јованов извршил мошне солидно пренесување на содржинските слоеви од овој руски роман на македонски јазик, како и тоа дека македонскиот читател може со леснотија да го следи сижето на „Театарски роман“ на Булгаков. Покрај ова, во трудот се дадени и најосновните податоци за животот и делото на Михаил Булгаков, како и за суштинските особености на наративната структура на неговиот „Театарски роман“. Во заклучокот од овој труд се нагласува дека содржината на „Театарски роман“ зборува за големиот талент и за умешноста на Булгаков да креира книжевни дела со високи естетски, но и историски вредности.
Research Interests:
Овој труд претставува фрагмент од историскиот дел на докторската дисертација на Ранко Младеноски со наслов „Ликот на Александар Македонски како интерактивен код на културите во македонската книжевност“ што беше одбранет на Филолошкиот... more
Овој труд претставува фрагмент од историскиот дел на докторската дисертација на Ранко Младеноски со наслов „Ликот на Александар Македонски како интерактивен код на културите во македонската книжевност“ што беше одбранет на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 2010 година. Заради актуелноста на темата кај нас и тоа не само во потесните научни кругови ами и во пошироката јавност, се објавува овој историски фрагмент од докторатот и тоа во автентичната форма како што беше финализиран во 2010 година. На почетокот од трудот се појаснува дека многубројните дилеми и отворени прашања поврзани со историјата на античка Македонија веќе долго време се тема за полемизирање меѓу историчарите. Основните проблемски прашања за кои се полемизира се, пред сè, етничката припадност на античките Македонци, припадноста или неприпадноста на античките Македонци кон хеленскиот свет, карактерот на походот на Александар III Македонски во Азија (дали тој поход е македонски или хеленски), посебноста на античката македонска култура, јазикот и „писмото“ на античките Македонци, чиј е Александар Македонски (на денешните Македонци или, пак, на денешните Грци), односно кој е денешен наследник (автентичен) на античките Македонци и слично. Во трудот, всушност, е понуден еден панорамски преглед на пишувањата за ваквите дилеми и направен е обид, колку што е можно тоа, да се разјаснат некои од наведените прашања. Треба да се потенцира дека овој дел во докторската дисертација беше потребен како вовед во главната тема, а тоа е ликот на Александар Македонски како интерактивен код на културите во македонската книжевност. Во заклучокот од трудот се нагласува фактот дека историјата како наука досега открила голем број автентични податоци за збиднувањата во и во врска со античка Македонија, а тие секако и натаму ќе се надградуваат со текот на времето што е пред нас.
Research Interests:
Во овој труд се анализираат и се интерпретираат структурните елементи од романот „Бајазит и Оливера“ од Драги Михајловски коишто се однесуваат на интеракцијата на различните култури. На почетокот се нудат најопштите теориски постулати на... more
Во овој труд се анализираат и се интерпретираат структурните елементи од романот „Бајазит и Оливера“ од Драги Михајловски коишто се однесуваат на интеракцијата на различните култури. На почетокот се нудат најопштите теориски постулати на хетерологијата (или ксенологијата) како наука за Другоста, односно за различноста, при што се определуваат базните терминолошки инструменти што се неопходни за ваквиот вид интерпретации, како што се: дијалогизам, интеркултурна комуникација, колонијален субјект (колонизаторски субјект и колонизиран субјект), културни семиосфери, европоцентризам (ориентализам), супериорност, инфериорност, национализам, егзотизам и слично. Во апликативниот дел од трудот се елаборираат наративните сегменти од романот што се однесуваат на реализираниот интеркултурен дијалог на релација Европа – Азија, односно Србија – Османлиска Империја, при што како стартна точка се зема бракот меѓу српската принцеза Оливера Лазаревиќ и турскиот султан Бајазит I. При интерпретацијата на ваквите делови од романот се земени предвид, пред сè, цивилизациските разлики во тој хибриден полигамиски амбиент коишто се многубројни и ги засегаат најсуштествените категории што го сочинуваат културниот идентитет – јазик, религија, етничка припадност, националност. Но, во трудот се анализираат и мултикултурните аспекти на нарацијата од романот затоа што во одделни негови фрагменти доаѓаат во допир бројни култури како што се српската, турската, македонската, татарската, персиската итн.
Во заклучокот од овој труд се нагласува дека темелната поента од романот „Бајазит и Оливера“ на Драги Михајловски се состои во идејата за неминовноста од интеракцијата на различните култури, независно од тоа дали причината за таа неминовност е љубовта, страста, омразата, суетата, алчноста или, пак, сето тоа заедно.
Research Interests:
Comparative Literature, Information Literacy, Literature, Literary Criticism, Literary Theory, and 27 more
Трудот претставува осврт кон основните структурни елементи на книгата Жива семиотика од Венко Андоновски што, според најавата од авторот, е прв том од серијата книги со наслов „Обдукција/абдукција на теоријата“. Навраќањето кон оваа книга... more
Трудот претставува осврт кон основните структурни елементи на книгата Жива семиотика од Венко Андоновски што, според најавата од авторот, е прв том од серијата книги со наслов „Обдукција/абдукција на теоријата“. Навраќањето кон оваа книга на ваков начин, со посебен текст, не е случајно затоа што во неа се елаборираат суштински прашања од повеќе научни дисциплини (семиотика, лингвистика, семантика, стилистика, наратологија, културологија итн.), но и затоа што таа е прирачник кон кој често ќе се навраќаат интерпретаторите на текстови од разни области. Аргумент повеќе за ваквото тврдење е речникот (глосарот) што зафаќа приближно две третини од книгата и во кој опширно се дефинираат и се елаборираат поголем број базни термини од семиотичка провиниенција. Истовремено, сите тие термини се дел од или гравитираат кон теоријата на книжевноста, па токму затоа може да се рече дека оваа книга е и еден вид енциклопедија на книжевно-теориската мисла. Двата есеја на крајот од книгата („Зошто јунаците на Дизни носат бели ракавици“ и „Јов и ѓаволот, Фуко и Маркс“) несомнено го потврдуваат тоа.
Во овој труд, исто така, се елаборира и основната идеја што авторот Андоновски ја потенцира во книгата, а тоа е дека семиотиката денес е жива научна дисциплина дисеминирана во други филолошки и културолошки теории и дека таа функционира само доколку е придружена од енциклопедискиот контекст на конкретната тема што се интерпретира.
Research Interests:
Semiotics, Literacy, Literature, Literary Criticism, Cultural Semiotics, and 27 more
Во трудот се истражуваат и се елаборираат рефлексиите на историската личност Константин Кирил Филозоф како книжевен лик во романот „Папокот на светот“ (2000) од Венко Андоновски. Со цел да се воочат и да се појаснат разликите меѓу... more
Во трудот се истражуваат и се елаборираат рефлексиите на историската личност Константин Кирил Филозоф како книжевен лик во романот „Папокот на светот“ (2000) од Венко Андоновски. Со цел да се воочат и да се појаснат разликите меѓу историографските податоци за Константин Филозоф (историска факција), од една страна, и книжевното интегрирање на ликот на Филозофот во романот (книжевно-уметничка фикција), од друга страна, најпрво се посочуваат автентичните историски податоци за овој словенски просветител (при што како базични референци се користат трудовите на Харалампие Поленаковиќ, Вера Стојчевска–Антиќ и Илија Велев), а потоа се врши анализа на атрибутите со чија помош е изграден ликот на Константин Филозоф во романот „Папокот на светот“ од Андоновски.
Од извршената анализа на техниките за интегрирање на ликот на Филозофот во романот се заклучува дека доминантните семи кај овој лик се однесуваат на една од неговите фундаментални историски улоги – енкодирање и декодирање на текстови. Притоа, како основа се зема дешифрирањето на натписот на т.н. Соломонова чаша што го извршил Константин Филозоф непосредно по Хазарската мисија.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Literature, Literary Criticism, and 27 more
Овој труд претставува компаративно истражување за спецификите на ликовите со идентични семантички полиња, односно на синонимните ликови (ликови-синоними), во четирите романи на македонскиот автор Венко Андоновски. Станува збор, имено, за... more
Овој труд претставува компаративно истражување за спецификите на ликовите со идентични семантички полиња, односно на синонимните ликови (ликови-синоними), во четирите романи на македонскиот автор Венко Андоновски. Станува збор, имено, за синонимни ликови во следните романи: Азбука за непослушните (1994), Папокот на светот (2000), Вештица (2006) и Ќерката на Математичарот (2013). Стартната позиција во елаборирањето на поставената компаративна теза за постоење на синонимни ликови во четирите наведени романи е најновиот роман на Андоновски со наслов Ќерката на Математичарот од чиј аспект во понатамошните споредбени анализи се трага по еквивалентните атрибути (семи) на специфичните ликови во различните романи од истиот автор.
Извршената компаративна анализа на поставената проблематика покажа дека во различните романи на Андоновски постојат голем број ликови со идентични семантички полиња. Такви се, на пример, ликовите отец Ефтимиј (од романот Азбука за непослушните), отец Стефан Писмородецот (од романот Папокот на светот), главниот инквизитор (од романот Вештица) и Алваро Муертес (од Ќерката на Математичарот). Овие четири лика од четирите романи на Андоновски покажуваат висок степен на идентичност во нивните семантички полиња и воопшто во нивните наративни програми, а романите на овој наш автор изобилуваат со вакви примери што е илустрирано и со една прегледна табела во овој труд.
