Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Географија на Русија

Координати: 60°N 100°E / 60° СГШ; 100° ИГД / 60; 100
Од Википедија — слободната енциклопедија

60°N 100°E / 60° СГШ; 100° ИГД / 60; 100

Физичка карта на Русија

Русија е земја која се простира на огромни пространства од Источна Европа и Азија.

Вкупната површина на земјата изнесува 17.075.400 км2 , и според тоа се наоѓа на 1. место по големина во светот. Околу 11,5 % од вкупната светска површина), покривајќи скоро двапати поголема територија од Канада, Кина или Соединетите Американски Држави.

Русија се граничи со Норвешка, Финска, Естонија, Латвија, Литванија, Полска (со последните две преку Калининградска Област), Белорусија, Украина, Грузија, Азербејџан, Казахстан, Кина, Монголија и Северна Кореја. Русија се доближува до САД, кај Беринговиот Премин. Северна и источна граница ѝ се Атлантски, Северноледен и Тихи Океан. Русија исто така има излез на Црно, Балтичко и Касписко Езеро.

Главниот град Москва е најголемиот во државата со околу 10.415.400 жители.

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот, вкупното население на Русија е околу 144.526.378 жители. Густината на населеноста е 8.3 км2 жители на квадратен километар.

На територијата на Русија се наоѓаат најразлични природни зони, од пустинските брегови на Каспиското Море до поларните ледови на Нова Земја и Новосибирските Острови. Широко застапени се степите, тајгите и тундрите. Релјефот на Русија е различен. Околу 70% од територијата на Русија е опфатен со низини. Најголема е Источноевропската Низина. На нејзината источната страна се наоѓа планината Урал со највисок врв Народнаја (1.895 м). На исток од Урал се наоѓа Западносибирската Низина, Средносибирската Висорамнина и Централнојакутската Низина.

Планинските области се наоѓаат на источниот и јужниот дел од државата, северните делови од Голем Кавказ каде се наоѓа и најголемата точка во Русија, планината Елбрус висока 5.642 м, Јужносибирските планини вклучувајќи го Алтај со највисокиот врв Белуха со 4.506 м, Западен и Источен Саја.

Климата во Русија е континентална, во северните делови умерено континентална, а на Далечниот Исток умерена. Во јужните делови е топла. Средните температури во јануари се од 0 до -5°С во европскиот дел, до -40 С и -50° С во Јакутија. Во јули температурите се од 5 С во Северен Сибир до 24-25°С во Прикасписката Низина.

Врнежи- до 2000 мм во Алтај и Северен Кавказ, до 1000 мм во Далечниот Исток, 700 мм во европските рамнини. Најголемите реки во Русија се Северна Двина, Печора, Енисеј, Лена, Индигирка, Амур, Анадир, Дон, Кубањ, Нева и други. Најголеми езера во Русија се Каспиското, Бајкал и Ладога.

Поврзано

[уреди | уреди извор]