Венера (божица)
Изглед
Венера е римска божица на пролетта и заштитничка на градините, а подоцна и божица на убавината, љубовта и животот. Таа се родила на Кипар, од морска пена.[1] Венера била сопруга на богот Вулкан и мајка на Купидон (Амур). Таа го изневерила Вулкан со Марс и со Адонис, Анхиз. Согласно митот, од љубовната врска со тројанецот Анхиз, Венера го родила јунакот Енеј.
Култот на Венера
[уреди | уреди извор]На божицата Венера ѝ била посветено растението мирта.[2]
Во другите митологии
[уреди | уреди извор]- Венера во старогрчката митологија е позната како Афродита.
- Библија е името со кое Феникијците го означувале ова божество. На Библија ѝ бил посветен грандиозен храм во градот Библо.
Венера во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Венера, како симбол на убавината, често се јавува како инспирација и тема во уметноста и во популарната култура.
Венера како мотив во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Црната Венера“ - книга на англиската писателка Анџела Картер.[3]
- „Венера од Арле“ - книга на францускиот поет Теодор Обанел.[4]
- „Рацете на Венера“ - збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1936 година.[5]
- „Дворскиот шут и Венера“- песна во проза на францускиот поет Шарл Бодлер.[6]
- „Илска Венера“ (La Vénus d’Ille) - новела на францускиот писател Проспер Мериме од 1837 година.[7]
Венера како мотив во музиката
[уреди | уреди извор]- „Венера како момче“ (англиски: Venus As A Boy) — песна на исландската поп-музичарка Бјорк (Björk) од 1993 година.[8]
- „Венера во крзно“ (англиски: Venus in Furs) — песна на американската рок-група „Велвет андергаунд“ (Velvet Underground) од 1966 година.[9]
- „Милоската Венера“ (англиски: Venus de Milo) — џез-композиција на Џери Малиган (Gerry Mulligan) од 1949 година.[10]
- „Милоска Венера“ (англиски: Venus De Milo) — песна на американскиот поп-музичар Принс (Prince) од 1986 година.[11]
- „Венера“ (англиски: Venus ) — песна на американската рок-група „Телевижн“ (Television) од 1977 година.[12]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Objašnenja“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 106.
- ↑ „Objašnjenja“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 107.
- ↑ Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 31.
- ↑ Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 16.
- ↑ „Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.
- ↑ Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 21-22.
- ↑ Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, Kolomba. Beograd: Rad, 1963, стр. 139.
- ↑ Discogs, Björk – Debut (пристапено на 10.8.2020)
- ↑ YouTube, velvet underground - venus in furs (пристапено на 19.9.2019)
- ↑ Miles Davis, Birth of the Cool. Capitol Jazz, CDP 7 92862 2, 1989.
- ↑ DISCOGS, Prince And The Revolution – Parade (пристапено на 18.3.2018)
- ↑ DISCOGS, Television – Marquee Moon (пристапено на 17.5.2021)
|