Во заклучокот од трудот се потенцира дека суштината на ваквата наративно-романескна постапка на овој наш автор се состои во идејата за бунтот, за осамостојувањето, одметништвото (неконформизмот) на книжевните ликови, како и тоа дека тој нов, автономен живот на ликовите е само потврда, поткрепа на базната универзална идејна нишка во романите на Венко Андоновски, а тоа е алудирањето на исконскиот човеков копнеж по бесмртноста, по слободата, по себепронаоѓањето, по можноста да се креира сопствениот живот (сопствената автентична судбина) според своите желби.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Literature, Literary Criticism, and 27 more
Во овој труд се елаборира присуството на македонскиот културен деец од 19 век Константин Миладинов во две книжевни дела на хрватскиот современ автор Стјепан Томаш. Имено, соработката меѓу хрватскиот бискуп и мецена Јосип Јурај Штросмаер и... more
Во овој труд се елаборира присуството на македонскиот културен деец од 19 век Константин Миладинов во две книжевни дела на хрватскиот современ автор Стјепан Томаш. Имено, соработката меѓу хрватскиот бискуп и мецена Јосип Јурај Штросмаер и Константин Миладинов за објавувањето на знаменитиот Зборник на браќата Миладиновци нашла свој одраз во романот „Златоустиот“ (Zlatousti, 1993, преведен на македонски јазик во 2007 година) и во драмата „Златоустиот или тажниот дом хрватски“ (Zlatousti ili tužni dom hrvatski, 1995) од хрватскиот писател Стјепан Томаш. И во двете хрватски книжевни дела е претставена средбата меѓу Миладинов и Штросмаер во врска со објавувањето на Зборникот од македонски народни песни. Интересен е податокот дека во драмата дијалогот меѓу Штросмаер и Миладинов се води на хрватски (Штросмаер) и на македонски јазик (Миладинов). Во трудот накратко ќе бидат изложени и историските околности под кои е објавен Зборникот на Миладиновци, а ќе се елаборира одразот на тој настан во современата хрватска книжевност и неговото влијание врз натамошното продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Literature, Literary Criticism, and 27 more
Трудот претставува интерпретација на македонските книжевни дела во кои фигурира историската личност Александар III Македонски како лик со доминантна улога на интерактивен код на културите. Се тргнува од тезата дека со ликот на Александар... more
Трудот претставува интерпретација на македонските книжевни дела во кои фигурира историската личност Александар III Македонски како лик со доминантна улога на интерактивен код на културите. Се тргнува од тезата дека со ликот на Александар Македонски во македонската литература се поврзани два вида интеркултурна комуникација: а) расистичка интеркултурна комуникација; б) толерантна интеркултурна комуникација. Првиот вид се однесува на поставувањето на релацијата супериорност – инфериорност меѓу културите, а вториот на почитувањето на дистинктивните сегменти од културата на Другиот. Од тој аспект се анализираат бројни македонски книжевни дела од што се заклучува дека македонската книжевно-уметничка елаборација на историската личност Александар III Македонски ја манифестира отвореноста на македонскиот културен дух за разговор, комуникација, дијалог со истоста, но и со различноста во културните семиосфери од другата страна.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Literature, Literary Criticism, and 27 more
Македонскиот поет Гане Тодоровски, покрај многубројните теми и мотиви во својата поезија, во неколку наврати ќе се осврне преку стиховите и на епитафната форма, односно ќе создаде неколку песни-епитафи. Во овој труд се анализираат... more
Македонскиот поет Гане Тодоровски, покрај многубројните теми и мотиви во својата поезија, во неколку наврати ќе се осврне преку стиховите и на епитафната форма, односно ќе создаде неколку песни-епитафи. Во овој труд се анализираат сличностите и разликите меѓу неколкуте епитафни песни на Гане Тодоровски, како и мотивите да се креираат различни варијанти на една иста тема, односно на еден ист мотив. Тодоровски објави две песни со наслов „Епитаф“ (една во 1974 и другата во 1987 година). Но, во неговата поезија се среќаваат поголем број песни кои имаат епитафни особености па затоа во овој труд зборуваме и за тие песни. Се разбира, на почетокот од трудот се дадени сосема накратко историските аспекти на епитафот како лирски вид, неговата појавност во рамките на светската и на македонската литература.
Како општ заклучок од анализата на оваа тема произлегуваат интерпретациите на бројните поставени дилеми за потребата и за причините поради кои Тодоровски се решил да ја варира оваа тема во својата поезија, како и полисемијата и поливалентноста на стиховите од неговите епитафни песни.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Literature, Poetry, and 27 more
Овој труд претставува осврт кон двата тома од „Историја на македонската книжевност 1800 ‒ 1945“ подготвени од Георги Сталев. Првиот том со наслов „Македонската литература во 19 век“, објавен во 2001 година, претставува дијахрониски... more
Овој труд претставува осврт кон двата тома од „Историја на македонската книжевност 1800 ‒ 1945“ подготвени од Георги Сталев. Првиот том со наслов „Македонската литература во 19 век“, објавен во 2001 година, претставува дијахрониски преглед на книжевните, но и воопшто на културните текови во Македонија во таканаречениот преродбенски век. Вториот том со наслов „Првата половина на 20 век“, објавен во 2003 година, го проследува историскиот развој на македонската книжевност од почетокот на векот па сè до крајот на Втората светска војна. Во трудот се елаборираат структурните елементи на оваа книжевна историја, методологијата, класификацијата на македонската книжевност како и дискутабилните книжевно-историски прашања што сосема оправдано ги отвора Сталев.
Research Interests:
Овој труд претставува еден панорамски преглед на поетското творештво на македонската поетеса Елена Пренџова. Пренџова, имено, е млада македонска поетеса која има објавено три поетски збирки: „Јас“ (2006), „Таа“ (2009) и „Пораки од морето“... more
Овој труд претставува еден панорамски преглед на поетското творештво на македонската поетеса Елена Пренџова. Пренџова, имено, е млада македонска поетеса која има објавено три поетски збирки: „Јас“ (2006), „Таа“ (2009) и „Пораки од морето“ (2011). Пренџова е мошне активна во периодиката, учествувала на бројни поетски манифестации, а има добиено и повеќе награди за својата поезија. Во стихот на Пренџова доминантна тема е љубовта, а нејзиниот едноставен израз крие во себе една сложена поетска структура. Покрај ова, во поезијата на оваа македонска поетеса се среќаваме и со интертекстуалноста и деконструкцијата, а калиграмските песни ја прават нејзината поезија посебна, специфична. Пренџова е поетеса за која може да се рече дека пред неа стои успешна книжевна иднина во македонската литература, но и пошироко во балканските простори.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Literature, Literary Criticism, and 23 more
Овој труд е претставување и анализа на поетската збирка со наслов „Македон“ од Никола Алтиев. Таа збирка е сосема логична појава во творештвото на овој наш поет, особено по неговите збирки „Јужнобол“ и „Вечнопис“. И во оваа своја... more
Овој труд е претставување и анализа на поетската збирка со наслов „Македон“ од Никола Алтиев. Таа збирка е сосема логична појава во творештвото на овој наш поет, особено по неговите збирки „Јужнобол“ и „Вечнопис“. И во оваа своја стихозбирка Алтиев се навраќа кон оној немил и трагичен историски настан на поделбата на Македонија во Букурешт во 1913 година и кон последиците од таа делба што македонскиот народ ги чувствува до денес, а особено обидите за неговото национално разнебитување. Легендарниот предок на античките Македонци, Македон, го среќаваме само во насловот од збирката и потоа, во песните, тоа име едноставно го нема. Тоа е така затоа што Македон, всушност, е присутен на секоја страница од книгата, односно присутен е во отсуство – in absentia. Имено, Старецот, трите птици, куќата со три прозорци, тријадата Река/ Планина/ Море, татковината, Сонцето итн. претставуваат поетски супститути за Македон којшто во оваа збирка на Алтиев е олицетворение на Македонија – на славната античка Македонија, на библиската Македонија, но и на денешната распарчена Македонија.
