Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Географија на Бугарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Географски координати : 43°00′N 25°00′E / 43.000° СГШ; 25.000° ИГД / 43.000; 25.000

Мeстоположба

[уреди | уреди извор]

Бугарија е држава која се наоѓа во југоисточна Европа, сместена на источниот и централниот дел од Балканскиот Полуостров.

Вкупната површина на земјата изнесува 110,993 км2[1], и според тоа се наоѓа на 102 место по големина во светот. Таа граничи со Црно Море на исток, со Република Грција 494 км и Република Турција граничи на југ 240, со Република Србија 318км2 , Република Македонија на запад 148 км, и со Романија на север 608 км.

Главниот град Софија е најголемиот во државата со 1.356.877 жители.

Население

[уреди | уреди извор]

Според најновиот попис, вкупното население во Бугарија е 7 928 901 жител. Густината на населеноста е 69,5/км2 жители на квадратен километар.

Според официјалните државни извори најбројни се Бугарите со 83.9% од вкупното население. По нив по бројност следуваат Турците со 9.4%, па Ромите со 4.7% и друго население, претставено со 2% (вклучувајќи Руси, Ерменци и други народи).

Климата во Бугарија е умереноконтинентална со топли лета и ладни зими. Подрачјата кои се наоѓаат на голема надморска височина имаат кратки ладни лета и долги жешки зими.

  1. Penin, Rumen (2007). Природна география на България [Natural Geography of Bulgaria] (бугарски). Bulvest 2000. стр. 18. ISBN 978-954-18-0546-6.