Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Јаспер Стејвен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јаспер Стејвен
Стејвен на Тур де Франс 2019
Лични податоци
Цело имеЈаспер Стејвен
ПрекарЧоколадерот од Фландрија
Роден17 април 1992(1992-04-17)(32 г.)
Левен,  Белгија
Висина1,86 м
Маса78 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЛидл-Трек
Дисциплинадрумски и велодромски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
специјалист за класици
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2015)

Етапни трки

Трка околу Германија (2019)

Еднодневни трки и класици

Милано-Санремо (2021)
Омлоп Хет Ниусблад (2020)
Курне-Брисел-Курне (2016)
Последна промена
24 ноември 2022

Јаспер Стејвен (холандски: Jasper Stuyven; р. 17 април 1992) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лидл-Трек.[1]

Јуниорска

[уреди | уреди извор]

Стејвен имал успешна кариера како јуниор. Во 2009 година, на 17 години, го освоил Светското јуниорско друмско првенство. 2010 донеле поголем успех за Стејвен, кога го освоил еднодневните трки Париз-Рубе за јуниори и Ремушамп-Фериер-Ремушамп.

Рани години

[уреди | уреди извор]

Ја започнал својата професионална кариера на 20 години со Хагенс Берман Аксеон. Додека возел за екипата, забележал четири победи, вклучувајќи ја Волта ао Алентежо.

Трек Фактори Рејсинг (2014–денес)

[уреди | уреди извор]

Стејвен се приклучил на екипата Трек Фактори Рејсинг во 2014 година на 22 години. Во текот на сезоната возел на неговата прва голема трка, Вуелта а Еспања 2014. На трката трипати завршил на четвртото место и завршил деветти во бодовниот пласман.[2]

2015 му ја донела најголемата победа на Стејвен досега, кога ја освоил осмата етапа на Вуелта а Еспања 2015 во масовен спринт. Стејвен бил вклучен во пад претходно на етапата и бил принуден да се откаже од трката по етапата со скршена коска на дланката.[3]

Стејвен на Тур де Франс 2016

Во 2016 година ја освоил белгиската еднодневна трка Курне-Брисел-Курне, одвојувајќи се сам во последните километри.[4] Стејвен исто така го освоил петтото место на Е3 Харелбеке. Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс[5] каде ја носел точкестата маичка два дена.

Стејвен бил дел од петчлената водечка група на Париз-Рубе 2017 и завршил четврти во спринтот зад Грег ван Авермат од Ванти-Груп Гобер.[6] Возел на Џиро д’Италија 2017.[7] Стејвен завршил втор зад Силвен Дилје од Ванти-Груп Гобер откако двоецот бил дел од петчлено бегство, кое се одвоило од групата на почетокот и возеле сами 217 километри.[8] Ја завршил трката на 98. место и бил втор во бодовниот пласман зад Фернандо Гавирија од Квик-Степ Флорс.

Во 2018 година, Стејвен завршил во првите десет на многу пролетни класици, вклучувајќи го четвртото место на Омлоп Хет Ниусблад,[9] и петти на Париз-Рубе, каде бил дел од групата со Сеп Ванмарке и бранителот на титулата Грег ван Авермат.[10] На Тур де Франс бил близу победа на етапата 14, но бил претекнат на последното искачување од крајниот етапен победник Омар Фраиле, на помалку од 3 километри до целта. Во септември ја освоил ГП Валони, пред да ја освои трката во својот роден град, Левен, ГП Џеф Схеренс.[11]

Кон крајот на август, Стејвен ја освоил Трката околу Германија откако го презел водството на третата етапа.[12] Ја задржал добрата форма на есенските класици со неколку завршници меѓу првите десет, вклучувајќи две завршници на подиум на Гран при де Валони и Тур де л’Еурометропол.