Research Interests:
Во овој труд се претставува и се елаборира монодрамата „Крале Марко (или Синот на Волкашин)“ од младиот македонски автор Славчо Ковилоски. Монодрамата како книжевна форма Ковилоски ја користи за да се наврати во историјата, односно во... more
Во овој труд се претставува и се елаборира монодрамата „Крале Марко (или Синот на Волкашин)“ од младиот македонски автор Славчо Ковилоски. Монодрамата како книжевна форма Ковилоски ја користи за да се наврати во историјата, односно во средновековието, преку ис иската личност и популарниот фолклорен лик Крале Марко. Меѓутоа, во оваа монодрама авторот врши и една паралела меѓу средниот век и нашето време, а таквата паралела се гради низ призмата (менталниот сетинг) на јунакот Крале Марко кој на еден чудесен начин се појавува во нашата современост. Преку оваа монодрама, Ковилоски нè потсетува дека не е доволно само да си го знаеме своето минато, туку треба и да учиме од тоа минато, да учиме од сопствената историја, да учиме од македонската традиција за да не ги повторуваме истите грешки и пропусти во сегашноста и во иднината.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Literature, Literary Criticism, and 27 more
Во овој труд доминантен е аналитичкиот пристап кон поетската збирка со наслов „Пораки од морето“ од Елена Пренџова. Станува збор, имено, за трета по ред поетска збирка на Пренџова, по стихозбирките „Јас“ од 2006 и „Таа“ од 2009 година.... more
Во овој труд доминантен е аналитичкиот пристап кон поетската збирка со наслов „Пораки од морето“ од Елена Пренџова. Станува збор, имено, за трета по ред поетска збирка на Пренџова, по стихозбирките „Јас“ од 2006 и „Таа“ од 2009 година. Збирката „Пораки од морето“ е конципирана во пет поетски циклуси: „Бели мугри во една пуста земја“, „Враќање на легендата“, „Пораки од морето“, „За тебе, љубов моја“ и „Нова вера, нова библија“. Од тематско-мотивски аспект, во најновата поетска збирка на Пренџова се среќаваат повеќе суштински теми и мотиви како што се љубовта, омразата, осаменоста (самотијата), отуѓувањето на човекот од себе и од заедницата, нарцисоидноста, лицемерието, феминизмот, вечното незадоволство на човекот од постигнатото и постојаната потрага по новото, непознатото, трансформација на легендите во постмодернистички стил, библиски рефлексии итн.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Literature, Literary Criticism, Literary Theory, and 21 more
Романот со наслов „Синот на кралот“ на младиот македонски автор Славчо Ковилоски е второ негово книжевно остварување за славниот Крале Марко (Крали Марко, Марко Крале). Имено, во 2010 година Ковилоски ја објави монодрамата со наслов... more
Романот со наслов „Синот на кралот“ на младиот македонски автор Славчо Ковилоски е второ негово книжевно остварување за славниот Крале Марко (Крали Марко, Марко Крале). Имено, во 2010 година Ковилоски ја објави монодрамата со наслов „Крале Марко (или Синот на Волкашин)“ во која на еден чудесен начин Крале Марко се појавува повторно по шестотини години од неговата смрт (или исчезнување од светот) и му се обраќа на македонскиот народ. Ваква симбиоза на фактивното (историското) и фиктивното (книжевно-уметничкото) среќаваме и во романот на Ковилоски за Крале Марко. Голем број ликови и настани од романот имаат историска референцијална функција, односно упатуваат на стварноста од минатото. Меѓутоа, она што е типично за овој роман на Ковилоски е специфичното менаџирање на раскажувањето со голем број наратори. Ваквиот комбиниран пристап во изборот на наративниот глас, односно на субјектот на дискурсот, му овозможува на авторот да понуди мноштво гледни точки (аспекти, погледи на свет или модалитети, кажано со драматуршкиот речник на Горан Стефановски) за дејствата и за описите во романот.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Literature, Literary Criticism, and 23 more
Трудот претставува опширен осврт за новата книга на професорот Горан Калоѓера со наслов „Македонскиот деветнаесетти век“ („Makedonsko devetnaesto stoljeće“) објавена во Хрватска минатата година. Обемниот материјал што е презентиран во... more
Трудот претставува опширен осврт за новата книга на професорот Горан Калоѓера со наслов „Македонскиот деветнаесетти век“ („Makedonsko devetnaesto stoljeće“) објавена во Хрватска минатата година. Обемниот материјал што е презентиран во оваа книга е систематизиран во четири дела. Во првиот дел авторот зборува за економските, социјалните и политичките прилики на почетокот од 19 век, за пропагандите во Македонија, за резултатите од првиот период на таканаречената преродба, како и за книжевната дејност во Македонија во првата половина на 19 век. Вториот дел од книгата е резервиран за прашањето поврзано со националниот идентитет на македонските дејци од 19 век, а овде се дава и еден пресек за книжевното творештво во Македонија во последните децении на 19 век при што се зборува за собирањето, односно запишувањето и објавувањето на македонските народни умотворби, за прозните, драмските и поетските книжевни дела во овој период. Во третиот дел се обработуваат биографските податоци и дејноста на поголем број македонски писатели, учебникари и револуционери, а четвртиот дел претставува синтеза, односно една сублимирана панорамска слика за македонскиот 19 век. Новиот македонистички труд на Калоѓера, секако, придонесува за продлабочување на културните врски меѓу Република Македонија и Република Хрватска.
Research Interests:
Кочо Рацин и Блаже Конески се две клучни личности од македонската културна историја. Конески во своите дела често се навраќа на Рациновата книжевна дејност, а овде ние се фокусираме на присуството на големиот македонски литерат Рацин во... more
Кочо Рацин и Блаже Конески се две клучни личности од македонската културна историја. Конески во своите дела често се навраќа на Рациновата книжевна дејност, а овде ние се фокусираме на присуството на големиот македонски литерат Рацин во поезијата на Конески. Присуството на Рациновиот дих во стиховите на Конески го согледуваме на две нивоа:
а) експлицитно ниво, што се однесува на директното споменување на Рацин во стиховите на Конески;
б) имплицитно ниво, што се однесува на индиректното присуство на Рациновата поезија во стиховите на Конески на рамниште на тематско-мотивските аспекти, но и во однос на стилските особености на поетиката на Рацин, од една, и поетиката на Конески, од друга страна.
На имплицитно ниво Рацин е присутен во бројни поетски творби на Конески. Би ги споменале тука поемата „Ракување“, песните „Тетин Ристе“, „Кочо Рацин“, „Помен“ и „Македонски поети“. Во сите нив Конески го споменува Рацин и неговиот придонес во развојот на македонската книжевна и воопшто културна мисла.
Од друга страна, индиректно присуство на Рациновата поезија во стиховите на Конески го согледуваме на неколку рамништа и тоа: на рамниште на фолклорот кој е присутен и кај двајцата поети; на рамниште на мотивите како што се загубена љубов, омраза, борба за слобода, патриотизам; реминисценциите кон значајни историски личности од македонската историја; кратките песни и кај Рацин и кај Конески; спомените, односно навраќањата кон минатото во песните и на Рацин и на Конески итн.
Research Interests:
Semiotics, Comparative Literature, Literacy, Literature, Literary Criticism, and 26 more
Овој труд претставува рецензија (осврт) за дебитантскиот роман на младата авторка Рената Матеска со наслов „Враќање во минатото“. Во освртот се нагласува дека основната тема во овој роман е потрагата по гробот, односно по саркофагот на... more
Овој труд претставува рецензија (осврт) за дебитантскиот роман на младата авторка Рената Матеска со наслов „Враќање во минатото“. Во освртот се нагласува дека основната тема во овој роман е потрагата по гробот, односно по саркофагот на Александар III Македонски којшто, според нарацијата во романот, се наоѓа некаде во Македонија, односно во пештерата „Над Врело“ во скопска Матка. Чувари на тој саркофаг се членовите на „Култот кон Сонцето“, а поскурникот е клучот со чија помош се отвора просторијата каде што се наоѓа саркофагот на Александар со сето негово богатство. Меѓутоа, како што се потенцира во освртот, романот е збогатен и со уште една наративна линија за современите збиднувања во Македонија и тоа преку ликот на новинарката Лина. На крајот од освртот се заклучува дека Матеска во овој роман ги потенцира суштинските човекови вредности – борбата и упорноста во таа борба да го добиеме и да го постигнеме во животот она што го посакуваме и она што ќе нè направи среќни.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Literature, Literary Criticism, and 27 more

And 82 more

Оваа книга содржи анализи и интерпретации на семиотичките лавиринти на книжевно-уметнички дела на автори од современата македонска книжевност, со исклучок на две компаративни студии во кои се зборува и за еден руски (Михаил Булгаков) и за... more
Оваа книга содржи анализи и интерпретации на семиотичките лавиринти на книжевно-уметнички дела на автори од современата македонска книжевност, со исклучок на две компаративни студии во кои се зборува и за еден руски (Михаил Булгаков) и за еден хрватски автор (Стјепан Томаш), како и на два осврти за книги на Горан Калоѓера и на Етгар Керет. Имено, книгата е составена од анализи, толкувања и осврти на книжевни дела кои оставиле значајни траги во литературата и коишто предизвикале интерес и кај книжевната критика, но и кај поширокиот аудиториум. Во таа смисла, меѓу кориците на оваа книга се сместени трудови што се посветени на наши познати, веќе докажани и признати автори како што се Блаже Конески, Славко Јаневски, Ташко Георгиевски, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Петре Бакевски, Георги Сталев, Радован П. Цветковски, Драги Михајловски, Венко Андоновски, но застапени се и текстови во кои станува збор и за автори од помладите генерации во македонската книжевна продукција како, на пример, Славчо Ковилоски, Игор Станојоски и Елена Пренџова. Книгата содржи и неколку трудови коишто претставуваат еманација на книжевните врски на македонската културна средина со други национални книжевности и култури, а во кои се интерпретираат книжевни и книжевно-научни дела на неколку автори – Михаил Булгаков, Горан Калоѓера, Стјепан Томаш и Етгар Керет.
Во универзитетскиот учебник со наслов „Теорија на книжевноста“ системски е елаборирана содржината којашто е предвидена со Предметната програма за курсот Теорија на книжевноста што е задолжителен предмет за студентите од втора година од... more
Во универзитетскиот учебник со наслов „Теорија на книжевноста“ системски е елаборирана содржината којашто е предвидена со Предметната програма за курсот Теорија на книжевноста што е задолжителен предмет за студентите од втора година од Катедрата за македонски јазик и книжевност, но како изборен предмет го посетуваат овој курс и студентите од втора година од другите катедри на Филолошкиот факултет во Штип – Катедра за англиски јазик и книжевност, Катедра за германски јазик и книжевност, Катедра за турски јазик и книжевност и Катедра за италијански јазик и книжевност. Учебникот во голема мера ќе им го олесни на студентите совладувањето на сложената и апстрактна материја од областа на теоријата на книжевноста, но и ќе ги упати кон голем број дополнителни библиографски единици од истата област со чија помош ќе можат да ги прошират, да ги продлабочат и да ги унапредат своите знаења и вештини што се неопходни за анализирање и интерпретирање на книжевни дела од каков било вид.
Содржината во учебникот Теорија на книжевноста е изложена во три дела, односно во три поглавја: а) Прв дел ‒ Дијахронија; б) Втор дел – Синхронија; в) Трет дел – Апликации. Освен тоа, на крајот од овој учебник се нуди и Речник на термини што во голема мера ќе им го олесни на студентите следењето и разбирањето на планираните методски единици што, секако, ќе резултира со поуспешно совладување на предвидената материја за студискиот предмет Теорија на книжевноста, а идентична улога има и приложената Библиографија.
