Викентиј (српски патријарх)
Викентиј Патријарх на Србија | |
---|---|
Српски патријарх | |
На должноста 1950 – 1958 | |
Претходник | Гаврило |
Наследник | Герман |
Лични податоци | |
Роден(а) | 23 август 1890 Бачко Петрово Село |
Починал(а) | 5 јули 1958 Белград |
Националност | Србин |
Професија | Митрополит на Српска православна црква |
Вероисповед | Православен христијанин |
Викентиј Српски или Витомир Проданов (23 август 1890 во Бачко Петрово Село - 5 јули 1958 во Белград) бил српски патријарх во периодот од 1950 до 1958 година.
Роден како Витомир Проданов, во 1917 година се замонашил а во 1921 заминал во манастир во Карловачката митрополија. Во 1929 година се запишал на филозофскиот факултетот во Белград. Во 1932 година бил избран за марчански епископ, во 1939 година за Злетовско-струмички а во 1940 година станал и администратор на Охридско-битолската епархија.
Со започнувањето на Втората светска војна во 1941 година бугарските фашисти го протерале од Штип. По крајот на војната тој не се вратил во Македонија бидејќи била формирана Македонската православна црква. Во периодот од 1947 до 1951 година бил администратор на Сремската епархија.
Во 1950 година бил избран за патријарх на Српската православна црква и на оваа функција се задржал до неговата смрт до 1958 година.
|