Пред пандемијата на КОВИД-19 да ја наруши друмската сезона 2020, Стејвен имал силен почеток. На воведниот викенд на белгиската друмска сезона ја освоил Омлоп Хет Ниусблад, поразувајќи го сонародникот Ив Ламперт во меѓусебен спринт, пред да заврши петти на Курне-Брисел-Курне по еден ден.[13][14] Откако се вратиле трките, во август имал две петти места на Сиркуито де Гечо на 2 август и потоа на европското друмско првенство на 26 август.[15]

На 20 март, Стејвен го освоил Милано-Санремо како негова прва победа на некој монумент. На три километри до целта нападнал на подножјето на искачувањето Поџо, последното искачување на трката. Многу од главните фаворити пред трката биле колебливи да го следат, иако Серен Краг Андерсен успеал да го стигне Стејвен во последниот километар. Кога групата се доближувала до двоецот, Стејвен нападнал позади Краг Андерсен во завршните 200 метри. Иако бил на неговата граница, се одржал за победа на целта пред групата, предводена од Кејлеб Јуан пред бранителот на титулата Ваут ван Ерт.[16][17]

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Стејвен учел на Синт-Питерсколеџ во Левен. Надвор од велосипедизмот, тој и неговиот вујко Иван, искусен чоколадер, поседуваат продавница за чоколади во Бетеком наречена „Чоколадно ателје Стејвен“ отворена во 2016 година и често нуди чоколадни парчиња поврзани со велосипедизам.[18]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2009
1. Светско јуниорско друмско првенство
2. Краен пласман Џиро ди Тоскана
3. Краен пласман Три дена Ван Аксел
4. Краен пласман Кејзер дер Јуниорес
2010
1. Париз-Рубе јуниори
1. Ремушан-Фериер-Ремушан
1. Етапа 4 Три дена Оробика
3. Светско јуниорско друмско првенство
4. Краен пласман Три дена Ван Аксел
1. Етапа 3
2011
2. Париз-Рубе за млади
2012
1. Етапа 3 Класик Каскад
7. Гран при де Валони
2013
1. Краен пласман Волта ао Алентежо
1. Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 2
1. Етапа 1 Тур де Бос
3. ГП Џеф Шеренс
3. Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години
2015
1. Етапа 8 Вуелта а Еспања
2016
1. Курне-Брисел-Курне
5. Е3 Харелбеке
9. Омлоп Хет Ниусблад
Награда за борбеност на втората етапа на Тур де Франс
2017
2. Курне-Брисел-Курне
3. Краен пласман БинкБенк
1. Етапа 7
3. Национално друмско првенство
4. Париз-Рубе
5. Бриселски велосипедски класик
6. Јапонски куп
7. Трка околу Франкфурт
7. Јуроајс Класик
8. Омлоп Хет Ниусблад
2018
1. ГП Валони
1. ГП Џеф Схеренс
2. Бриселски велосипедски класик
3. Национално друмско првенство
3. ГП Квебек
3. Фландриско првенство
4. Омлоп Хет Ниусблад
5. Париз-Рубе
6. Е3 Харелбеке
7. Трка околу Фландрија
9. Гент-Вевелгем
9. Хале-Ингоигем
10. Краен пласман БинкБенк
1. Етапа 4
10. Милано-Санремо
10. Дварс дор Вландерен
10. Тур де л’Еурометропол
Награда за борбеност на етапа 14 на Тур де Франс
2019
1. Краен пласман Трка околу Германија
2. Гран При де Валони
3. Тур де л’Еурометропол
4. Класик Лондон-Сари
5. ГП Квебек
5. Бриселски велосипедски класик
6. Бинше-Шиме-Бинше
6. Гран при де Фурмје
2020
1. Омлоп Хет Ниусблад
5. Европско друмско првенство
5. Курне-Брисел-Курне
5. Сиркуито де Гечо
2021
1. Милано-Санремо
3. Париз-Тур
3. Класик Примус
4. Светско друмско првенство
4. Трка околу Фландрија
7. Краен пласман Трка Бенелукс
7. Класик Бретања
10. Дварс дор Вландерен
2022
4. Гент-Вевелгем
7. Париз-Рубе
9. Краен пласман Трка околу Данска
9. Класик Брухе-Де Пане
10. Омлоп Хет Ниусблад