Книгата со наслов „Големиот скок“ претставува избор од современиот македонски расказ и од современата македонска поезија. Изборот и воведниот текст за современиот расказ е на Васил Тоциновски, а изборот и воведниот текст за современата... more
Книгата со наслов „Големиот скок“ претставува избор од современиот македонски расказ и од современата македонска поезија. Изборот и воведниот текст за современиот расказ е на Васил Тоциновски, а изборот и воведниот текст за современата македонска поезија е на Ранко Младеноски. Во оваа книга со раскази застапени се авторите Митко Маџунков, Димитар Башевски, Зоран Ковачевски, Васе Манчев, Крсте Чачански, Драги Михајловски, Александар Прокопиев, Димитрие Дурацовски, Ким Мехмети, Јадранка Владова, Христо Петрески и Венко Андоновски. Во делот за современата македонска поезија извршен е избор на песни од Ристо Лазаров, Веле Смилевски, Раде Силјан, Милован Стефановски, Науме Радически, Јордан Даниловски, Иван Џепароски, Славе Ѓорѓо – Димоски, Владимир Илиевски, Лидија Димковска, Вања Изова – Велева и Ана Пејчинова. Може да се рече дека книгата „Големиот скок“ има антологиски карактер.
Research Interests:
Literacy, Structuralism (Literary Criticism), Literature, Literary Criticism, Literary Stylistics, and 46 more
Оваа книга претставува адаптирана верзија за публикување на магистерскиот труд што беше одбранет во 2005 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје под менторство на професорот Венко Андоновски и пред тричлената Комисија во... more
Оваа книга претставува адаптирана верзија за публикување на магистерскиот труд што беше одбранет во 2005 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје под менторство на професорот Венко Андоновски и пред тричлената Комисија во состав проф. д-р Атанас Вангелов, проф. д-р Весна Мојсова–Чепишевска и проф. д-р Венко Андоновски. Насловот на темата за магистерскиот труд беше „Семантичка дезинтеграција и морална деградација на ликот во прозата на Димитар Солев и Драги Михајловски“, а сега се објавува под модифицираниот наслов „Деконструкција на ликот“.
Книгата „Деконструкција на ликот“ содржи четири поглавја: „Теорија“, „Емпирија“, „Апликации“ и „Прилози“. Во делот „Теорија“ се елаборираат суштинските специфики на книжевниот лик како знак (семема) и како еден од базните наративни елементи при што се разработуваат наративните техники за интегрирање и дезинтегрирање на ликот како и неговите социолошки и психолошки аспекти. Во вториот дел со наслов „Емпирија“ е извршен панорамски преглед на македонската книжевно-критичка мисла во врска со ликот во прозата на Димитар Солев и Драги Михајловски. Во третиот дел („Апликации“) веќе се разработуваат конкретните манифестации на семантичка дезинтеграција и морална деградација (односно деконструкција) на ликот во прозните книжевно-уметнички дела на Димитар Солев и Драги Михајловски при што се сублимираат идентичните и различните наративни стратегии кај двајцата македонски автори. Во четвртиот дел од книгата, односно во „Прилози“, се дадени рецензиите за оваа книга од проф. д-р Весна Мојсова–Чепишевска и проф. д-р Венко Андоновски, како и „Библиографија“, „Индекс на имиња“ и „Белешка за авторот“.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Structuralism (Literary Criticism), Literature, Literature and cinema, and 52 more
Книгата „Чекајќи ја егзегезата“ е структурирана во три поглавја и тоа „Есеи“, „Интерпретации“ и „Рецензии“. Во делот „Есеи“ се објавуваат три текста што се однесуваат на одделни белешки за толкувањето на литературата, на проблематиката... more
Книгата „Чекајќи ја егзегезата“ е структурирана во три поглавја и тоа „Есеи“, „Интерпретации“ и „Рецензии“. Во делот „Есеи“ се објавуваат три текста што се однесуваат на одделни белешки за толкувањето на литературата, на проблематиката поврзана со терминолошкиот систем во науката за литературата, како и на термините „цитат“, „парафраза“ и „плагијат“. Во делот „Интерпретации“ се нудат практични анализи (толкувања) на поголем број прозни и поетски книжевни дела од македонската литература од бројни автори како што се Димитар Солев, Живко Чинго, Венко Андоновски, Драги Михајловски, Петре Бакевски, Методи Манев, Блаже Конески и други. Во делот „Рецензии“ се даваат бројни осврти за книжевно-историски и книжевно-теориски трудови од современата македонска книжевна продукција од авторите Јасмина Мојсиева–Гушева, Марко Китевски, Радован П. Цветковски, Матеја Матевски, Ратка Андонова, Живко Павлов и други. Книгата „Чекајќи ја егзегезата“ е замислена и конципирана како симбиоза меѓу есејот, стручниот интерпретативен приод и литературно-критичкиот осврт.
Research Interests:
Cultural Studies, Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Structuralism (Literary Criticism), and 46 more
Книгата „’Две Марии‘ од Славко Јаневски“ е интерпретација на површинските и на длабинските структурни елементи на романот „Две Марии“ чиј автор е еден од македонските најпродуктивни и најчитани писатели. На почетокот од оваа книга се... more
Книгата „’Две Марии‘ од Славко Јаневски“ е интерпретација на површинските и на длабинските структурни елементи на романот „Две Марии“ чиј автор е еден од македонските најпродуктивни и најчитани писатели. На почетокот од оваа книга се приложени био-библиографските податоци за Славко Јаневски, а потоа се преминува на конкретната анализа на романот „Две Марии“. Во аналитичката постапка кон романот се обработуваат сижето, описите и дејствата, менталниот сетинг кај ликовите (Никола, двете Марии, отец Симеон и други), спецификите на нараторот и други својства на ова прозно дело. Во посебно поглавје се нудат дотогашните осврти кон овој роман од страна на македонските книжевни критичари, а сосема на крајот е приложена и селективна библиографија за романот „Две Марии“.
Research Interests:
Literature, Literary Criticism, Literary Theory, Literary History, Literatura, and 22 more
Книгата со наслов „’Црно семе‘ од Ташко Георгиевски“ претставува детална интерпретација на еден од најчитаните романи во македонската литература. На почетокот се дадени основните податоци од биографијата на Ташко Георгиевски, а потоа се... more
Книгата со наслов „’Црно семе‘ од Ташко Георгиевски“ претставува детална интерпретација на еден од најчитаните романи во македонската литература. На почетокот се дадени основните податоци од биографијата на Ташко Георгиевски, а потоа се преминува на толкување на структурните сегменти на романот „Црно семе“. Во интерпретацијата се засегнати поголем број сегменти како што се сижето на романот, нараторот, просторот, односно проксемичките кодови, ликовите и актантите, ликовите во опозиција, како и поентата, односно пораката што со себе ја носи ова книжевно остварување на Георгиевски. Покрај тоа, понудена е и панорамска слика за дадените судови за овој роман од страна на македонската книжевна критика. На крајот е наведена и селективна библиографија од македонската книжевно-критичка мисла за романот „Црно семе“ од Ташко Георгиевски.
Research Interests:
Основната цел на оваа студија е да се покаже присуството на македонскиот крал Александар III Македонски во македонските книжевни дела и неговата (и книжевна и книжевно-историска) улога како знак што обединува многубројни култури од... more
Основната цел на оваа студија е да се покаже присуството на македонскиот крал Александар III Македонски во македонските книжевни дела и неговата (и книжевна и книжевно-историска) улога како знак што обединува многубројни култури од различни времиња и од меѓусебно оддалечени простори. За таа цел беа консултирани бројни трудови од светски и македонски автори од историската наука, книжевната теорија и политикологијата без кои овој труд не ќе ја имаше ваквата интегрална форма. Историскиот и книжевно-теорискиот дел на студијава беа неопходни за да се воведе читателот во елаборациите од апликативниот дел што се однесува на интерпретации на дела од македонската книжевност и тоа од нејзините почетоци (народната литературата), преку средновековието и 19 век па сè до нашата книжевност од 20 и од првата деценија на 21 век, а тоа ќе рече дека нашата амбиција беше да се изработи една екстензивна студија за застапеноста на Александар Македонски во македонските книжевни дела и тоа, пред сè, од аспект на неговата улога како интерактивен код на културите.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Literature, Literary Criticism, Literary Theory, and 27 more
Рецензираната скрипта со наслов „Теорија на поезијата“ содржи три дела: а) Прв дел: Вовед во предметот; б) Втор дел: Структурни аспекти на поезијата; в) Трет дел: Прилози. Во првиот дел се даваат основните дефиниции за термините „поезија“... more
Рецензираната скрипта со наслов „Теорија на поезијата“ содржи три дела: а) Прв дел: Вовед во предметот; б) Втор дел: Структурни аспекти на поезијата; в) Трет дел: Прилози. Во првиот дел се даваат основните дефиниции за термините „поезија“ и „поетика“ како и местото на поезијата во литературата воопшто. Овде особено се осврнуваме на лириката како литературен род во кој се доминантни поетските книжевни форми. Исто така, во првиот дел се нуди и еден краток преглед на појавата и на историскиот развој на поезијата од најстарите цивилизации до денес. Во вториот дел од овој труд се презентираат конкретно структурните особености на поезијата, како и начините за интерпретација на конкретни поетски текстови. Особено внимание овде се обрнува на стилските фигури (метаболите) како и на структурните нивоа, односно на нивоата на анализа на поезијата. Во третиот дел се прилозите каде што доминираат интерпретативни (аналитички) текстови за неколку поетски книжевни дела. Целта на овој дел од скриптата е студентите да се запознаат со конкретни аналитички приоди за конкретни поетски творби. Покрај тоа, на крајот од овој труд е понуден и Речник на термини каде што се нудат дефиниции на поголем број лексикографски единици што се тесно поврзани со книжевно-теориската анализа и интерпретација на поетските литературни форми.
