Во овој текст, се говори за почетокот на крсоносните војни. Армијата на Првиот Крстоносен поход, воените витези кои одат на аџилак во Светата Земја, ќе започнат ера на свети војни и омраза помеѓу припадниците на двете најголеми религии во... more
Во овој текст, се говори за почетокот на крсоносните војни. Армијата на Првиот Крстоносен поход, воените витези кои одат на аџилак во Светата Земја, ќе започнат ера на свети војни и омраза помеѓу припадниците на двете најголеми религии во светот, ера, која нажалост, има траги и до ден денес.
Целиот XV век се покажал како доста бурен во односите помеѓу Венеција и Османлиската Империја. Тој преставувал една симбиоза од терторијални апетити на два моќни фактори, кои се натпреварувале меѓу себе. Од една страна имаме ново зачната... more
Целиот XV век се покажал како доста бурен во односите помеѓу Венеција и Османлиската Империја. Тој преставувал една симбиоза од терторијални апетити на два моќни фактори, кои се натпреварувале меѓу себе. Од една страна имаме ново зачната Османлиска Империја која не само што успеала да одземе голем дел од европските територии, туку при самото тоа со себе донела нова религија и култура. Османлискиот продор во Европа не одел многу тешко. Благодарение на веќе прилично слабата Византија, како последица од Латините и несогласувањето на балканските деспоти, османлиското влијание успеало многу добро да се зацврсти. Спротивно на нејзе, Венеција, моќната западна колонијална сила, се обидувала на секаков можен начин да си го задржи и зголеми своето влијание во Медитеранот. Таа со години наназад важела за моќен дипломатски играч во Европа. Веќе еднаш успеала преку превезот на четвртиот крстоносен поход да се учествува во првиот пад на Византија и да стане најголема поморска сила во Средоземјето. Успехот на Османлиската Империја и нејзината желба да стане хегемон во Медитеранот се поклопил со веќе постоечките територијални претензии на Венеција. Низ целиот XV век етапно може да се забележи како до тогаш најмоќната поморска сила во Медитеранот полека почнала да го губи своето влијание, а и територии, благодарение на османлиските успеси.