Распоред на резултатите на големите трки

[уреди | уреди извор]
Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Џиро 98
Тур 99 63 43 71 39 80
Вуелта 88 СО

Распоред на резултатите на класиците

[уреди | уреди извор]
Распоред на резултатите на монументите
Монумент 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Милано-Санремо 39 10 79 1
Трка околу Фландрија 61 32 118 51 7 19 26 4 50
Париз-Рубе 55 49 39 4 5 27 НСО 25 7
Лиеж-Бастоњ-Лиеж не настапил во текот на неговата кариера
Џиро ди Ломбардија СО
Распоред на резултатите на класиците
Класик 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Омлоп Хет Ниусблад 9 8 4 40 1 83 10
Курне-Брисел-Курне 1 2 11 5 22 15
Е3 Харелбеке СО 5 СО 6 58 НСО 14 15
Гент-Вевелгем 46 9 17 38 4
Дварс дор Вландерен 33 20 10 14 НСО 10
Класик Бретања 47 СО 7
Гран при Квебек 50 18 3 5 НСО 76
Гран при Монтреал 12 14 14 29 62
Париз-Тур 37 101 3

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Распоред на резултатите на првенства

[уреди | уреди извор]
Настан 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Светски првенства Друмска трка 24 89 СО 4
Европски првенства Друмска трка не постоела 12 5
Национални првенства Друмска трка 6 СО 3 3 23 55 8 63

СО = се откажал; — = не учествувал

  1. „Trek - Segafredo“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2 January 2021. Посетено на 2 January 2021.
  2. „Jasper Stuyven's star sparkles in Vuelta“. www.flanderstoday.eu. Архивирано од изворникот на 2018-03-31. Посетено на 2020-03-05.
  3. Бенсон, Даниел (29 август 2015). „Vuelta a España: Stuyven wins stage 8“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 1 септември 2015.
  4. „Стејвен ја освои Курне-Брисел-Курне“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 28 февруари 2016. Посетено на 1 март 2016.
  5. „2016 > 103rd Tour de France > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 30 јуни 2016.
  6. „Van Avermaet wins Paris-Roubaix“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 9 април 2017. Посетено на 9 април 2017.
  7. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 мај 2017.
  8. Виндзор, Ричард (2017-05-11). „Silvan Dillier pips Jasper Stuyven to Giro d'Italia stage six victory after colossal breakaway“. Cycling Weekly (англиски). Посетено на 2020-03-05.
  9. „Jasper Stuyven“. Посетено на 15 мај 2014.
  10. „Peter Sagan wins Paris-Roubaix“. Cycling News.com. 8 април 2018. Посетено на 8 април 2018.
  11. „Jasper Stuyven wint GP Jef Scherens“. VTM Nieuws. 16 септември 2018. Архивирано од изворникот на 2018-09-16. Посетено на 16 септември 2018.
  12. Ostanek, Daniel (1 September 2019). „Jasper Stuyven wins Deutschland Tour“. CyclingNews. Посетено на 21 March 2021.
  13. „Jasper Stuyven wins Omloop Het Nieuwsblad“. CyclingNews. 29 February 2020. Посетено на 21 March 2021.
  14. „Kasper Asgreen wins Kuurne-Brussel-Kuurne“. CyclingNews. 1 March 2020. Посетено на 21 March 2021.
  15. Benson, Daniel (1 March 2020). „European Championships: Nizzolo wins elite men's road race title“. CyclingNews. Посетено на 21 March 2021.
  16. „Stuyven surges on run-in to win Milan-San Remo“. CyclingNews. 20 March 2021. Посетено на 21 March 2021.
  17. „Milano-Sanremo: Jasper Stuyven surprises the favorites with late solo dash“. VeloNews. 20 March 2021. Посетено на 21 March 2021.
  18. Fletcher, Patrick (14 May 2020). „A life outside cycling: Jasper Stuyven the chocolatier“. CyclingNews. Посетено на 21 March 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]