Research Interests:
Literacy, Literature, Poetry, Literary Criticism, Literary Theory, and 26 more
Трудот е рецензирана скрипта објавена во е-библиотека на веб-страницата на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Материјата што се презентира во оваа скрипта е систематизирана во четири дела: а) Вовед во наратологијата; б) Основни наративни... more
Трудот е рецензирана скрипта објавена во е-библиотека на веб-страницата на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Материјата што се презентира во оваа скрипта е систематизирана во четири дела: а) Вовед во наратологијата; б) Основни наративни структури; в) Наратолошки модели; г) Прилози. Во првиот дел се нудат основните дефиниции за поимите „наратологија“ и „проза“, како и позицијата на наратологијата како научна дисциплина во науката за литературата. Во вториот дел се елаборираат фундаменталните елементи на прозните книжевни дела како што се време и простор, опис и дејство, лик и актант, тематска ролја и актер, наратор, наратер и други. Во овој дел, исто така, се разгледуваат некои основни наратолошки категории од типот фокализација, односно гледна точка на нарацијата, наративна трансмисија (наративен комуникациски канал) и слично. Во третиот дел се презентираат најосновните наратолошки модели за анализа (интерпретација) на прозните книжевни дела. Тоа се моделите на Владимир Проп, Алжирдас Грејмас и Ролан Барт, како и семиолошките истражувања за книжевниот лик на Филип Амон. Во четвртиот дел се прилозите каде што доминираат интерпретативни (аналитички) текстови за прозни книжевни дела (сказни и романи).
Research Interests:
Збирката со кратка лирска проза со наслов „Омразенија“ е објавена во 2005 година. Книгата се состои од три циклуси и тоа: „Круг“, „Магла“ и „Тропар“. Покрај тоа, збирката почнува со краток пролог, а завршува со, исто така, еден краток... more
Збирката со кратка лирска проза со наслов „Омразенија“ е објавена во 2005 година. Книгата се состои од три циклуси и тоа: „Круг“, „Магла“ и „Тропар“. Покрај тоа, збирката почнува со краток пролог, а завршува со, исто така, еден краток епилог. Станува збор, имено, за поетска проза (како хибриден книжевен жанр) во која во прв план се поставува отуѓеноста на индивидуата во општеството, односно во цивилизацијата (културата) и во приватната (личната) и во јавната (професионалната) сфера. „Омразенијата“ се однесуваат на онаа позната „непријатност во културата“ за која говореше Фројд, но сега од еден поинаков, подруг аспект што му е својствена на современиот човек во модерната ера на подем на комуникологијата, односно на информатичката технологија. Враќањето кон праисконските корени, кон природата, кон чистите сфери на опстојот што ќе го донесе дефицитарниот спокој на „новиот“ човек е базната идеја којашто е доминантна во овие прозни секвенци.
Research Interests:
Книгата со наслов „Чуварот на тајната“ е збирка раскази објавена во 2008 година. Збирката се состои од 15 раскази во кои има разновидност од теми, мотиви и идеи. Со оглед на фактот дека секое ново книжевно, но и воопшто уметничко дело... more
Книгата со наслов „Чуварот на тајната“ е збирка раскази објавена во 2008 година. Збирката се состои од 15 раскази во кои има разновидност од теми, мотиви и идеи. Со оглед на фактот дека секое ново книжевно, но и воопшто уметничко дело претставува експериментирање и во однос на формата (синтаксата) и во однос на содржината (семантиката), во петнаесетте раскази од збирката се бараат нови изразни средства во однос на позицијата на нараторот, односно фокализацијата, во однос на дезинтегрирањето на линеарната нарација, во однос на изместувањето на категориите простор и време, како и во однос комбинирањето на антропоморфни и неантропоморфни наратори. На пример, во расказот „Samsung“ се оперира со голем број наратори и демултиплицирани фокализантни точки. Во расказот „Четворка шифт“ се обработуваат бројни теми и од аспект на историјата и од аспект на современоста. Исто така, во голем број од овие раскази се доминантни и иронијата и автоиронијата како што се, на пример, расказите „Грдотија“, „Колбас и кременадла“, „Пензионери“ и други. Во основа, во оваа збирка раскази историјата добива еден современ тон.
Research Interests:
Книгата „Марионетки“ (2011) е втора книга со кратки прозни лирски текстови (секвенци) по збирката „Омразенија“ што беше објавена во 2005 година. Збирката „Марионетки“ се состои од четири циклуси: „Порој“, „Агресија“, „Цвеќарката“ и... more
Книгата „Марионетки“ (2011) е втора книга со кратки прозни лирски текстови (секвенци) по збирката „Омразенија“ што беше објавена во 2005 година. Збирката „Марионетки“ се состои од четири циклуси: „Порој“, „Агресија“, „Цвеќарката“ и „Меморија“. Станува збор, имено, за едно книжевно експериментирање во кое старите и општопознати мотиви се поставуваат во современиот динамичен свет. Универзалните категории како што се љубов, омраза, среќа, радост, тага, жал, себичност, хипокризија, малициозност и слично се поставени на едно локално, но и индивидуално рамниште. Тоа го покажуваат, на пример, текстовите со наслов „Јас сум ти“, „Марионетки“, „Реприза“, „Драма“, „Пораз“, „Бразди“, „Одмин“, „Лицитација“ и други. Од друга страна, пак, индивидуалното, конкретното, се претопува во општото, а тоа е најилустративно прикажано во прологот и во епилогот. Тоа значи дека во оваа збирка чии страници се исполнети со таканаречената поетска проза со наслов „Марионетки“ се уриваат границите на глобалното и локалното, на општото и конкретното, на универзалното и индивидуалното.
Research Interests:
Меѓу кориците на оваа книга се наоѓаат текстови што се публикувани во македонската периодика или, пак, како предговори и поговори во разни изданија во последниве неколку години. Селектирани се овде рецензии (осврти) за книги коишто имаат... more
Меѓу кориците на оваа книга се наоѓаат текстови што се публикувани во македонската периодика или, пак, како предговори и поговори во разни изданија во последниве неколку години. Селектирани се овде рецензии (осврти) за книги коишто имаат доминантно научен или есеистички карактер. Тоа се, всушност, одгласи на изданија кои предизвикале кај нас особен интерес и за коишто сме сметале дека заслужуваат афирмација низ страниците од македонските книжевни списанија. Целта на објавувањето на ваквите текстови во една книга е сосема јасна – да се извлечат тие од депоата на библиотеките, каде што списанијата предизвикуваат интерес најчесто само кај потесните научни кругови, и да се презентираат пред пошироката јавност. Тоа е илустрирано тука, во оваа книга, на пример со првиот текст за „Галерија универзум“ на Славко Јаневски, од една страна, и со последниот текст за „Цветниот пат“ на Перица Сарџоски, од друга страна. Во таа смисла, предмет на нашиот интерес биле книги на автори од различни генерации – од „повозрасната“ генерација (Димитар Митрев, Славко Јаневски, Димитар Бошков, Љубиша Стојановиќ, Радован П. Цветковски, Атанас Вангелов, Васил Тоциновски, Науме Радически, Горан Стефановски), од „средната генерација“ (Венко Андоновски, Јасмина Мојсиева-Гушева, Јованка Стојановска-Друговац, Наташа Аврамовска, Снежана Клинчарова, Стефан Влахов – Мицов), но и од млади автори како што се Мишо Јузмески и Перица Сарџоски. Меѓутоа, тој наш интерес излегува и надвор од македонскиот културен ареал. Се осврнуваме овде и на делата од двајца македонисти од балканските простори коишто голем дел од својот научен ангажман го посветиле на македонската книжевна историја. Тоа се српскиот македонист Мирољуб Стојановиќ и хрватскиот македонист Горан Калоѓера. Станува збор, имено, за критички осврти на три значајни труда од споменатите автори – „Писателот ја создава татковината“ од Мирољуб Стојановиќ, како и „Браќата Миладиновци – легенда и стварност“ и „Осврти“ од Горан Калоѓера. Во својата книга Стојановиќ ги елаборира македонско-српските културни врски во XIX и во XX век. За книгата „Браќата Миладиновци – легенда и стварност“ на Калоѓера може да се рече дека претставува една солидна монографија за струшките браќа. Овде го објавуваме и нашиот приказ за книгата „Осврти“ од Калоѓера во која, пред сè, се разгледуваат македонско-хрватските (хрватско-македонските) културни врски.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Literature, Literary Criticism, and 27 more
Книгата со наслов „Промоции“ претставува научен труд од областа на теоријата на литературата и на литературната критика каде што се објавени триесетина рецензии за книжевни, но и за книжевно-историски трудови. Најголемиот број од... more
Книгата со наслов „Промоции“ претставува научен труд од областа на теоријата на литературата и на литературната критика каде што се објавени триесетина рецензии за книжевни, но и за книжевно-историски трудови. Најголемиот број од текстовите се однесуваат за македонската продукција, но неколку од нив се посветени на хрватски автори чии дела се преведени на македонски јазик. Во овие книжевни осврти се валоризираат прозни дела (романи, раскази), поетски збирки, драмски текстови (и една театарска претстава) како и книжевно-историски трудови. Тоа се, всушност, авторски дела што се појавија во последниве десетина години и за кои авторот сметал дека го заслужуваат критичкото внимание. Притоа, основната тенденција е секаде да се аргументираат судовите за нивната естетска и за нивната историска вредност. Целта, пак, на објавувањето на оваа книга е да се даде придонес во развивањето на македонската книжевно-критичка мисла.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Literature, Literary Criticism, and 27 more
Наставниот прирачник „Практикум по наратологија“ претставува прилог кон скриптата со наслов „Наратологија“ што веќе е објавена во 2012 година во електронска форма во е-библиотеката на веб-страницата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.... more
Наставниот прирачник „Практикум по наратологија“ претставува прилог кон скриптата со наслов „Наратологија“ што веќе е објавена во 2012 година во електронска форма во е-библиотеката на веб-страницата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Прирачникот „Практикум по наратологија“ е составен од четири дела, односно од четири поглавја: а) „Наратолошки интерпретации“; б) „Основи на наратологијата (проверка)“; в) „Структури и модели (проверка)“; г) „Колоквиумски прашања“.
Првото поглавје со наслов „Наратолошки интерпретации“, всушност, го претставува апликативниот дел во овој прирачник. Станува збор, имено, за четири интерпретативни текста со кои се илустрираат методите за анализа (толкување) на прозниот книжевен дискурс: „Циклична супституција на ликови во романот ’Тунел‘ од Петре М. Андреевски“; „Дестабилизираните ликови во романот ’Бабаџан‘ од Живко Чинго“; „Културниот алтеритет во романот ’Вештица‘ од Венко Андоновски“ и „Наративните структури во романите на Славчо Ковилоски“. Во второто и третото поглавје [„Основи на наратологијата (проверка)“ и „Структури и модели (проверка)“] се нудат прашања и задачи од сите методски единици од Предметната програма за курсот по Наратологија што се елаборирани во скриптата „Наратологија“.  Последниот дел од овој прирачник содржи сто и дваесет колоквиумски прашања со кои е опфатена сета материја од предметот Наратологија. Практичната намена на овој дел од прирачникот е студентите што посолидно да се подготват за двата колоквиуми и за завршниот устен испит по курсот Наратологија. Покрај сето тоа, приложен е тука и Речник на термини во кој се дадени кратки, сублимирани дефиниции за најосновните единици од терминолошкиот систем на наратологијата. За оние студенти, пак, што имаат желба и намера да ги прошират и да ги продлабочат своите знаења од наратологијата, на крајот од Практикумот е приложена и Библиографија на мошне значајни и вредни наратолошки трудови.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Literature, Literary Criticism, Literary Theory, and 25 more
Практикумот со наслов „Практикум по теорија на поезијата“, наменет за студентите од Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип, се појавува како наставен прирачник, односно како прилог кон скриптата... more
Практикумот со наслов „Практикум по теорија на поезијата“, наменет за студентите од Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип, се појавува како наставен прирачник, односно како прилог кон скриптата „Теорија на поезијата“. Материјата што е понудена во овој „Практикум по теорија на поезијата“ е систематизирана во четири дела: а) Прв дел: Теориско-поетски апликации; б) Втор дел: Основи на поезијата (проверка); в) Трет дел: Структури на поезијата (проверка); г) Четврти дел: Колоквиумски прашања.
Во првиот дел со наслов „Теориско-поетски апликации“ се приложени четири интерпретативни текстови во кои се илустрираат методите за анализа на конкретни поетски дела. Тоа се следните текстови: „Транстекстуалноста во поезијата на Блаже Конески“; „Интерференција на поетски структури – Конески vs Рацин“; „Поетските визии на Петре Бакевски“ и „Метафорично-метонимиски деконструкции“. Вториот дел „Основи на поезијата (проверка)“ како и третиот дел „Структури на поезијата (проверка)“ од овој прирачник се составени од конкретни прашања и задачи поврзани со историјатот на поезијата, местото на поезијата во литературата и со толкувањето на поезијата. Во четвртиот дел се приложени сто и дваесет колоквиумски прашања (60 + 30 + 30) со кои се опфатени сите методски единици од конкретната Предметна програма за курсот Поетика. Кон сето ова, во Практикумот е приложен и Речник на термини којшто, за разлика од веќе објавениот во скриптата „Теорија на поезијата“, е дополнет со бројни нови лексикографски единици од поетолошка, но и од една поширока книжевно-теориска провиниенција. Овој Речник, во секој случај, ќе им ги прошири и ќе им ги продлабочи на студентите знаењата од областа на теоријата на поезијата. Идентична цел има и придружната Библиографија дадена на крајот од овој прирачник.
Research Interests:
Comparative Literature, Literacy, Literature, Literary Criticism, Literary Theory, and 25 more
The deadline for submitting papers for the next issue of Palimpsest is 25 September 2022. Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is... more
The deadline for submitting papers for the next issue of Palimpsest is 25 September 2022.
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published in printed form and electronically twice a year, the first issue in May and the second one in November.
The journal publishes papers in the area of linguistics, literary science, teaching methodology and culturology. In addition, there is a section reserved for reviews of books, monographs, and other publications in the sphere of philology and culturology. The international journal Palimpsest publishes papers in the following languages: Macedonian, English, Russian, German, Italian, French and Turkish.
All papers are double-blind peer-reviewed by two independent reviewers prior to being accepted for publication.
Трудовите за наредниот број на "Палимпсест" да се испраќаат најдоцна до 25 март 2022 година.
The deadline for submitting papers for the next issue of Palimpsest is 25 September 2021. We are pleased to invite you to contribute a paper to the twelfth issue of the international scientific journal “Palimpsest”. In addition to the... more
The deadline for submitting papers for the next issue of Palimpsest is 25 September 2021.
We are pleased to invite you to contribute a paper to the twelfth issue of the international scientific journal “Palimpsest”. In addition to the regular sections, the twelfth issue of “Palimpsest” will be dedicated to the great Macedonian author Blazhe Koneski, thus the journal will join the celebration of the “Year of Koneski”. The twelfth issue will be published in December 2021- the month of the centenary of Koneski’s birth. We cordially invite you to participate with a paper on the monumental work of Blazhe Koneski.
The deadline for submitting papers for the eleventh issue of Palimpsest is 25 March 2021. Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is... more
The deadline for submitting papers for the eleventh issue of Palimpsest is 25 March 2021.
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published in printed form and electronically twice a year, the first issue in May and the second one in November.
The journal publishes papers in the area of linguistics, literary science, teaching methodology and culturology. In addition, there is a section reserved for reviews of books, monographs, and other publications in the sphere of philology and culturology. The international journal Palimpsest publishes papers in the following languages: Macedonian, English, Russian, German, Italian, French and Turkish.
All papers are double-blind peer-reviewed by two independent reviewers prior to being accepted for publication.
The deadline for submitting papers for the tenth issue of Palimpsest is 25 September 2020. Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is... more
The deadline for submitting papers for the tenth issue of Palimpsest is 25 September 2020.
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published in printed form and electronically twice a year, the first issue in May and the second one in November.
The journal publishes papers in the area of linguistics, literary science, teaching methodology and culturology. In addition, there is a section reserved for reviews of books, monographs, and other publications in the sphere of philology and culturology. The international journal Palimpsest publishes papers in the following languages: Macedonian, English, Russian, German, Italian, French and Turkish.
All papers are double-blind peer-reviewed by two independent reviewers prior to being accepted for publication.
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published in printed form and electronically twice a year, the first issue in May and the... more
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published in printed form and electronically twice a year, the first issue in May and the second one in November.
The journal publishes papers in the area of linguistics, literary science, teaching methodology and culturology. In addition, there is a section reserved for reviews of books, monographs, and other publications in the sphere of philology and culturology. The international journal Palimpsest publishes papers in the following languages: Macedonian, English, Russian, German, Italian, French and Turkish.
All papers are double-blind peer-reviewed by two independent reviewers prior to being accepted for publication.
The deadline for submitting papers for the ninth issue of Palimpsest is 25 March 2020.
Research Interests:
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published in printed form and electronically twice a year, the first issue in May and the... more
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published in printed form and electronically twice a year, the first issue in May and the second one in November.
The journal publishes papers in the area of linguistics, literary science, teaching methodology and culturology. In addition, there is a section reserved for reviews of books, monographs, and other publications in the sphere of philology and culturology. The international journal Palimpsest publishes papers in the following languages: Macedonian, English, Russian, German, Italian, French and Turkish.
All papers are double-blind peer-reviewed by two independent reviewers prior to being accepted for publication.
Papers for the eighth issue of Palimpsest should be submitted not later than 25 September 2019.
Research Interests:
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published in printed form and electronically twice a year, the first issue in May and the... more
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published in printed form and electronically twice a year, the first issue in May and the second one in November.
The journal publishes papers in the area of linguistics, literary science, teaching methodology and culturology. In addition, there is a section reserved for reviews of books, monographs, and other publications in the sphere of philology and culturology. The international journal Palimpsest publishes papers in the following languages: Macedonian, English, Russian, German, Italian, French and Turkish.
All papers are double-blind peer-reviewed by two independent reviewers prior to being accepted for publication.
Papers for the seventh issue of Palimpsest should be submitted not later than 25 March 2019.
Research Interests:
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published in printed form and electronically twice a year, the first issue in May and the... more
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published in printed form and electronically twice a year, the first issue in May and the second one in November.
The journal publishes papers in the area of linguistics, literary science, teaching methodology and culturology. In addition, there is a section reserved for reviews of books, monographs, and other publications in the sphere of philology and culturology. The international journal Palimpsest publishes papers in the following languages: Macedonian, English, Russian, German, Italian, French and Turkish.
All papers are double-blind peer-reviewed by two independent reviewers prior to being accepted for publication.
Papers for the sixth issue of Palimpsest should be submitted not later than 25 September 2018.
Research Interests:
Literary Journalism, Comparative Literature, Literacy, Teaching and Learning, Scholarship of Teaching and Learning, and 105 more
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published in printed form and electronically twice a year, the first issue in May and the... more
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published in printed form and electronically twice a year, the first issue in May and the second one in November.
The journal publishes papers in the area of linguistics, literary science, teaching methodology and culturology. In addition, there is a section reserved for reviews of books, monographs, and other publications in the sphere of philology and culturology. The international journal Palimpsest publishes papers in the following languages: Macedonian, English, Russian, German, Italian, French and Turkish.
All papers are double-blind peer-reviewed by two independent reviewers prior to being accepted for publication.
Research Interests:
Sociology of Culture, World Literatures, Comparative Literature, Literacy, Teaching and Learning, and 83 more
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published in printed form and electronically twice a year, the first issue in May and the... more
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published in printed form and electronically twice a year, the first issue in May and the second one in November.
The journal publishes papers in the area of linguistics, literary science, teaching methodology and culturology. In addition, there is a section reserved for reviews of books, monographs, and other publications in the sphere of philology and culturology. The international journal Palimpsest publishes papers in the following languages: Macedonian, English, Russian, German, Italian, French and Turkish.
All papers are double-blind peer-reviewed by two independent reviewers prior to being accepted for publication.
Research Interests:
Literary Journalism, Philology, Sociology of Culture, World Literatures, Comparative Literature, and 57 more
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published electronically twice a year, the first issue in May and the second one in November.... more
Palimpsest is an international journal for linguistic, literary and cultural research founded at the Faculty of Philology in Stip in 2016. It is published electronically twice a year, the first issue in May and the second one in November.
The journal publishes papers in the area of linguistics, literary science, teaching methodology and culturology. In addition, there is a section reserved for reviews of books, monographs, and other publications in the sphere of philology and culturology. The international journal Palimpsest publishes papers in the following languages: Macedonian, English, Russian, German, Italian, French and Turkish.
All papers are double-blind peer-reviewed by two independent reviewers prior to being accepted for publication.
Research Interests:
На традиционалната IV Меѓународна научна конференција „ФИЛКО – филологија, култура и образование“ што се одржа од 23 до 25 мај 2019 година на Филолошкиот факултет при Воронежкиот државен универзитет во Русија, професорот Ранко Младеноски... more
На традиционалната IV Меѓународна научна конференција „ФИЛКО – филологија, култура и образование“ што се одржа од 23 до 25 мај 2019 година на Филолошкиот факултет при Воронежкиот државен универзитет во Русија, професорот Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема „Оксиморонот во ’Нежното срце на варварот‘ од Венко Андоновски“. Во текот на секциското предавање беше истакнато дека освен во насловот, безмалку во сите текстови од збирката „Нежното срце на варварот“ од Андоновски (и во песните и во кратките лирско-прозни записи) може да се забележи присуството на оксиморонски фигуративни изрази по што беа наведени бројни илустрации со чија помош се покажува и се докажува автентичноста на ваквата поставена теза. Оксиморонските поетски примери беа ексцерпирани од голем број песни од збирката како што се „Болка“, „Зошто ја измислив Варвара“, „Неколку совети од Варвара“, „Современ човек“, „Загуба“, „Список на здодевни нешта?!“ и други. Освен тоа, во текот на секциското предавање беа презентирани и елаборирани примери од песните во кои е забележливо присуство на други стилски фигури кои според својот карактер гравитираат кон оксиморонот, како што се парадоксот, тавтологијата, плеоназмот и иронијата. Во заклучокот од излагањето беше нагласено дека во оваа поетска книга од Андоновски се доминантни оксиморонските структури како книжевно-уметничка постапка најавена уште со самиот наслов на збирката, но и дека во неа истовремено е доминантна и творечката тенденција за асемантизација на текстот, односно за редукција на семантиката на поетскиот дискурс во збирката. Овие две суштински особини на „Нежното срце на варварот“ меѓусебно се надоврзуваат и се надополнуваат давајќи ѝ на книгата особен модернистички белег.
На III Меѓународна научна конференција ФИЛКО што се одржа на 26 и 27 април 2018 година во Штип во коорганизација на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Филолошкиот факултет при Воронежкиот државен универзитет во... more
На III Меѓународна научна конференција ФИЛКО што се одржа на 26 и 27 април 2018 година во Штип во коорганизација на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Филолошкиот факултет при Воронежкиот државен универзитет во Русија, професорот Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема „Поезијата во романите на Венко Андоновски“. Во текот на секциското предавање беше истакнато дека предмет на анализа во излагањето, всушност, се четирите досега објавени романи на Венко Андоновски: „Азбука за непослушните“ (1994), „Папокот на светот“ (2000), „Вештица“ (2006) и „Ќерката на Математичарот“ (2013). Уште на почетокот беа извршени две суштински дистинкции што се значајни за темата што се елаборира: а) поезија – проза; б) првостепена уреденост на природниот јазик – второстепена уреденост на природниот јазик. Имено, поезијата, едноставно кажано, ја дефинираме како литература во форма на стих со метричка и со стилско-фигуративна уреденост. Прозата, исто така едноставно кажано, ја дефинираме како врзан текст или дискурс којшто не е метрички уреден како поезијата. Во врска со втората дистинкција, беше истакнато дека првостепената уреденост на природниот јазик ја подразбира организираноста на јазикот како систем од знаци од фонолошки и фонетски, морфолошки, лексиколошки и фразеолошки, како и синтаксички аспект, додека второстепената уреденост на природниот јазик подразбира примена на дополнителни правила (норми, законитости) коишто се од фундаментално значење за структурирањето на книжевно-уметничките текстови. Во текот на излагањето беа наведени бројни примери кои ја илустрираат тезата за доминантното присуство на поетскиот израз во четирите романи на Андоновски (версети, парономазија, метафора, компарација, каламбур, метонимија, парадокс и слично) со што се покажа и се докажа оправданоста на избраната тема од насловот на излагањето.
Research Interests:
Cultural Studies, Literacy, Structuralism (Literary Criticism), Literature, Literary Criticism, and 40 more
На II Меѓународна научна конференција „ФИЛКО“ – филологија, култура и образование што се одржа во Вороњеж, Руска Федерација, на 10 и 11 мај 2017 година во организација на Вороњешкиот државен универзитет и Универзитетот „Гоце Делчев“ од... more
На II Меѓународна научна конференција „ФИЛКО“ – филологија, култура и образование што се одржа во Вороњеж, Руска Федерација, на 10 и 11 мај 2017 година во организација на Вороњешкиот државен универзитет и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Република Македонија, проф. д-р Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема „Поетскиот ораториум на Блаже Конески“. Во текот на секциското предавање беше истакнато дека поезијата на Блаже Конески веќе долго време предизвикува голем интерес и кај читателската публика и во книжевно-научните кругови. Потоа се пристапи кон елаборација на поезијата на Конески во која има неколку песни со наслов „Молитва“ и тоа од разни периоди од неговото книжевно стихотворство. Беше нагласено дека ова е значаен сегмент од поетскиот дискурс на македонскиот поетски великан затоа што во оној момент кога „молитвата“ на Конески (или, ако сакаме да бидеме попрецизни, на лирскиот субјект) станува и „молитва“ на читателот, на реципиентот, тогаш поезијата на Конески се преобразува во молитвен амбиент, во „стиховен простор за молитва“, во „поетски храм“, односно во „поетски ораториум“. Станува збор, всушност, за шест песни од поетскиот опус на Конески што се насловени со „молитва“: а) две песни со наслов „Молитва“ во збирката „Песни“ објавена во 1953 година; б) песна со наслов „Молитва за сон“ во збирката „Стари и нови песни“ од 1979 година; в) песна со наслов „Молитва“ во збирката „Црква“ од 1988 година; г) песна со наслов „Молитва“ во збирката „Небеска река“ од 1991 година; д) песна со наслов „Молитва за успокојување“ во последната стихозбирка „Црн овен“ објавена во 1993 ‒ годината во која Конески само физички замина од овој свет, но остана вечно да живее во духот на македонската културна традиција со своето маестрално дело.
Research Interests:
World Literatures, Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, Structuralism (Literary Criticism), and 55 more
На VIII Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: Исток – Запад“ што се одржа во Свети Николе на 28 и 29 април 2017 година во организација на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Ранко Младеноски... more
На VIII Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: Исток – Запад“ што се одржа во Свети Николе на 28 и 29 април 2017 година во организација на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема „Симболиката на синтаксичките тријади во песната ’Црква‘ од Блаже Конески“. Во текот на секциското предавање, меѓу другото, беше истакнато дека со интерпретацијата на песната „Црква“ од Конески од аспект на синтаксичката повторливост во строфите и во стиховите се маркира симболичноста на нејзината структура. Имено, синтаксичко-синтагматските тријади се несомнен доказ за потврдувањето на поставената теза за улогата и функцијата на симболот во градењето на нејзината поента, односно на книжевно-уметничка порака, но и за оправданоста на идентичното тврдење на нејзиниот автор дека песната како целина е симбол за животот. Покрај тоа, во заклучокот од излагањето се потенцираше дека песната „Црква“ од Блаже Конески е успешно и умешно организирана и на планот на формата (синтаксата/ ознаката) и на планот на содржината (семантиката/ означеното).
Research Interests:
Literacy, Information Literacy, Literature, Material Culture Studies, Poetry, and 41 more
Научниот собир „Творечкиот лик на професор Георги Сталев Поповски“ се одржа на 19 и 20 мај 2011 година во Скопје во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. Темата на секциското предавање (излагањето) на Ранко... more
Научниот собир „Творечкиот лик на професор Георги Сталев Поповски“ се одржа на 19 и 20 мај 2011 година во Скопје во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. Темата на секциското предавање (излагањето) на Ранко Младеноски на овој домашен научен собир носи наслов „Уделот на Георги Сталев во македонската книжевна историографија“. Во текот на излагањето на Младеноски нагласено беше значењето на двата тома на професорот Георги Сталев за македонската книжевна историја („Македонската литература во 19 век“ и „Првата половина на 20 век“), а беа презентирани и суштинските сегменти од тие два труда на професорот Георги Сталев Поповски.
Research Interests:
History, Cultural History, Cultural Studies, Comparative Literature, Literacy, and 52 more
На VI Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: Исток – Запад“ што се одржа во Свети Николе на 17 и 18 април 2015 година во организација на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Ранко Младеноски... more
На VI Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: Исток – Запад“ што се одржа во Свети Николе на 17 и 18 април 2015 година во организација на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема „Дијалогизмот и интертекстуалноста во македонскиот роман“. Во текот на излагањето беа презентирани резултатите од извршените анализи на неколку македонски романи како илустрација за значајната улога на дијалогизмот и интертекстуалноста во историскиот развој на македонската романескна продукција.
Research Interests:
Cultural History, Cultural Studies, Comparative Literature, Literacy, Cultural Sociology, and 47 more
На IV Меѓународен научен собир „Македонско-хрватски книжевни, културни и јазични врски“ што се одржа во Охрид од 27 до 29 септември 2013 година во организација на Институтот за македонска литература од Скопје Младеноски учествуваше со... more
На IV Меѓународен научен собир „Македонско-хрватски книжевни, културни и јазични врски“ што се одржа во Охрид од 27 до 29 септември 2013 година во организација на Институтот за македонска литература од Скопје Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема „Македонецот К. Миладинов кај Хрватот С. Томаш“. Станува збор, всушност, за секциско предавање во кое беа презентирани резултатите од анализите на романот „Златоустиот“ и драмата „Златоустиот или тажниот дом хрватски“ од хрватскиот автор Стјепан Томаш од аспект на присуството и улогата во нив на еден од најзначајните македонски дејци од 19 век – Константин Миладинов. Во текот на излагањето Младеноски потенцираше дека преку соработката меѓу хрватскиот бискуп Штросмаер и Миладинов  во двете дела на Стјепан Томаш се назначува континуитетот во интеркултурната соработка меѓу Македонија и Хрватска.
Research Interests:
Cultural History, Cultural Studies, Comparative Literature, Literacy, Information Literacy, and 51 more
На XL Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што се одржа во Охрид на 29 и 30 јуни 2013 година во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, авторите Толе... more
На XL Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што се одржа во Охрид на 29 и 30 јуни 2013 година во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, авторите Толе Белчев и Ранко Младеноски учествуваа со секциско предавање на тема „Константин Кирил Филозоф во ’Папокот на светот‘“. Како што истакнаа во текот на излагањето Белчев и Младеноски, интерпретацијата на овој роман од Венко Андоновски се однесува на улогата на Филозофот како референцијален книжевен лик со суштинска улога во нарацијата – да ги растајнува старите записи и текстови. Во текот на секциското предавање авторите ги нагласија најзначајните предикати на Филозофот (Св. Кирил) што се темелни структурни елементи на романот „Папокот на светот“ од Андоновски.
Research Interests:
Cultural History, Cultural Studies, Comparative Literature, Literacy, Cultural Sociology, and 50 more
На IV Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: Исток – Запад“ што се одржа во Свети Николе на 19 и 20 април 2013 година во организација на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Ранко Младеноски... more
На IV Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: Исток – Запад“ што се одржа во Свети Николе на 19 и 20 април 2013 година во организација на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема „Интерференцијата на културните семиосфери во македонската книжевност низ ликот-знак Александар Македонски“. Како што истакна Младеноски во текот на секциското предавање, станува збор за една екстензивна и интердисциплинарна тема што ја опфаќа сета македонска книжевност од фолклорот па сè до современите книжевни текови од аспект на улогата на Александар III Македонски како лик-знак што во своето семантичко поле интегрира бројни култури.
Research Interests:
Cultural History, Cultural Studies, Comparative Literature, Literacy, Cultural Sociology, and 45 more
На VIII Македонско-северноамериканска конференција што се одржа на 7 и 8 јули 2012 година во Охрид во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема... more
На VIII Македонско-северноамериканска конференција што се одржа на 7 и 8 јули 2012 година во Охрид во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема „Ликовите-дублети во романот ’Тунел‘ од Петре М. Андреевски“. Во текот на излагањето Младеноски нагласи дека од книжевно-теориски аспект, анализата се потпира врз семиолошката теорија на ликот во која се понуди мошне солидна детерминација на поимот за ликовите-дублети (како и за ликовите-синоними) и дека интерпретацијата се однесува конкретно на ликовите-дублети во романот „Тунел“ од Петре М. Андреевски, имајќи ги предвид мошне сложените семантички полиња на три лика во овој роман: Игор, Горан Паковски и Дејан Медаров. Во заклучокот од секциското предавање беше потенцирано дека ликовите-дублети во романот „Тунел“ од Андреевски се клучни раскажувачки елементи и дека, всушност, ликовите-дублети се фундаментот на наративната структура на овој роман од Петре М. Андреевски.
Research Interests:
Cultural History, Cultural Studies, Sociology of Culture, Literacy, Structuralism (Literary Criticism), and 37 more
На XXXIX Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што се одржа во Охрид на 20 и 21 јуни 2012 година Младеноски зеде учество со коавторско секциско предавање, заедно со проф. д-р... more
На XXXIX Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што се одржа во Охрид на 20 и 21 јуни 2012 година Младеноски зеде учество со коавторско секциско предавање, заедно со проф. д-р Толе Белчев, односно со излагање на тема „Епитафните модалитети во стиховите на Гане Тодоровски“. Авторите Младеноски и Белчев ги презентираа интерпретациите на двата епитафа на Тодоровски, но и на неколку песни од поезијата на Тодоровски во кои може да се забележат епитафни специфики.
Research Interests:
Cultural History, Cultural Studies, Structuralism (Literary Criticism), Literature, Poetry, and 29 more
На XXXVIII Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што се одржа во Охрид на 14 и 15 јули 2011 година Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема Рациновиот дух во... more
На XXXVIII Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што се одржа во Охрид на 14 и 15 јули 2011 година Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема Рациновиот дух во стиховите на Блаже Конески. Во текот на секциското предавање беше извршена компаративна согледба на поезијата на Конески во однос на животот и делото, но и конкретно на поезијата на Коста Солев Рацин. Излагањето на Младеноски беше систематизирано во два дела со наслови „По површината“ и „На дното“.Во заклучокот при секциското предавање Младеноски потенцираше дека присуството на Рациновиот дух во поезијата на Конески е значително, но и мошне значајно за континуитет во развојот на македонската поезија.
Research Interests:
Literacy, Literature, Literary Criticism, Hermeneutics, Identity (Culture), and 32 more
На овој меѓународен научен собир посветен на хрватско-македонските книжевни, јазични и културни врски што се одржа во Риека од 23 до 25 март 2011 година и на кој зедоа учество стотина истражувачи од Хрватска и од Македонија Младеноски... more
На овој меѓународен научен собир посветен на хрватско-македонските книжевни, јазични и културни врски што се одржа во Риека од 23 до 25 март 2011 година и на кој зедоа учество стотина истражувачи од Хрватска и од Македонија Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема „Македонско-хрватските интеркултурни релации во романот ’Вештица‘ од Венко Андоновски“ што подоцна е објавено како труд во зборник на трудови од меѓународниот научен собир. Во своето излагање авторот ги изолираше наративните сегменти од романот „Вештица“ на Андоновски што се однесуваат на допирните точки меѓу македонската и хрватската култура.
Research Interests:
На Меѓународната научна конференција „Климентовото дело“ којашто се одржа на 23 и 24 јуни 2016 година во Штип во организација на Филолошкиот факултет и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип професорите Толе... more
На Меѓународната научна конференција „Климентовото дело“ којашто се одржа на 23 и 24 јуни 2016 година во Штип во организација на Филолошкиот факултет и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип професорите Толе Белчев и Ранко Младеноски учествуваа со секциско предавање на тема „Контекстот св. Климент vs Прличев во македонската културна меморија“. Во текот на секциското предавање беше истакнато дека темата со наслов „Контекстот св. Климент vs Прличев во македонската културна меморија“ подразбира елаборација на воспоставените релации во македонската колективна културна меморија меѓу двајца мошне значајни дејци од македонската книжевна и, воопшто, културна историја ‒ св. Климент Охридски од 9 век и Григор Прличев од 19 век. Имено, при ова секциско предавање се интерпретираа неколку народни легенди и преданија во кои македонската фолклорна традиција ги поставува св. Климент и Прличев во идентичен хронотопски контекст, како и суштинските особености на „Словото за св. Климент“ (Слово за Климента) од Григор Прличев одржано во Охрид во 60-тите години на 19 век, но и на „Автобиографијата“ од Прличев. Во заклучокот од излагањето беа сублимирани резултатите од истражувањето во врска со потенцијалните причини, но и мотиви за ваквото поврзување на св. Климент и Прличев чии животи ги дели време од безмалку десет века.
Research Interests:
Cultural History, Sociology of Culture, Comparative Literature, Literature, Literary Criticism, and 30 more
На I Меѓународна научна конференција ФИЛКО што се одржа на 18 и 19 март 2016 година во Штип во коорганизација на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Филолошкиот факултет при Воронежкиот државен универзитет во... more
На I Меѓународна научна конференција ФИЛКО што се одржа на 18 и 19 март 2016 година во Штип во коорганизација на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Филолошкиот факултет при Воронежкиот државен универзитет во Русија, професорите Толе Белчев и Ранко Младеноски учествуваа со секциско предавање на тема „Металитературните сегменти во ’Театарски роман‘ на Булгаков и во ’Вештица‘ на Андоновски“. Во текот на секциското предавање беше истакнато дека станува збор за компаративна студија во која се истражуваат металитературните наративни постапки во два романи од две различни епохи и две различни култури – „Театарски роман“ на рускиот автор Михаил Афанасиевич Булгаков од 1937 година и „Вештица“ на македонскиот автор Венко Андоновски од 2006 година, како и тоа дека при споредбената анализа на двата романи особено внимание се обрнува на идентичните, односно на еквивалентните металитературни сегменти во двете нарации. Во текот на излагањето, исто така, беше појаснето дека металитературни сегменти се оние делови од нарацијата во кои се зборува за особините на книжевно-теорискиот метајазик или, поинаку кажано, тоа се раскажувачки фрагменти во кои литературата говори за карактеристиките на самата литература (структурата на книжевното дело, неговата естетска, односно уметничка вредност и слично). Станува збор, всушност, за една типична постмодернистичка постапка што се среќава во двата романи што се анализираат.
Во заклучокот од излагањето се потенцираше дека резултатите од анализите на двете книжевни дела покажуваат оти и покрај дистанцата (временска, просторна и културна), сепак, двата романи („Театарски роман“ на Булгаков и „Вештица“ на Андоновски) поседуваат идентични металитературни сегменти што, пак, од своја страна ја потврдува тезата за раскажувањето како универзална категорија.
Research Interests: